Економија
Проект на УСАИД за енергетска ефикасност на згради

Вкупно 750.000 евра донираше УСАИД во реконструкција на три згради, во Куманово и во скопските населби Чаир и Автокоманда со цел подобрување на нивната енергетска ефикасност.
Вкупно 750.000 евра донираше УСАИД во реконструкција на три згради, во Куманово и во скопските населби Чаир и Автокоманда со цел подобрување на нивната енергетска ефикасност.Проект менаџерот во УСАИД, Маргарета Липковска Атанасов изјави дела зградите кои биле реновирани со средства на УСАИД биле избрани според неколку критериуми.„Основниот критериум при изборот на зградите беше станарите да користат различен систем на греење, централна енергија, електрична енергија и мешавина на електрична енергија и дрва. Другиот важен критериум беше населението во поголема мера да биде со ниски примање, односно околу 75 проценти од просечната плата“, рече Липковска.Главна цел на проектот е да покаже дека инвестициите во енергетски ефикасни надградувања можат значително да ја намалат потрошувачката на енергија и трошоците на семејствата со ниски приходи во Македонија. Американскиот амбасадор Филип Рикер истакна дека овој вид на проекти, меѓудругото помага и за креирање на нови работни места.„Енергетски ефикасните надградувања се трудо-интензивни и можат да генерираат значителен број на нови работни места во сродните индустрии“, истакна Амбасадорот Рикер. Министерот за економија Фатмир Бесими ја искористи можност да се заблагодари за донацијата, наведувајќи дека владата има континуирана соработка со УСАИД, особено во областа на енергетиката.„Македонија со овој проект добива од повеќе аспекти, заштеда на електрична енергија, од аспект на животната средина, од социјален аспект и од економски аспект, за тоа што се вклучуваат локални компании во реконструкција на зградите“, рече Бесими. Тој најави дека овој проект наскоро треба да продолжи во седум општини: Карпош, Тетово, Куманово, Струга, Прилеп, Велес и Струмица. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати

Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија.
Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини, неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник, непочитување на мерките за заштита на животната средина, пренесување на концесијата на друг субјект без согласност и експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел.
Од Министерството информираат дека во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија.
МЕРМС води и регистар на одземени концесии и тој од следниот период поради поголема транспарентност ќе биде јавно објавен на сајтот на министерството.
Министерката Сања Божиновска истакна:
„Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. “
Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот