Економија
Најскапи градови за паркирање во светот
Консултантската компанија Куллерс интернешнал направи ново истражување поврзано со паркирањето во градовите. Податоците се собрани во мај 2011 година, а наведените цени ги вклучуваат сите применливи даночни основи.
Консултантската компанија Куллерс интернешнал направи ново истражување поврзано со паркирањето во градовите. Податоците се собрани во мај 2011 година, а наведените цени ги вклучуваат сите применливи даночни основи.Податоците ги доставија сопствениците на паркинг просторите, гаражите и раководителите на таквите локации. Со истражувањето се опфатени само покриените или подземните паркиралишта во главните бизнис центри на подрачјето на Северна Америка, Европа и Азиско – пацифичкиот регион, а единствен регион кој не е опфатен во истражувањето е Латинска Америка.Трендот на порастот на цените за паркирање продолжува. Гледано на дневна или месечна основа, цената за паркирање на автомобилите пораснаа во изминативе 12 месеци. Освен во САД, во сите други делови во светот паркирањето е поскапено за разлика од минатата година.На врвот на листата, најскапо место за паркирање на возила во светот се наоѓа во Лондон во деловите од градот Сити и Вест Енд.Месечната цена за паркирање возила во Сити (лондонски финансиски центар) изнесува цели 800 евра, додека во Вест Енд е 750 евра. Лондон веќе традиционално е најскап град во светот за паркирање и води во однос на останатите, за дури 25 до 35 отсто (во изминатите пет години).Поради драматичниот пораст на Швајцарците, Цирих се искачи на третото место и го поттисна Хонг Конг. Месечната цена за паркирање во Цирих чини 650 евра.Она што исто така е интересно е дека два австралиски града повторно влегоа во првите десет, Перт се наоѓа на седмото место, а Сиднеј на деветото, додека Мелбурн е многу близу, на 11 место.Европските земји доминираат во категоријата најскапи паркинзи на дневна основа. Осло е број еден во светот со цена од 60 евра, а на листата на 10 најскапи градови се најдоа и Копенхаген и лондонските квартови Сити и Вест Енд.Во Амстердам и во Виена цената на дневно паркирање на возила изнесува 35 евра, а во Женева 30 евра. Покрај европските градови на оваа листа се наоѓаат и Токио и Сиднеј.Најевтин град повторно е Џакарта во Индонезија каде паркирањето на ден чини 92 центи. крај/смедиа/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод за статистика излезе со извештај за инфлацијата и какви се очекувањата за оваа година, изјави:
„Во делот на храната, минатата година имаше „божиќна кошничка“, „јануарска кошничка“ и така ќе биде и во април. Инаку ценам дека ќе се движиме во рамките на проекцијата под 3% на ниво на годишна инфлација оваа година. Кога ќе ја споредиме стапката, горе-долу е иста како во регионов. Освен во соседна Србија каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа што они имаат мерка, онаа мерка со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред они тоа да го имплементираат и затоа одлучивме преку други механизми да се бориме против инфлацијата.
Инаку што се однесува до другите месеци, јас очекувам да бидат под 3%. Да речеме има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8%, има Турција каде што е двоцифрена инфлацијата, преку 30%, соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, да ги редам, голем број примери во Европа, каде што инфлацијата е многу поголема од таа што е кај нас. Јас очекувам кај нас инфлацијата оваа година на годишно ниво да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме.“
Економија
Дурмиши: Со системски мерки и партнерство ја намалуваме неформалната економија и го јакнеме формалниот сектор
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати на конференцијата „Формализација на неформалната економија: Преку соработка до успех“, посветена на системските мерки и заедничките политики за намалување на сивата економија и јакнење на формалниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Дурмиши истакна дека неформалната економија е сложен и долгорочен предизвик кој ја нарушува конкуренцијата, ги оштетува работниците и го намалува фискалниот капацитет на државата.
Тој нагласи дека за дел од граѓаните непријавената работа не е избор, туку нужност, што бара одговор преку креирање пристојни и стабилни работни места.
„Секој компромис со сивата економија значи понизок економски раст, помалку јавни услуги и понизок квалитет на живот. Затоа ни се потребни системски, конзистентни и одржливи решенија“, потенцираше министерот.
Економија
Божиновска – Рама: Гасното поврзување на државата е клучен чекор кон енергетска стабилност и регионална интеграција
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, на која беа разгледани тековните активности и следните чекори за развој на гасната инфраструктура во државата.
Во фокусот на разговорите беше изградбата на интерконекторот со Грција, како еден од најзначајните стратешки енергетски проекти во земјата. На средбата беше направен пресек на досегашната динамика на реализација, текот на градежните активности и координацијата меѓу институциите и изведувачите, со цел проектот да се реализира согласно предвидените рокови.
Посебно внимание беше посветено и на подготовките за реализација на интерконекторот со Србија, при што беше разгледан напредокот во техничките и административните активности, како и тековната комуникација и координација со српската страна. Двете страни оценија дека регионалното гасно поврзување претставува значаен чекор кон диверзификација на изворите на снабдување и зголемување на енергетската сигурност.
На состанокот се разговараше и за долгорочните планови за развој и проширување на националната гасоводна мрежа, со цел овозможување поголема достапност на природниот гас за индустријата, општините и домаќинствата, како и поддршка на енергетската транзиција и намалување на загадувањето преку почисти енергетски решенија.
Министерката Божиновска ја истакна важноста од забрзана реализација на инфраструктурните проекти, нагласувајќи дека развојот на гасната мрежа е стратешки приоритет кој директно влијае врз економската стабилност, конкурентноста на стопанството и сигурноста во снабдувањето со енергија.
Соговорниците се согласија дека координираниот институционален пристап и засилената регионална соработка се клучни за успешно позиционирање на државата како стабилен енергетски јазол во регионот.

