Економија
Градежните дозволи најголем проблем за странските инвеститори

Македонија ако сака да привлекува странски инвестиции треба да го смени пристапот за вадење на градежни дозволи, влезот на странска работна сила и имплементација на нови закони.
Македонија ако сака да привлекува странски инвестиции треба да го смени пристапот за вадење на градежни дозволи, влезот на странска работна сила и имплементација на нови закони.
Ова беше истакнато од УНКТАД, организација на Обединетите Нации задолжена за трговија и развој која го презентираше „Извештајот за инвестициона политика на Македонија и Програмата за поттикнување на инвестиции 2011-2014“.
Калман Калотај од Секторот за извештаи за инвестициона политика при УНКТАД смета дека позитивни фактори за Македонија во делот на привлекување на странски инвестиции се политичката и макроекономската стабилност, процесот за евроинтеграција, конкурентните работни трошоци и мотивираната работна сила.
„Од друга страна има други фактори кои ги ограничуваат странските директни инвестиции, некои од нив не можат да се сменат, како малата економија, а некои од факторите кои би можеле да бидат сменети во иднина се проблемите во деловната средина, како на пример пристап до дозволи за изградба, вработување на работна сила и ефикасна имплементација на одредени нови закони“, рече Калотај.
Чантал Дупаске, раководител на секторот за извештаи за инвестициона политика при УНКТАД и порача на Македонија да се фокусира кон договорите за градба и регулативата за вработување, бидејќи ова се проблемите кои го кочат патот во привлекување на директни странски инвестиции.
„Програмата за Привлекување инвестиции за периодот од 2011 до 2014“ е изработена по барање на Министерството за економија од страна на УНКТАД и ГТЗ, германско друштво за трговска помош. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.