Економија
Пиратите наспроти филмската индустрија
Покрај обидите да се искорени филмската пиратерија, сепак, се чини дека битката однапред е изгубена, бидејќи секогаш ќе се најде барем еден корисник кој ќе сака да го симне филмот од интернет.
Покрај обидите да се искорени филмската пиратерија, сепак, се чини дека битката однапред е изгубена, бидејќи секогаш ќе се најде барем еден корисник кој ќе сака да го симне филмот од интернет.
Американската асоцијација за подвижни слики МПАА (The Motion Picture Association of America) објави статистички податоци кои покажуваат колку и на кој начин пиратеријата и прави штета на филмската индустрија.
Според податоците кои ги објави американската асоцијација, речиси една четвртина од прометот на интернет претставува кршење на авторските права, додека дури 99 отсто од фајловите кои можат да се најдат на торент-страниците се кршење на законите за авторските права.
Објавената статистика покажува дека пиратеријата годишно предизвикува загуба од 58 милијарди долари и губење на околу 400 илјади работни места. Истражувањата покажале дека дневно од интернет се симнуваат 140 илјади нови филмски наслови.
Како пример се наведува филмот „The Hurt Locker“, кој го гледале шест милиони луѓе, но други седум милиони бесплатно го симнале од интернет.
Во истражувањето е нагласено дека во филмската индустрија се вработени 2.4 милиони луѓе, но и дека 13 отсто од полнолетните американски граѓани бесплатно симнуваат филмови и тв-серии од интернет.
Што се однесува до приходите на филмската индустрија, околу 70 отсто доаѓаат од продажбата на ДВД, но, едновремено, повеќе од 65 милиони интернет-страници во Америка нудат можност за легално гледање на филмовите и тв-сериите.
Објавената статистика не дава можност да се дознае колку од луѓето кои што нелегално симнале филм од интернет истовремено платиле и влезница за кино или за легално изнајмување на истиот.
Сомневање во реалноста на податоците создава можноста филмската индустрија да го финансирала истражувањето на МПАА./крај/индекс/мф/т.д.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

