Економија
Акцијата на Реплек најтргувана

Промет во износ од 7.699.852,47 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 6.851.344,47 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 848.508,00 денари.
Промет во износ од 7.699.852,47 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 6.851.344,47 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 848.508,00 денари.Индексот МБИ10 се намали за 0,37% и изнесуваше 2.334,43 поени, МБИД се намали за 0,48% и изнесуваше 2.417,29 поени, а ОМБ се намали за 0,02% и изнесуваше од 117,75 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Реплек АД Скопје во износ од 1.580.000,00 денари по просечна цена од 39.500,00 денари.Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со која беше остварен 773.379,00 денари промет по просечна цена од 4.180,43 денари.Трета беше акцијата на Макстил АД Скопје со остварени 332.350,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 170,00 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија . Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 88,20% и беа остварени 2.154.435,89 денари. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Единство АД Струмица со која беше остварен промет во износ од 317.200,00 денари, по просечна цена од 400,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Обврзница за денационализација на Р.М десетта емисија2. Реплек АД Скопје3. Алкалоид АД Скопје4. Макстил АД Скопје5. Единство АД СтрумицаХартии од вредност со најголем раст1. Фершпед АД Скопје 2,76%2. Обврзница за денационализација на Р.М петта емисија 0,51%3. Македонски телеком АД Скопје 0,32%4. Обврзница за денационализација на Р.М десетта емисија 0,22%5. Алкалоид АД Скопје 0,15%Хартии од вредност со најголем пад1. Македонијатурист АД Скопје 3,00%2. РЖ Валавница за ленти (ХРМ) АД Скопје 2,83%3. Тетекс АД Тетово 2,80%4. Топлификација АД Скопје 1,99%5. ОКТА АД Скопје 1,14%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Неколкукратно е зголемена бројката на апликанти за мерката млад земјоделец во вредност од 70 милиони денари

Поради изборните ограничувања, мерката млад земјоделец не можеме да ја промовираме, иако огласот е завршен, филтерот е направен, 117 корисници односно апликанти за околу 70 милиони денари, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека за разлика од 2023 година кога имало само 44 апликанти, односно само 18 корисници, истата денеска е зголемена неколкукратно односно на 117 апликанти.
Можеби бројката 117 не значи многу грандиозно, но ако се има предвид дека во 2023 година од 44 апликанти, само 18 имаме корисници, тогаш станува збор за неколкукратно зголемување. Така што веднаш по завршување на локалните избори кога веќе ќе ги немаме оние законски ограничувања, и формално ќе биде ставена во функција оваа мерка за поддршка на младите земјоделци.
Економија
Во јули годишен раст од 13,0 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,0%, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при помал раст и на депозитите на корпоративниот сектор, извести Народната банка.
На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0%, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на линкот
Економија
Халкбанк со намалени тарифи, повеќе придобивки за граѓаните и компаниите

Халкбанк АД Скопје донесе одлука за намалување на дел од своите тарифи, во согласност со променетиот тарифен модел на Народната банка на Република Северна Македонија. Со оваа одлука значително се намалуваат надоместоците за услугите за граѓаните и компаниите, при што клиентите ќе добиваат уште поповолни услови за извршување на финансиските трансакции.
И досега, Халкбанк во многу сегменти нудеше атрактивни услови во однос на тарифите. Така, проверката на состојбата на било која картичка на банкомат била и е бесплатна, а сите приматели на плата или пензија преку Халкбанк со својата мастеркард дебит картичка можат да подигнуваат готовина на банкомати на било која банка во Македонија без провизија. Бесплатно е и повлекувањето готовина од платежна сметка во девизи.
Со новите промени, електронските интерни налози за физички лица отсега наместо 5 денари, ќе бидат бесплатни. Истовремено, цената на електронски, брзи меѓубанкарски плаќања (МИПС) за физички лица, се намалува од 100 на 50 денари, а кај хартиените МИПС налози преку шалтер на банката, новата цена е 80 денари по налог, односно, во овој дел извршено е намалување за 60% од досегашната тарифа.
И за правните лица цената кај електронските, интерни налози се намалува од 11 на 7 денари, како и кај електронските МИПС плаќања од 100 на 80 денари, во зависност од износот. Направена е измена и кај хартиените МИПС налози за правни лица, каде новата цена сега изнесува 200 денари т.е. направено е намалување за 33% од досегашната цена за овие трансфери.
Овие промени ќе имаат директна корист за сите клиенти, особено за оние кои активно користат дигитални канали и електронски плаќања.
Истовремено, на сила остануваат сите поволности кои досега Банката ги нудеше на своите клиенти.
Халкбанк на клиентите им нуди и посебни пакети во рамките на кои се добиваат низа поволности и намалени тарифи. За младите до 24 години е наменет HalkEz пакетот со кој се добива бесплатна трансакциска сметка, мобилно банкарство, картичка и други поволности. За пензионерите, освен што се врши редовна и навремена исплата на пензијата, креиран е и специјален Пакет за пензионери кој е со бројни бенефиции – достапни услуги, бесплатни трансакции и поддршка при секојдневните банкарски потреби. А за оние кои ја примаат својата плата или пензија преку Халкбанк, наменет е и Смарт пакетот кој претставува комплетно банкарско решение кое ги обединува најчесто користените услуги во еден економичен месечен пакет. Тука се вклучени водењето на трансакциска сметка, дебитна картичка, мобилното и електронско банкарство, електронските налози, месечните известувања и подигнување готовина од сите банкомати во земјата. А пакетот нуди и подарок ORYХ Home Аssistance – без надоместок во промотивниот.
Дополнително, од 7 октомври Халкбанк ќе започне со извршување на прекугранични трансфери кон СЕПА (Single Euro Payments Area) системот. Во СЕПА регионот, кој опфаќа 41 земја членка и повеќе од 4.000 учесници, на сите клиенти – физички и правни лица – ќе им биде овозможено да извршуваат и примаат плаќања во евра под исти услови и со иста ефикасност како во рамките на националните граници.
Со ваквите чекори, Халкбанк уште еднаш ја потврдува својата стратегија да биде банка која ги поддржува граѓаните и компаниите со поповолни услови, современи дигитални решенија и интегрираност во европските платежни стандарди.
ПР