Економија
Опозицијата обвини за ниски откупни цени на тутунот
Откупот на тутунот е една од главните теми за кои се дискутираше денеска на седницата посветена за пратенички прашања.Опозицијата обвини за ниски откупни цени и негрижа од страна на власта за статусот на тутунарите, додека пак од владата објаснија дека цената на тутунот со текот на откупот ќе расте, но и дека соодветно ќе се контролира откупот од страна на државата.„Јас знам дека вие немате намера тутунарите да добијат просечна цена од 192 денари, бидејќи тоа не може да се случи со комбинат кој има загуби од над 30 милиони евра и директор кој се вози со возило од 200.000 евра и нето плата од 1.500 евра. Поради вашата погрешна политика, која ја спроведувате последните четири години, дојде ден да, покрај лекарите, лозарите на ред тука денеска дојдоа и тутунопроизводителите. Изговорите, манипулациите од ваша страна за уништувањето на млекопроизводството и катастрофалниот откуп на грозје оваа година на сите им се добро познати. Значи, оваа група, тутунопроизводителите, се работи за многубројна социјална категорија, комплетната егзистенција е од тутунот“, рече Горан Сугаревски, пратеник од СДСМ.
„Ова не ви го зборам затоа што само сум слушнал за ова. Еден од моите родители е од Демир Хисар, така да јас сум нижел тутун 10 години. Значи, како што оди сезоната, откупната цена ќе се качува, бидејќи поквалитетните сорти ќе се предаваат. Секогаш, традиционално, најголемиот откуп е во јануари и тогаш се постигнуваат највисоките цени и дури тогаш ќе можеме да збориме за просекот“, рече вицепремиерот Владимир Пешевски, задолжен за економски прашања.
Тој, исто така, објасни земјоделската инспекција на терен веќе го контролира откупот на тутунот во сите 180 откупни пунктови. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

