Економија
Меѓународен саем за Мебел

Меѓународниот саем за Мебел 2011 ќе биде отворен денеска на Скопски саем, а посетителите ќе можат да ги посетат халите до 27. март.
Меѓународниот саем за Мебел 2011 ќе биде отворен денеска на Скопски саем, а посетителите ќе можат да ги посетат халите до 27. март.На саемот ќе учествуваат 140 директни домашни и 14 странски изложувачи од Турција, Грција, Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, а за првпат оваа година ќе учествува и Косово преку Кластерот на дрвна индустрија. На саемот ќе бидат претставени и над 600 индиректни изложувачи и групно учество на 10 компании од Турција.„Интересот за учество на домашни производители на мебел е зголемен за 20 отсто, што зборува за големината и популарноста на оваа саемска манифестација“ – вели Магдалена Хамбова од Скопски Саем.Саемот ќе се одвива во сите пет изложбени хали и во надворешниот простор, што според организаторите претставува рекорд во исполнување на целокупниот изложбен просторВо рамките на Мебел 2011 на 25 март, Скопски саем ќе биде домаќин на состанокот на Алијансата на саемската индустрија на Централна Европа – ЦЕФА.Во рамките на саемската манифестација, на 24 и на 25 март ќе се одржи и семинар – проект на Европската унија наречен „Европската безбедност и здравје на работа во индустријата за мебел и преработка на дрво“ на која предавач ќе биде Претседателот на Кластерот на дрвна индустрија на Европа, Барт Де Турк.Во среда во 19 часот и 30 минути ќе бидат доделени традиционалните награди за најдобри производители и трговци на мебелСаемот за Мебел ќе го отвори вицепремиерот Абдулаќим Адемиутре во 11 часот, кога ќе бидат прогласени и добитниците на конкурсот наменет за млади дизајнери, студенти и архитекти под наслов „Дизајнирање на елементи за седење“. /крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.