Економија
Само 29.4 отсто од жените се вработени
Стапката на вработеност кај жените во 2009 била 29.4%, споредено со 47.5% кај мажите, покажуваат последните податоци кои неодамна ги издаде Државниот завод за статистика.
Стапката на вработеност кај жените во 2009 била 29.4%, споредено со 47.5% кај мажите, покажуваат последните податоци кои неодамна ги издаде Државниот завод за статистика.Истите анализи покажуваат дека само една од пет работодавци е жена, односно дека жените учествуваат со 22% во работодавците во Македонија. Во моментот Македонија нема ниту една жена градоначалник.
Од НВО „Реактор“ по повод 100 годишнината од одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, порачуваат дека родовата еднаквост во Република Македонија е далеку од реалност.„Иако во последните децении се преземени значителни напори за нејзино промовирање, сепак родовата нееднаквост сè уште преовладува, најчесто на штета на жените. Сé уште постои диспропорција меѓу правно загарантираната и реално остварената еднаквост меѓу жената и мажот во Македонија. Сé уште многу треба да се направи за да се елиминираат стереотипите кои постојат, да се зголеми бројот на жени на раководни функции, да се намали бројот на невработени и неактивни жени“, порачуваат од „Реактор“.Според нивното истражување спроведено минатата година, жената е ставена во неповолна состојба на пазарот на труд. Жените сè уште се соочуваат со хоризонтална и со вертикална сегрегација, а најголемиот дел од нив и натаму се вработуваат во секторите во кои традиционално работат жени и кои вообичаено се помалку ценети и вреднувани. Освен тоа, тие главно се вработени во пониските ешалони на организационата хиерархија.„Две третини од жените (62%) сметаат дека домашните задолженија им ја скратуваат слободата. Повеќето жени (51,3%) сметаат дека не е нормално мажите помалку да учествуваат во домашните обврски, меѓутоа сé уште за една третина (31,2%) од испитаничките, тоа е нормално“, покажува истражувањето.За подобрување на положбата на жената во општеството тие констатираат дека родовата еднаквост може да се постигне само со јасна решителност на највисоко политичко ниво.„Владата мора прво да ја промовира родовата еднаквост во сопствените редови. Дополнително, за да се постигне напредок во клучните области идентификувани со нашето истражување, допрва е потребно подобро владеење и соработка на сите нивоа: меѓу институциите, Собранието, општините, социјалните партнери и граѓанското општество“, се вели во соопштението на „Реактор“.Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Жените и економијата“, финансиски поддржан од Европската Комисија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (EIDHR)./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

