Економија
Калеников реизбран за претседател на ССК

Државата да ги субвенционира каматните стапки односно тие да не бидат повисоки од референтната стапка на Народната банка, изборите да не влијаат врз економијата, да се подобрат законите и да се исплатат долговите кон стопанството.
Државата да ги субвенционира каматните стапки односно тие да не бидат повисоки од референтната стапка на Народната банка, изборите да не влијаат врз економијата, да се подобрат законите и да се исплатат долговите кон стопанството.Ваква порака упати денеска Златко Калеников, кој на редовното годишно собрание на Сојузот на стопански комори (ССК), беше реизбран и во наредните две години повторно ќе биде претседател на Комората.„Кредитите наменети за стопанството да не бидат повисоки од референтната каматна стапка на Народната банка, доколку фирмите добијат камата од 4,5 би можеле да имаме економски раст не од 3,5 отсто туку раст за оваа година од пет отсто“, рече претседателот на ССК.Калеников ја поздрави и одлуката на Владата за повлекување на средствата од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во висина од 220 милиони евра бидејќи овие средства се со еден отсто годишна камата и ќе се одложи издавањето на еврообврзница.„Овие избори не треба економски да ги почувствуваме бидејќи се вонредни избори и не смее да се дозволи за време на предизборни кампањи повторно да има неликвидност во приватниот сектор како што беше случајот во август и септември минатата година“, рече Калеников.Тој додаде дека законот за пушење и ригорозен и контрадикторен бидејќи дозволува пушење само на отворено, а во зима не е дозволено локалите да имаат поставено тераси.„Законите мора да живеат ние не сме идеална земја, немаме идеална администрација и идеални правници, мора искуството од реалниот сектор да живее во законите и во нивните амандмани бидејќи влијае врз стопанството“, посочи претседателот на ССК.Тој додаде дека оваа или идната влада треба да сфати дека бизнис секторот е тој што ја носи Македонија напред и без него не би можело да имаме економски раст или експанзија, која ја чекаме веќе 20 години.Според податоците од ССК малите и средни претпријатија вработуваат 78 отсто од вкупниот број на вработени во Македонија. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Министерката Димитриеска-Кочоска ќе учествува на 4. меѓународна конференција за финансирање на развојот во Севилја

Министерката за финансии Гордана Димитриеска- Кочоска заедно со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија.
Министерката Димитриеска-Кочоска ќе се обрати на Тркалезна маса „Leveraging private business and finance“ во рамки на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља.
На Конференцијата, на којашто е најавено учество на педесетина шефови на држави и влади, министри, претставници на меѓународните организации, на бизнис заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен „Договорот од Севиља“.
Целта на лидерскиот собир е изнаоѓање на решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор.
Во рамки на посетата, предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да одржи билатерална средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, а на средбата ќе присуствува и министерката Димитриеска -Кочоска.
Економија
Гувернерот Славески се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД: истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки

Во рамките на 95-тото генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) во Базел, Швајцарија, гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, се сретна со претседателот на Федералните резерви на САД (ФЕД), Џером Пауел.
На средбата беше истакната важноста на зачувувањето на независноста на централните банки како основа за ефикасна монетарна политика, насочена кон ценовната и финансиската стабилност. Се разменија мислења за светските предизвици и за потребата од соработка помеѓу централните банки, соопшти Народната банка.
Гувернерот Славески ја нагласи важноста на постојаната комуникација со водечките монетарни институции и на размената на искуства како значаен придонес за стабилен и отпорен финансиски систем.
Економија
Манасиевски: Македонија ќе стане транзитен центар за гас и нето извозник на струја

„Од држава што увезуваше струја и беше енергетски слепо црево, сега стануваме транзитен центар за гас и иднина на извоз на енергија – ова е енергетиката со ВМРО-ДПМНЕ,“ порача денеска Валентин Манасиевски.
Манасиевски го презентираше прегледот на првата година работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во секторот енергетика, потенцирајќи дека е направен радикален пресврт по, како што рече, „седум години застој и злоупотреби“.
Тој најави дека преку новите гасни интерконектори со Грција и Србија, Македонија ќе стане клучна транзитна точка за пренос на природен гас кон Србија и Средна Европа. Станува збор за гас од ТАП гасоводот и од терминалот во Александропулис, кој ќе поминува низ земјава со капацитет до 3 милијарди нормални метри кубни годишно.
„Ова значи гаранција за енергетска диверзификација на целиот регион и значително зголемување на употребата на неруски гас – американски, азербејџански и друг“, изјави Манасиевски.
„Само за една година поставивме темели за Македонија од нето увозник да стане нето извозник на електрична енергија. Следуваат големи проекти за производство на струја – фотоволтаици, хидро, ветро и нови инвестиции,“ рече Манасиевски.
Тој посочи дека новиот Закон за енергетика го поставува секторот на стабилни нозе, а новиот услов за батериски системи кај фотоволтаичните централи ќе овозможи поефикасна и стабилна мрежа.
Дополнително, тој информираше дека е инсталиран нов 400kV трансформатор во Битола 2, со што се гарантира стабилноста на југозападниот дел од државата. Концесискиот надомест за рудниците, пак, е зголемен два и пол пати, што директно го полни буџетот на државата.
„Одговорна власт значи повеќе пари за државата, не за партиски џебови“, истакна Манасиевски.