Економија
Акциите на Комерцијална банка и Алкалоид ја раздвижија берзата
Вкупен промет од 18.520.414,70 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 18.006.499,70 денари беа реализирани на Официјалниот, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 513.915,00 денари.
Вкупен промет од 18.520.414,70 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 18.006.499,70 денари беа реализирани на Официјалниот, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 513.915,00 денари. Индексот МБИ10 се намали за 0,23% и изнесуваше 2.660,16 поени. МБИД се зголеми за 0,10% и изнесуваше 2.682,15 поени, додека ОМБ се зголеми за 0,01% и изнесуваше од 117,38 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 6.454.633,00 денари по просечна цена од 3.900,08 денари .Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со која беше остварен 5.724.000,00 денари промет по просечна цена од 4.500,00 денари.Трета беше акцијата на Гранит АД Скопје со остварени 1.689.790,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 612,91 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М осма емисија . Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 88,60% и беа остварени 1.764.387,29 денари. На Редовниот пазар со класично тргување најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Раде Кончар АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 85.330,00 денари, по просечна цена од 1.855,00 денари по акција. Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Алкалоид АД Скопје3. Обврзница за денационализација на Р.М осма емисија4. Гранит АД Скопје5. Обврзница за денационализација на Р.М десетта емисијаХартии од вредност со најголем раст1. ТТК банка АД Скопје 9,91%2. Раде Кончар АД Скопје 3,00%3. Тиквеш АД Скопје 2,59%4. Топлификација АД Скопје 2,45%5. Стопанска банка АД Скопје – приоритетни акции 1,66%Хартии од вредност со најголем пад1. Агро тиквеш АД Кавадарци 37,50%2. РЖ Услуги АД Скопје 5,76% 3. Охридска банка АД Охрид 2,62%4. Реплек АД Скопје 2,30%5. Комуна АД Скопје 2,11%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата.
На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем со капацитет од 300 MWh.
„ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор. На средбата се усогласивме околу финализацијата на неколку стратешки проекти важни за 2026 година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем на ЕСМ со вкупен капацитет од 300 MWh. Овој проект е клучен за стабилноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем,“ истакна Божиновска.
На средбата се разговараше и за следните чекори во подготовката за воведување на ESCO-моделот во земјата. Двете страни ги разгледаа можните области за пилот-проекти и моделот на институционална соработка што ќе обезбеди несметана имплементација.
„ESCO-моделот е нова можност за граѓаните, институциите и целиот систем – модел кој дава реални резултати. Нашата цел е да создадеме јасна рамка, предвидливи процедури и подготвеност за негово постепено воведување,“ додаде министерката.
Министерството за енергетика и ЕБОР договорија во наредниот период да продолжат со заедничка техничка подготовка, со јасен фокус кон обезбедување услови за брза и успешна реализација на проектите што директно ќе ја зајакнат енергетската сигурност на земјата.
Економија
Со цена повисока од претходната до „ЕВН Хоме“ стасала само понудата на ЕСМ за набавка на струја
ЕВН Хоме соопшти дека на тендерот за набавка на струја за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 добиле само една понуда и тоа од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
„Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.
Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.
Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,370%, кај дизелот за 6,738%, кај екстра лесното масло за 6,741% и кај мазутот намалувањето за 3,944%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4085%

