Економија
Од септември зелениот картон – 60 евра за цела година

Владата на денешната прва седница одлучи зелениот картон за патничките возила од 1. септември да се намали на 60 евра за цела година, додека товарните возила ќе плаќаат по 280 евра.
Владата на денешната прва седница одлучи зелениот картон за патничките возила од 1. септември да се намали на 60 евра за цела година, додека товарните возила ќе плаќаат по 280 евра.
За патничките возила до 66 киловати зелениот картон ќе изнесува 60 евра, за патничките возила над 66 киловати 90 евра, додека за товарните возила цената на зелениот картон се намалува од 450 евра на 280.
Владата одлучи да ги укине месечните, тримесечните и шестмесечните зелени карти и за патничките и за товарните моторни возила.
Граѓаните на Македонија досега плаќаа највисока цена на зелениот картон од сите земји во регионот која се движеше од 40 евра за еден месец до 150 евра за цела година. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Зајакнување на енергетското партнерство“: средба на Божиновска со унгарскиот министер за енергетика во Будимпешта

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамките на посетата на Будимпешта, каде што се одржа Втората меѓувладина седница меѓу владите на Северна Македонија и Унгарија, оствари билатерална средба со унгарскиот министер за енергетика, Чаба Лантос.
На состанокот присуствуваа и Карој Матраи (Károly Mátrai), извршен директор на MVM Group, како и Петер Холича (Péter Holicza), заменик државен секретар, кои ги претставија перспективите за унапредување на енергетската соработка меѓу двете земји.
Во фокусот на разговорите беа можностите за зајакнување на енергетското партнерство, инфраструктурната поврзаност и обезбедувањето на енергетска стабилност. Двете страни ја истакнаа важноста на натамошната соработка во областа на обновливите извори на енергија, гасната инфраструктура и регионалната енергетска интеграција.
Министерката истакна дека ова партнерство со Унгарија е пример како стратешките соработки можат да донесат конкретни резултати, од подобрување на енергетската ефикасност до зголемување на интерконективноста и развој на иновативни енергетски решенија.
Министерката Божиновска ја нагласи заложбата на Владата на Македонија за стабилен и сигурен енергетски систем, со диверзификација на енергетските извори и модернизација на инфраструктурата, а Унгарија ја потенцираше подготвеноста за поддршка во процесите на енергетска транзиција и поголема поврзаност на енергетските пазари.
Средбата беше потврда за цврстите билатерални односи и партнерството во енергетскиот сектор, со јасна насока за конкретни заеднички проекти кои ќе донесат бенефити за двете земји.
Економија
Трипуновски се сретна со унгарскиот министер за земјоделство: Да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи

Денеска во рамките на Унгарско-македонски владин самит, во Будимпешта министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари конструктивна средба со унгарскиот министер за земјоделство, Иштван Наги.
На средбата се разговараше за предизвиците со кои што се соочува секторот земјоделство.
„Во текот на разговорот со министерот Иштван Наги се согласивме дека е потребно да се продлабочи соработката помеѓу двете министерства“, додаде министерот Трипуновски.
На средбата беше истакнато дека Унгарија е пријателска земја и силен поддржувач на Македонија на патот на евроинтеграцискиот процес.
„Да ја интензивираме соработката помеѓу двете институции, да се поврзат унгарските и македонските компании за поголема трговска размена на земјоделски и прехранбени производи“, додаде министерот Трипуновски, при што посочи дека фокусот на соработката со Унгарија е подобрување на одржливоста на земјоделското производство.
Економија
Битиќи на „Копаоник бизнис форум“: Западен Балкан не смее да остане заробен во поделби и недоверба

Најголемата пречка за развојот на Западен Балкан не е економијата – туку длабоко вкоренетите предрасуди и отпорот кон соработка. Додека договорите и политичките рамки создаваат структура за интеграција, клучниот предизвик е волјата на општествата да ја прифатат оваа соработка како можност, а не како закана, порача пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, во своето обраќање на панелот „Западниот Балкан: Одржлива регионална соработка“, на годинешниот „Копаоник бизнис форум“ во Србија.
Битиќи посочи дека децении на поделби, поттикнати од историски наративи и националистичка реторика, продолжуваат да ја обликуваат јавната перцепција, создавајќи отпор кон подлабоки економски, културни и институционални врски.
„Без соочување со овие основни социјални тензии, дури и најдобро структурираните договори ризикуваат да бидат поткопани од недостаток на доверба, што ја ограничува способноста на регионот да функционира како кохезивен економски и политички блок,“ порача Битиќи.
Тој потенцираше дека вистинскиот напредок бара не само реформи во политиките, туку и промена на менталитетот, во насока на тоа што ќе почне да ја гледа регионалната соработка како можност, а не како компромитирање на било кој идентитет.
„Ниту една земја во нашиот регион не може самостојно да се спротивстави на глобалните економски притисоци. Но, заедно, можеме да изградиме силен и конкурентен економски блок кој привлекува инвестиции, ги зајакнува индустриите и обезбедува долгорочен раст. Ова значи премин од зависност кон меѓузависност – создавање регионални синџири на вредност, усогласување на инвестиционите политики и интегрирање во европските добавувачки мрежи како еден пазар, а не шест фрагментирани“, рече Битиќи.
Според пратеникот Битиќи регионалната координација на напорите на пристапување во ЕУ преставува клучен чекор кој треба да се направи на Западен Блакан.
„Наместо да ја третираме интеграцијата како трка еден против друг, мора да дејствуваме како единствен блок, усогласувајќи ги политиките и реформите за да го забрзаме економското усогласување. Европската иднина на Западен Балкан носи можности, но само ако се движиме заедно, а не одделно“, порача Битиќи.
На крајот од своето обраќање тој ја истакна важноста на нов пристап во регионалната соработка, кој ќе ги надмине старите модели на меѓусебно ривалство.
„Западен Балкан повеќе не може да си дозволи да биде поделен. Мораме да се натпреваруваме на глобално ниво, а не меѓусебно. Преку прифаќање на регионалната конкурентност наместо регионална конкуренција, можеме да изградиме економија која е отпорна, просперитетна и подготвена за иднината,“ заклучи Битиќи.