Економија
ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и ЛДП имаат потрошено повеќе пари за кампања
Коалицијата предводена од страна на ВМРО – ДПМНЕ и партиите ЛДП, ДУИ и ДПА имаат потрошено многу повеќе средства од сметката, од оние што ги имаат обезбедено со приливите
Ова е констатацијата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), по доставувањето на финансиските извештаи за состојбата на сметките кои наменски се отворени од страна на организаторите на изборните кампањи за реализација на предизборните активности.„ДУИ, од донации на седум лица, обезбедиле 1.150.000 денари , а потрошени се 4.342.270 денари; ДПА, од донации на 10 лица, обезбедиле 608.000, а потрошиле 1.022.423 денари, ЛДП од донации на лица има обезбедено 275.000 денари, а за кампањата потрошени се 2.322.240 денари, и на крај, коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, од донации на 130 физички лица и едно правно лице, обезбедиле 7.950.000, а потрошени се 103.054.161 денари“, образложи претседателот на ДКСК, Воислав Зафировски.Овие констатации, како што посочи тој нудат можност за анализи кои Комисијата ќе ги направи по завршувањето на изборната кампања и оти тоа ја мотивирало да ја афирмира потребата од доуредување на изборната легислатива, со обврска која би се ставила во Изборниот законик, наменските сметки за изборните кампањи да се затвараат еден ден по завршувањето на изборната кампања.ДКСК, како што информираше Зафировски, побарала дополнителни информации за кредитот со кој коалицијата предводена од СДСМ ја финансира изборната кампања, а е пријавен во рубриката донација, со цел да се констатира со колкав износ кредиторот, во случајов Комерцијална банка АД Скопје ја донира изборната кампања на коалицијата.Само Социјалдемократската Унија во својот извештај има прикажано прилив на средства од членарина, што согласно Изборниот законик е прво означен извор за финансирање на изборната кампања.Исто така само една партија, Национално демократската преродба во прилог на извештајот ги доставила расходните банкарски изводи. Иако тоа не е законска обврска ДКСК смета дека треба да има увид во приходите и расходите во банкарските изводи.Во однос на донациите, кои се носечки извори на средства за изборната кампања, во извештаите се прикажани донаторите, физички и правни лица. За одбележување е како што рече Зафировски тоа што во принцип сите прикажани донации, според износите се во согласност со законскиот лимит за донирање на изборните кампањи – до 5.000 евра донација од физичко лице, додека за правните лица комисијата треба да направи дополнителни проверки, за тоа дали нивните донации се во висина до 5 отсто од остварениот вкупен приход во текот на изминатата година.Само на сметката на ДУИ на 5-ти и 6-ти мај, од две физички лица е уплатена донација во износ од 775.000 денари, што го надминува законскиот лимит. ДКСК ги повика ДУИ износот што го надминува законскиот лимит на донација од физичко лице, односно износ од 162.000 денари, итно да го префрлат на сметката на Буџетот, бидејќи рокот за тоа да го сторат е истечен на 10 мај и за тоа да ја извести Комисијата. Зафировски посочи за во делот на расходите по основ на платено политичко рекламирање во електронските медиуми, дека ќе се побараат податоците од Совет за радиодифузија.ДКСК ќе им укаже на сите забелешки на партиите и ќе побара уредните финансиски извештаи ставени во образецот пропишан од министерот за финансии да го достават до денот на завршувањето на изборната кампања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

