Економија
Граѓаните веќе три години не знаат кон кој мобилен оператор вртат
За една година услугата преносливост на бројот бележи зголемување од повеќе од 100 отсто, но и покрај зголемениот интерес за оваа услуга од септември 2008 кога и започна да се користи, претплатниците се уште не знаат кон кој оператор вртат.
За една година услугата преносливост на бројот бележи зголемување од повеќе од 100 отсто, но и покрај зголемениот интерес за оваа услуга од септември 2008 кога и започна да се користи, претплатниците се уште не знаат кон кој оператор вртат.
Секојдневно корисниците вртат кон одреден број, а не знаат дали тој корисник е во нивната мрежа или пак го променил мобилниот оператор со што им се зголемуваат трошоците за телефонирање.
Од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) соопштуваат дека се работи на софтвер кои преку звучен сигнал ќе ги информира корисниците дека бројот кои го повикале го променил мобилниот оператор.
„Очекуваме од септември да започне оваа измена бидејќи во моментов се работи на софтвер заедно со операторите. Тоа ќе биде звучен сигнал кој ќе им дава на знаење на корисниците дека број кон кој вртат не е во нивната мрежа, туку дека го сменил операторот“, изјави Игор Ангеловски од АЕК.
Од 2008 до јули оваа година операторот го смениле, а го задржале истиот број 56.657 корисници во фиксната телефонија и 42.527 во мобилната телефонија.
Во однос на истиот месец минатата година услугата преносливост на број во фиксната телефонија има раст од 30.863 корисници и 27.633 во мобилната телефонија, што преставува зголемување од околу 100 отсто во фиксната и 200 отсто во мобилната телефонија.
„Од почетокот на услугата преносливост на број до сега во мрежата на Вип оператор се пренесени вкупно 32.562 броја. Според извештајот даден од страна на АЕК од вкупниот број пренесени броеви во мобилната телефонија во 2010 година, во мрежата на Вип се пренесени 75 проценти“, соопштуваат од „Вип“ операторот.
Од „Вип“ информираат дека во првиот квартал од 2010 во нивната мрежа се пренесени 1.818 броеви, а во истиот период од оваа година во „Вип“ услугата ја искористиле 5.622 броја, што претставува зголемување од 209 отсто.
Од мобилниот оператор „ОНЕ“ истакнаа дека во нивната мрежа има преносливост на бројот и во фиксната и во мобилната телефонија, но поголем дел е преносливост во фиксната телефонија, кои како што велат пред се должи на новата понуда за пензионери. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра
„Како што најавивме уште во декември дека постои дупка во буџетот од една милијарда евра и дека државата нема пари за функционирање, стигнува уште еден доказ.
Наместо да ја признаат дупката во буџетот, тие новото задолжување го објавуваат како успех на Министерството за финансии за пласирање на еврообврзниците и како триумф на економијата“, истакнуваат од СДСМ.
Според СДСМ, во моментот кога Владата се фали со како што велат од опозициската партија, „импресивната“ побарувачка од над 4 милијарди евра за десеттата еврообврзница во износ од милијарда евра, вреди да се потсетиме дека ова не е приказна за успех, туку за нужда.
„Што тоа значи за граѓаните?
Повеќе долгови значат поголеми камати, помалку средства за социјални програми, здравство и образование, и поголем ризик од криза ако глобалните каматни стапки пораснат. Прогнозите на СДСМ не беа празни зборови, туку реалност – дупката во буџетот постои, и наместо да се фали со задолжувањето, Владата треба да објасни како ќе обезбеди одржливост на финансиите без постојано потпирање на странски кредити. Министерството за финансии истакнува диверзифицирана база на инвеститори од Германија, САД и Велика Британија, конкурентни каматни стапки (3,875% за четиригодишната и 4,750% за осумгодишната транша) и доверба во реформските планови“.
Под оваа сјајна фасада, додаваат од СДСМ, се крие сурова реалност.
Како што оценуваат ова задолжување е директен одговор на проблемите со финансиите и буџетскиот дефицит.
„Оваа „доверба на инвеститорите“ што Владата го слави, всушност е сигнал дека земјата мора да се задолжи по цена на зголемување на вкупниот долг, кој веќе надминува 60% од БДП според ЕУ стандардите.
Слично се случи и со контроверзниот заем од Унгарија во износ од милијарда евра во 2024 година, кој СДСМ го осудуваше како ризичен и политички мотивиран.
Ова е уште еден доказ дека она што СДСМ го зборува веќе месеци се остварува.
Дефицитот не исчезна, само долгови се префрлени на идните генерации“.
Потенцираат дека е време за одговорна политика, а не за спинување на долговите како победа.
Економија
МФ: Силна доверба од меѓународните инвеститори- успешно реализирано издавањето на 10-тата Еврообврзница
Министерството за финасии успешно ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница.
