Економија
Доделени првите решенија за легализација на дивоградби
Премиерот Никола Груевски денеска ги додели првите 18 решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Гази Баба.
Премиерот Никола Груевски денеска ги додели првите 18 решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Гази Баба.Според него, ова претставува заокружување на еден процес на затварање на категоријата сопственост.„Мило ми е што сум учесник во овој закон, што сум еден од оние кои што на граѓаните им ги врачува решенијата затоа што јас сум и првиот кој што на првите граѓани им ги врачи решенијата за денационализација. Како и денационализацијата, враќањето на заробените девизи, давањето на можноста граѓаните да си ги откупат дворните места за едно евро од квадрат, така и овој процес на легализација на дивоградбите, како и најновата мерка на владата со која компаниите по многу пристапни цени можат да го откупат земјиштето под објектите, е во процес на заокружување на категоријата сопственост“ – изјави ГруевскиСпоред градоначалникот Тони Трајковски, на територија на општина Гази Баба има околу 8 000 бесправно изградени објекти. До сега во општината се пристигнати 1 965 барања за легализација, а 110 се во процедура.Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека процесот за легализација се одвива според очекуваното и потсети дека рокот за доставување на документите за легализација на бесправно изградените објекти е до 3 септември оваа година.Постапката за легализација се започнува со три документи, уверение за државјанство или копија од лична карта, доказ за приклучок на комунална инфраструктура и геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект со имотен лист на земјиштето.Уште една олеснителна околност е воведувањето на прекинување на постапката. „Доколку со барањето не се поднесат потребните документи, може дополнително да се достави во рок од 6 години, по што постапката за легализација ќе продолжи и при одлучувањето ќе се земат предвид сите доставени документи“ – рече Јанакиески.Надоместокот за легализација е едно евро од метар квадратен, а овој надоместок на општините може да се подмири и на 12 еднакви месечни рати.По издавањето на решението со кое се легализира објектот, општината е должна во рок од 6 месеци да издаде урбанистичка согласност, а во рок од 5 години да ја донесе урбанистичко – планската документација со која ќе се изврши вклопување на бесправно изградените објекти.Објектите кои нема да бидат легализирани во рокот предвиден со законот ќе бидат третирани согласно Законот за градење. крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

