Економија
Рен: Грција мора да усвои план за штедење
Грција мора да усвои програма за штедење и за приватизација до крајот на месецот доколку ја сака помошта на Европската унија, повтори во четвртокот во Брисел комесарот за стопански и монетарни прашања Оли Рен пред почетокот на самитот на Унијата.
Грција мора да усвои програма за штедење и за приватизација до крајот на месецот доколку ја сака помошта на Европската унија, повтори во четвртокот во Брисел комесарот за стопански и монетарни прашања Оли Рен пред почетокот на самитот на Унијата.Грција сигурно денеска ќе биде на дневен ред на Советот на Европа на кој ќе присуствуваат претседателите на државите и владите на земјите членки на ЕУ, рече Оли Рен за новинарите„Очекувам од Советот на Европа повторно да ја потенцира пораката на Еврогрупата и Европската комисија до Грција за важноста од усвојувањето на среднорочната буџетска стратегија и програмата за приватизација до крајот на јуни“, додаде еврокомесарот за стопански и монетарни прашања. Според Рен, „приоритет е Грција сама да си помогне, за да можат и другите Европејци да и’ помогнат“.Тој исто така посочи на неопходноста од „надпартискиот консензус во Грција“, каде десничарската опозиција одбива да го поддржи планот за штедење на социјалистичката влада.„Тоа функционираше во Ирска и во Португалија, зошто не би функционирало и во Грција“, додаде Рен. Еврокомесарот потврди дека ЕУ работи на изнаоѓање решение коешто би вклучувало учество на приватни финансиери во Грција, во банките, осигурителните компании, инвестициските фондови итн, на доброволна основа. Идејата е тие на доброволна база да може да ги откупат грчките обврзници кога тие што сега ги имаат ќе дојдат во стечај, финансиска операција позната како „роловер“ (roll-over). Според Рен тоа е најдобриот метод.Слично гледиште во четвртокот изнесе и германската канцеларка Ангела Меркел. Пред доделувањето на новата европска помош Грција мора да има важно изгласување во парламентот во вторник, кога ќе биде претставено намалувањето на буџетот и планот за приватизација на нејзината социјалистичка влада. „Во тие услови, никаква одлука за дополнителна помош нема да биде донесена на самитот на ЕУ кој почнува во четврток навечер“, предупреди германската канцеларка.„Ќе зборуваме за Грција но нема да носиме одлуки“, потврди Меркел./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Kонцесионерите мора да носат развој за граѓаните, кажа Божиновска и најави засилен инспекциски надзор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на работната посета на Општина Прилеп оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски, на која се разговараше за состојбите и развојните можности во рударскиот сектор, како и за придобивките што локалната самоуправа ги има од концесиските активности.
На средбата беше истакнато дека Прилеп претставува една од општините со најголем број активни концесионери во државата, што директно влијае врз локалниот економски развој, отворањето работни места и зголемувањето на приходите во општинскиот буџет. Соговорниците разговараа за ефектите од зголемените концесии, како и за потребата од одржување стабилен баланс помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина.
Посебен акцент беше ставен на соработката меѓу општината и концесионерите, при што беше констатирано дека е важно доследното почитување на законските обврски и стандардите за работа, како и континуираниот дијалог со локалната заедница со цел одржлив развој на секторот.
„Развојот на рударството мора директно да се чувствува и на локално ниво. Нашата цел е општините да имаат реален бенефит, а компаниите да работат согласно највисоките стандарди и прописи“, истакна министерката Божиновска.
На средбата се разговараше и за унапредување на инспекцискиот надзор, при што беше најавено отворање на нова канцеларија на Државниот инспекторат во Прилеп. Новото присуство на инспекциските служби на локално ниво ќе овозможи поголем увид на терен, поефикасни контроли и навремено постапување, што ќе придонесе за дополнително зајакнување на довербата и транспарентноста во работењето.
Министерката Божиновска нагласи дека Министерството останува посветено на партнерски однос со локалните самоуправи, со јасна цел — развој на рударството како економски двигател, но со целосно почитување на прописите и интересите на граѓаните.
Економија
Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење во земјава
Оваа година, Народната банка одбележува 80 години институционализирано централнобанкарско работење во земјава – значаен јубилеј што сведочи за долгорочен, динамичен и одговорен институционален развој, обележан со постојани трансформации и приспособувања кон економските и општествените промени.
Институционалните темели на централнобанкарското работење во земјава беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор од 25 септември 1946 година, со која Македонската стопанска банка беше определена како Централа на Народната банка на ФНРЈ за Народна Република Македонија. Тие беа дополнително зацврстени со фактичкото спојување со Народната банка на ФНРЈ на 19 октомври истата година. Со конституирањето на независната држава и со прогласувањето на монетарната самостојност во април 1992 година, Народната банка прерасна во самостојна централна банка, носителка на сите значајни функции на современото централно банкарство.
Во текот на изминатите осум децении, Народната банка работеше во различни општествени и економски околности, од периоди на стабилност и напредок до фази на длабоки трансформации. Притоа, постепено ги воспостави своите надлежности, функции и институционален интегритет на независна и современа централна банка на нашата држава.
Денес, Народната банка е модерна, професионална и кредибилна институција, со високо ниво на доверба кај јавноста и признат углед во меѓународните финансиски и централнобанкарски кругови. Преку доследно спроведување на своите законски цели – одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, таа создава стабилни макроекономски услови и придонесува кон одржлив економски раст и развој на општеството.
Континуитетот, стабилноста и кредибилитетот на Народната банка се темелат врз професионалното знаење и искуство, интензивната меѓународна соработка, но пред сè врз трудот, посветеноста и одговорноста на генерации вработени и раководни лица кои го вградиле својот професионален век во институцијата. Токму оваа институционална зрелост ѝ овозможи на Народната банка успешно да се справува со сложени економски предизвици и периоди на зголемена неизвесност, оправдувајќи ја довербата на граѓаните како највреден капитал на секоја држава.
По повод јубилејот „80 години централнобанкарско работење“, Народната банка ќе оствари низа активности со кои ќе се одбележи богатото институционално наследство и ќе се афирмира улогата на централното банкарство во современото општество.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.

