Економија
Јовановски:Владата да ја намали или укине акцизата за нафтените деривати
Владата привремено да ја намали или укине акцизата или алтернативно, привремено да воведе нова, пониска стапка на ДДВ за нафтата и нафтените деривати, предложи денеска опозицискиот СДСМ.
Владата привремено да ја намали или укине акцизата или алтернативно, привремено да воведе нова, пониска стапка на ДДВ за нафтата и нафтените деривати, предложи денеска опозицискиот СДСМ.
Според Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ, ваквите мерки ги барало и ВМРО-ДПМНЕ во август 2005. година, кога било во опозиција.
Од СДСМ алармираат дека во државниот Буџет ќе се слеат непланирани екстра приходи, бидејќи во октомври минатата година, кога Владата го усвоила буџетот за 2011 година и со тоа предвиде колку пари очекува да влезат во него, светската цена на суровата нафта беше 83 долари за барел, а сега е преку 100 долари за барел.
„Јасно ни е дека Владата би сакала оваа ситуација да потрае и таа на грбот на граѓаните да дојде до повеќе пари за трошење. Но, поскапувањето на бензинот не е било какво поскапување. Тоа може да предизвика бран на нови поскапувања на сите производи. Затоа итно мора нешто да се преземе“, рече Јовановски.
Тој додаде дека екстра приходите може да се вратат кај граѓаните преку привремено зголемување на социјалната помош. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