„Министерството одлучи да издаде еврообврзница со две транши од по 500 милиони евра – со рок од 4 години и со рок од 8 години. Фактот дека Министерството успеа да пласира осумгодишна обврзница дополнително говори за довербата во реформските планови на Министерството за финансии и Владата, имајќи предвид дека последен пат вакво доспевање беше постигнато пред повеќе од дваесет години.
Само еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката од инвеститорите достигна импресивни две милијарди евра, со диверзифицирана база на инвеститори ширум светот, вклучувајќи еминентни институционални инвеститори од Германија, САД и Велика Британија“, соопшти Министерството за финасии.
„Пред отворањето на американскиот пазар, книгата на инвеститори достигна дури три милијарди евра, а по неговото отворање максималната понуда надмина четири милијари евра, што претставува исклучителен показател за силната доверба во економските политики и стабилноста на земјата.
Повеќе од 150 глобални инвеститори изразија интерес да ја поддржат државата во овој проект, што претставува дополнителен квантитативен доказ во прилог на фискалната стратегија на Министерството за финансии.
Во случајот на двете транши, каматата е најблиска во однос на референтната вредност на Еурибор, споредувајќи ги сите издавања на обврзници во последните дваесет години.
Каматните стапки за двете транши изнесуваат: 3,875 % за траншата со рок на достасување од 4 години и 4,750% за траншата со рок на достасување од 8 години.
Со изборот на стратешкиот моментот на издавање, како и со структурата на задолжувањето, беше постигнато значително намалување на приносите – конкурентно во однос на земјите со инвестициски кредитен рејтинг (околу 0,5% во споредба со просекот од 0,25%). Тоа дополнително се потврдува со фактот за големата побарувачка од страна на најеминентните меѓународни инвеститори.
Излезот на меѓународниот пазар има стратешки карактер, имајќи ги предвид потенцијалните турбуленции во доменот на геополитиката и макроекономската неизвесност на глобално ниво.
Министерството за финансии останува посветено на транспарентност и стабилност, со цел обезбедување најповолни услови за финансирање и зајакнување на позицијата на земјата на меѓународните финансиски пазари.
Во насока на одговорно и стратешко управување со јавните финансии, Министерството за финансии во последниот квартал од 2025 година интензивно работеше на анализа на пазарните услови со цел да го определи најсоодветниот момент за стратешки излез на меѓународниот пазар на капитал на почетокот од 2026 година.
Како дел од овие активности, тимот на Министерството за финансии во ноември реализираше посета на Лондон , каде што во организација на водечки инвестициски банки ја претстави земјата пред повеќе од 40 инвеститори.
Во периодот од 11 до 12 јануари 2026 година, Министерството оствари средби со повеќе од 60 глобални инвеститори, меѓу кои најголемите пензиски фондови и осигурителни компании од САД, како и инвестициски фондови од целата Европска унија. Bank of America имаше водечка улога во координацијата на процесот на издавање на обврзницата.
Со оваа Еврообврзница, планирана во Буџетот за 2026 година ќе се изврши исплата на Еврообрзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра и се обезбедуваат средства за буџетскиот дефицит којшто е насочен кон реализација на развојните проекти.
Издавањето на Еврообврзницата е согласно напорите на Министерството за финансии за адекватно управување со јавниот долг и да се одржи стабилноста на јавните финансии на среден и долг рок.
Државата стана прва земја во регионот и прва земја надвор од Европската унија која излегува на меѓународниот пазар на капитал, што сведочи за довербата во напорите на Министерството за финансии, особено имајќи го предвид износот на задолжувањето“, се наведува во соопштението на Министерството за финасии.
Економија
Божиновска-Кавахара: Продлабочување на соработката за безбедна и одржлива енергетска иднина
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Јапонија во Северна Македонија, Сецуко Кавахара.
На средбата присуствуваа и претставници од јапонската корпорација ИТОЧУ (ITOCHU), една од водечките и најреномираните компании во Јапонија, позната по своите инвестициски активности и експертиза во енергетски и индустриски проекти. ИТОЧУ е сериозна компанија со глобално присуство, која покажува интерес и за македонскиот пазар и потенцијалите за зелена енергетска трансформација во земјата.
На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, како и за заеднички проекти поврзани со зелената транзиција.
Министерката Божиновска истакна дека нашата земја е посветена на преземање конкретни чекори кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Таа ја оцени поддршката од јапонска страна како значајна за обезбедување на енергетска независност и одржливост.
Двете страни ја потврдија потребата од зацврстување на позицијата на Северна Македонија на глобалната енергетска мапа како кредибилен и доверлив партнер во светската транзиција кон зелена енергија. На крајот, беше заклучено дека соработката во областа на енергетските реформи и инфраструктурните проекти ќе продолжи и во иднина.

