Економија
Истекува рокот за компаниите да решат како ќе постапуваат со отпадот
На крајот на месецот истекува законскиот рок кој компаниите загадувачи со амбалажен отпад го добија како одлагање за да најдат начин да се усогласат со новиот Закон за пакување и отпад од пакување
На крајот на месецот истекува законскиот рок кој компаниите загадувачи со амбалажен отпад го добија како одлагање за да најдат начин да се усогласат со новиот Закон за пакување и отпад од пакување кој стапи на сила од први јануари годинава.Засега “ПАКОМАК“ е единствениот правен субјект кој со дозвола колективно постапува со отпад од пакување, и кој им нуди на своите членови поевтин систем за собирање, сортирање и преработка на нивниот амбалажен отпад, од цените за истата услуга кои се дефинирани во Законот по тон отпад.Од “ПАКОМАК“ информираат дека до минатата недела, кон нивниот систем секојдневно пристапуваат нови компании кои се засегнати со законот и до 30-ти јуни очекуваат најголем број од компаниите загадувачи со амбалажен отпад да бидат нивни членови.“Нашите членови имаат над 70 отсто од пазарниот удел во своите индустрии, а во одредени индустрии како што се пивската, индустријата за сокови, вино, млечната, месната и индустријата за кафе, нашите членки учествуват со преку 90 отсто од вкупниот пазарен удел во продажбата, а со тоа и количините на амбалажен отпад кој се генерираат“, велат од „ПАКОМАК“.Иако ова е дополнително финансиско оптоварување за компаниите кои се производители и увозници на производи за македонскиот пазар, компаниите го прифаќаат и ги согледуваат општествените и еколошките бенефити од неговата имплементација, а преку „ПАКОМАК“ тоа можат да го направат на најефикасен и најевтин начин.Со оглед дека во управувачката структура на „ПАКОМАК“ се компаниите кои се и најголемите загадувачи со амбалажен отпад, а со тоа носат и најголем финансиски товар преку плаќање на надоместоците за тон отпад, „ПАКОМАК“ има поставено ефикасен механизам за контрола на своите цени, нудејќи секогаш најповолни услови за своите членови.Со одредбите од Законот, сите трговци на мало имаат законска обврска да работат само со компании- добавувачи кои се дел од некој систем за управување со амбалажен отпад односно добавувачи кои се грижат за својот амбалажен отпад. Од 1 јануари 2012 година, сите компании загадувачи со овој тип на отпад, на својата амбалажа мора да имаат знак на припадност кон некој систем во кој ќе плаќаат за собирање и преработка на амбалажен отпад./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

