Економија
ММФ предупредува дека нафтата станува сè понедостапна и поскапа

Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предупреди дека државите треба да се подготват за намалување на доставите на нафта, што може да доведе до експлозии на цените со растот на побарувачката, посебно во земјите во развој.
Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предупреди дека државите треба да се подготват за намалување на доставите на нафта, што може да доведе до експлозии на цените со растот на побарувачката, посебно во земјите во развој. „Упорното зголемување на цените на нафтата во последната декада покажува дека светските нафтени пазари се навлезени во период на засилен недостиг(на суровината)“, се посочува во извештај на ММФ за светската економија. „Зголемениот недостиг се должи на континуираните разлики меѓу брзиот раст за побарувачка на нафта во економиите во развој и надолната тенденција на доставките на нафта“, сметаат од ММФ. „Ако разликите се зголемат, дали заради поголемата побарувачка, вообичаените проблеми со доставата, или забавениот раст на капацитетите за достава, пазарот може да стане сведок на пикови на цените како во 2007-2008. година“, се вели во извештајот на светската монетарна организација. Во рамки на шест месеци до јули 2008. година цените на нафтата скокнаа двојно, достигнувајќи рекордна цена од 147 долари за барел на берзите во Њујорк и Лондон. /крај/афп/фк/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Македонија го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции

Македонија го достигна највисокото ниво на странски директни инвестиции, во 2024 година регистрирани 1 милијарда и 255 милиони евра, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи дека ја добил веста на пат кон Турција и средбата со претседателот Ердоган.
„Во 2024 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 1 милијарда и 255 милиони евра, а растот во последниот 4ти квартал на минатата година од цели 400 милиони евра што за Македонија и регионот е најдобар економски резултат“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
Додаде дека успехот особено го радува оти затекнале економски пустош.
Економија
Казни од 500 до 10.000 евра, па и затворање на маркетите: Дурмиши најави контрола на над 1.000 трговски објекти

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска одржа прес-конференција, на која информира за мерките што ги донесе Министерството за економија и труд со цел заштита на стандардот на граѓаните.
Министерството за економија и труд и Владата континуирано носат мерки и креираат политики со цел заштита на стандардот на граѓаните, намалување на цените на основните прехранбени производи и стабилизација на инфлацијата. На почетокот на оваа недела Собранието на предлог на група пратеници ги изгласа измените на Законот за заштита на потрошувачите, информира Дурмиши.
Со овие измени трговците, појасни тој, почнувајќи од средината на април, ќе имаат задолжителна обврска да ги објават цените на сите производи на своите интернет-страници.
„Законот, кој очекуваме деновиве да биде објавен во ‘Службен весник’ предвидува во рок од 45 дена од денот на влегувањето во сила трговците на своите веб-страници да ги објават цените на сите производи што ги продаваат во своите продавници“.
Според него, во наредните 10 дена ќе бидат објавени и правилниците, кои ќе пропишуваат на кој начин ќе се објавуваат цените од страна на трговците.
Со овие законски измени Дурмиши очекува поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкуретност и намалување на цените.
Граѓаните, вели тој, сега ќе може да изберат каде ќе ги трошат своите пари, ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава.
Според него, ваквата мерка ќе донесе до зголемување на конкурентноста помеѓу трговците и намалување на цените на производите. Потрошувачите ќе бидат целосно информирани за тоа кој производ кај кој трговец колку чини.
Овој закон, како што појасни, се однесува на мали, средни и на големи трговци, со што е исклучуваат микротрговците и трговците поединци, односно маалските дуќани.
Потсети дека законската измена следува откога минатата недела Владата по предлог на Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на маржите на 102 групи основни прехранбени производи и средства за хигена и ограничување на цените на 8 групи на најосновни прехранбени производи.
Двете мерки веќе се во сила и ќе траат заклучно со 30 април, односно ќе бидат опфатени и двата празника, Рамазан и Велигден.
„Државниот пазарен инспекторат е на терен и инспекторите постапуваат по одлуката дали маркетите ги усогласиле своите цени на полиците.
До крајот на оваа недела е предвидено да се направи надзор на над 1.000 трговски објекти во државата по што Државниот пазарен инспекторат ќе излезе со податоци за евентуално непочитување од страна на одредени маркети.
Казните се движат од 500 до 10.000 евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена. Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек околу 10 %, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните“, истакна Дурмиши.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,46 п.п., при што во јануари таа изнесува 2,18%.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,34 п.п. и изнесува 5,21%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.