Економија
На Вол стрит пад на акциите за три отсто

Во четвртокот на Вол стрит цените на акциите се намалија за повеќе од три отсто, бидејќи низата од слаби макроекономски податоци ги засили стравувањата на инвеститорите од нова рецесија во развиените стопанства.
Во четвртокот на Вол стрит цените на акциите се намалија за повеќе од три отсто, бидејќи низата од слаби макроекономски податоци ги засили стравувањата на инвеститорите од нова рецесија во развиените стопанства. Индексот Dow Jones падна за 3,51 отсто на 19.733 бодови, додека S&P 500 за 3,19 проценти на 1.129 бодови а индексот Nasdaq беше снизен за 3,25 отсто на 2.455 бодови. Откако американската централна банка Фед предупреди на „значајните ризици од ослабување на стопанството“, во четвртокот следуваше серија слаби макроекономски податоци кои укажуваат на зголемената можност за лизгање на најголемите светски стопанства во рецесија. Во првото полугодие американското стопанство се зголемило само за 0,7 отсто на годишно ниво, што е најслаб раст од завршувањето на рецесијата во април 2009 година. Новите поттикнувачки мерки коишто Фед ги најави во средата, не влеваат доверба а предупредувањето за значајните ризици ги загрижи инвеститорите. Инвеститорите беа загрижени и од податоците коишто дојдоа од Кина, кои покажуваат дека индустриската активност во второто поп големина светско стопанство ослабела трет месец по ред, додека доминантниот сектор на услугите во еврозоната во септември забележал пад првпат во две години. Стравот од нова рецесија во САД и од ширењето на должничката криза во еврозоната што го поткопува стопанскиот раст во земјите од овој блок, не им даваат причина на инвеститорите за купување акции. „Тешко е да се најде што и да е позитивно за пазарот, и на американската и на меѓународната сцена. Пазарите зависат од довербата и сигурноста, а моментално го нема ниту едното, ниту другото“, вели Џ.Џ.Кинахан, стратег во компанијата „TD Ameritrade“. Поради тоа вчера VIX „индексот на стравот“ на Чикашката берза на опции се зголеми за 12 отсто на 41 бод, двојно повеќе од вообичаеното ниво., што покажува дека инвеститорите засилено се обезбедуваат од натамошен пад на цените на акциите.Дека вложувачите забрзано се повлекуваат од пазарите, покажува, пак, високиот обем на тргување. На Вол стрит, Аmerican Stock Exchange и Nasdaq.сопственоста во четвртокот ја замениле повеќе од 13 милијарди акции, значително повеќе над годинешниот просек од 7,8 милијарди. Притоа на NTSE повеќе од 2.720 акции ги изгубија вредностите, додека поскапеа само 340.И на европските берзи во четвртокот цената на акциите забележаа остар пад. Лондонскиот ФТСЕ индекс падна за 4,67 отсто на 5.041 бод, додека франкфуртскиот DAX се намали за 4,96 отсто на 5.164 бодови а парискиот CAC за 5,25 отсто на 2.781 бод./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.