Економија
Републиканците подготвени да разговараат за планот на Обама

Лидерот на републиканците во Конгресот Ерик Кантор изјави дека неговите партиски колеги се подготвени да соработуваат со претседателот Барак Обама, во врска со неговиот економски пакет тежок 450 милијарди долари.
Лидерот на републиканците во Конгресот Ерик Кантор изјави дека неговите партиски колеги се подготвени да соработуваат со претседателот Барак Обама, во врска со неговиот економски пакет тежок 450 милијарди долари.„Подготвени сме да седнеме на маса и да донесеме мерки околу кои сите се согласуваме и така да им помогнеме на граѓаните. Републиканците секогаш беа против зголемување на даноците за било кого, ние во тоа едноставно не веруваме, а бидејќи претседателот Обама предлага даночни олеснувања за работниците и малите претприемачи мислам дека тоа е нешто околу што може да разговараме“, рече Кантор.Обама сака предлог мерките, наречени Закон за вработување, да бидат усвоени во Конгресот до крајот на годината. Но, тоа ќе оди многу тешко со оглед дека републиканците имаат мнозинство во Застапничкиот дом на Конгресот, а и вниманието на политичарите сè повеќе се насочува кон претседателските избори кои се за 14 месеци.Најголем дел од предложениот износ отпаѓа на даночни олеснувања, односно околу 240 милијарди долари. Со тоа за половина би се намалил данокот на приход, а даночните олеснувања се предвидуваат и за малите претприемачи, посебно за оние што ќе вработат нови работници.Обама предлага и продолжување на исплатата на надоместот за невработеност, а таа мерка ќе ја чини државата 49 милијарди долари. Исто се предлагаат 30 милијарди долари вредни инвестиции во модернизација на училиштата, како и 50 милијарди за обнова на сообраќајната инфраструктура. Овие државни инвестиции би требало да доведат до ново вработување на градежни работници. Исто така, 35 милијарди долари ќе се издвојат за помош на локалните власти за да се одржи сегашниот број на вработени учители, полицајци и пожарникари.Планот на Обама за вработување доаѓа во момент кога стапката на невработеност достигна 9,1 отсто, а присутно е стравувањето од можното враќање на рецесијата. /крај/рој/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Кочоска: 10,4 милиони евра е вредноста на првата транша која ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.
„Министерството за финансии денеска до Развојната банка ги префрли средствата од централниот Буџет, кадешто се планирани вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија. Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолни услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Дмитриевскса Кочоска и додаде:
„Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот“.
Економија
„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

Скопје, 5 март 2025 „Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот потпис е на маркетинг агенцијата Ефектива.
„Трајни културни вредности“ го претвори прекрасниот амбиент на Чифте Амам во храм на македонското културно наследство. Преку совршен микс од храна од речиси сите региони на државата, уметност и мелодиите на Дуке Бојаџиев, гостите имаа можност да отпатуваат назад во времето и со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција.
Гастрономското наследство, покрај на трпезата, беше пресликано и во изложба на графики од шест уметници, инспирирани од боите и вкусовите на најпрепознатливите македонски специјалитети. На настанот беше промовирано исклучително вредното дело „Патување низ гастрономското наследство“ – уметничка книга со ретки рецепти прикажани преку приказни и илустрации од пет македонски реномирани илустратори.
„Оваа награда е прекрасна потврда за целата иницијатива, ангажман и за ентузијазмот кој Халкбанк го вложи во проектот Трајни Културни Вредности, во чии рамки се реализираше и конкретниот настан минатата година. Навистина сме горди на ова признание, а истовремено и благодарни на комисијата на БЕАМ која ги препозна овој настан, целата организација околу истиот, креативноста и неговата вредност. И секако, неизмерно сме благодарни на нашите соработници од агенцијата Ефектива со кои го заживеавме и развиваме проектот Трајни Културни Вредности низ годините,“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк започната пред две години, чија главна цел е промоција и зачувување на културното наследство, а ваквите признанија се доказ дека тоа го прави на инспиративен и успешен начин.
ПР текст
Економија
Мицкоски: Економијата заздравува, буџетот се полни со предвидената динамика, доаѓаат убави времиња за граѓаните

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ДЗС за раст на БДП, изјави:
„Да го прокоментираме и растот на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал. Апсолутно тоа се први индикации дека економијата заздравува, дека одиме во правилна насока за помалку, би рекол од три квартала, ја стабилизиравме состојбата во државата, што беше практично и наша примарна цел. Да ја стабилизираме од слободниот пад, а потоа се разбира преку активни политики и домаќински политики, чесно и добро владеење, да успееме да обезбедиме раст на економијата“, кажа Мицкоски.
Во третиот квартал, како што потсети таа била 3%, сега е 3.2%.
Мицкоски очекува ваквиот тренд да продолжи во првиот квартал од оваа година.
„Очекувам уште една убава вест кон крајот на неделата. И мислам дека стратегијата да ја консолидираме, а потоа да ја придвижиме до точка нула и потоа да ја развиваме полека, но сигурно, вродило со плод. Порано од нашите очекувања се стабилизираа состојбите, буџетот се полни со предвидената динамика и ценам дека доаѓаат убави времиња за македонските граѓани.“