Економија
Политичката порака на Саркози и Меркел не ги спречи стравувањата од нова криза
Вредноста на еврото денеска падна, додека меѓу инвеститорите расте песимизмот кон напорот на Европејците да ја ограничат кризата на државниот долг со повикот на поголема економска координација меѓу земјите на еврозоната.
Вредноста на еврото денеска падна, додека меѓу инвеститорите расте песимизмот кон напорот на Европејците да ја ограничат кризата на државниот долг со повикот на поголема економска координација меѓу земјите на еврозоната.Лидерите на Франција и Германија денеска во Париз разговараа за должничката криза што ги потресува пазарите од почетокот на минатата година.Ситуацијата денеска дополнително се влоши со новите податоци на Европската унија(ЕУ), кои покажуваат дека економскиот раст во Германија остро се забавил, „машинската хала“ на континентот.Економскиот раст во 17 земји што го користат еврото се забавил на 0,2 отсто од април до јуни, додека во претходниот квартал бил 0,8 отсто. Растот во Германија опаднал од 1,3 отсто на 0,1 отсто.Европските политичари се на удар на критиката зошто не прават доволно за да се ограничи ширењето на „заразата“.Разочарувањето по денешните изјави на францускиот претседател Никола Саркози и германската канцеларка Ангела Меркел, го повлече еврото надолу, велат аналитичарите.Во доцните попладневни часови на Њујоршката берза еврото падна на 1,4397 долари, додека вчера вредноста му беше 1, 4451 долари.Некои инвеститори се надеваа дека двајцата лидери ќе предложат нови „евро-обврзници“ и на тој начин да ги поврзат различните економии на ЕУ и да ги намалат стравувањата од нагло растечките трошоци на позајмување на пари на некои земји на Унијата.Саркози и Меркел веднаш го исклучија издавањето на заеднички обврзници на државниот долг, како и зголемување на европскиот фонд за финансиска помош над постоечките 440 милијарди евра, што се очекуваше заради поддршка на земјите погодени од кризата, преку продажба на обврзниците.Инвеститорите се загрижени и од тоа како евроблокот ќе го спроведе она што го предложија саркози и Меркел, но и за тоа дали нивниот план е воопшто добар за решавање на економските проблеми во Европа, велат аналитичарите.„Тоа однадвор изгледа многу храбро:федерална ’еврозона’“, изјави Дејвид Гилмор, од фирмата „ Foreign Exchange Analytics“ од Есекс, Конектикат, САД. Според него, практичниот дел и натаму изгледа „како неостварлив сон“.Планот да се формира подлабока фискална унија на 17 земји кои го користат еврото, „го прави еврото кредибилно“, но владите нема да сакаат да ги предадат своите права да управуваат со даночната и буџетската политика“, изјави Гилмор.Тој додава дека и предложениот данок на финансиски трансакции може да ја загрози побарувачката на европски акции.„Планот нема да им помогне на европските економии да бидат поконкурентни, ниту да го покренат растот“, рече Марк Чендлер, шеф на валутната стратегија на фирмата „Brown Brothers Harriman“ од Њујорк.Според него, француско-германскиот план ќе наиде на „големо одбивање“ кај други земји во еврозоната.Во другите денешни трансакции, британската фунта порасна од 1,6389 на 1,6457 долари, додека доларот остана со непроменето ниво од 76,78 во однос на јапонскиот јен. Доларот зајакна од 0,7843 на 0,7938 во однос на швајцарскиот франк, зголемувајќи ја добивката започната минатата недела кога Централната банка на Швајцарија почна да го сузбива растот на својата валута. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

