Економија
Македонските иновации недоволно вреднувани
Поголемо афирмирање на иновациите на меѓународните пазари, вреднување на трудот на иноваторите, како и банките повеќе да ги вреднуваат во одвојување на средствата и кредити бидејќи самиот бизнис е гаранција.
Ова се дел од забелешките кои ги искажаа иноваторите на деловниот форум „Вреднување на иновациите и авторските дела во Македонија“.
„Најбитното во вреднувањето е дека сеуште банките немаат доволно слух за проектите и иновациите како соодветна залога за користењето на кредити бидејќи бараат дуќани на поволни места и само такви ги признаваат за гаранции што е пропуст и грешка. Важно е бизнисот да гарантира враќање на средствата, а не недвижностите“, рече Љубомир Ракиџиев, претседател на здружението „Еснаф“.
Тој додаде дека иновациите не се вреднуваат со капиталот и проценките, според здружението проблем претставува и недоволното внимание на иноваторите преку нивниот труд и дека многу малку на меѓународен план е афирмиран македонскиот иноватор.
Мите Костов, претседател на координативното тело за заштита на интелектуална сопственост изјави дека во делот на софтвери се стабилизира состојбата односно 85 отсто се користи лиценциран софтвер, но во делот на индустриската сопственост и авторските права треба да се работи.
„Досегашната пракса кажува дека бизнис секторот не е доволно заинтересиран бидејќи нашите иновации не се доволно афирмирани не се доволно препознатливи и јавни. Применливоста е главен критериум за прифаќање на иновациите доколку на тој начин се намали трошокот на фирмите тогаш бизнис заедницата сигурно ќе вложи во тие решенија“, рече Лазо Ангелевски, од Стопанска комора на Македонија.
Во моментов во Македонија има околу 10.000 се иновации и околу 12.000 иноватори. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

