Економија
Намален прометот, пад на МБИ10

Промет во износ од 9.333.863,41 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 8.224.253,41 денари беа реализирани на Официјалниот, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 1.109.610,00 денари.
Промет во износ од 9.333.863,41 денари остварен е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, од што 8.224.253,41 денари беа реализирани на Официјалниот, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 1.109.610,00 денари. Индексот МБИ10, по два дена раст, се намали за 0,56% и изнесуваше 2.171,83 поени. МБИД се намали за 0,58% и изнесуваше 2.300,83 поени, а ОМБ се намали за 0,08% и изнесуваше од 118,25 поени.Најголем промет на Официјалниот пазар беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 3.999.815,00 денари по просечна цена од 2.936,72 денари.Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Реплек АД Скопје со која беше остварен 858.030,00 денари промет по просечна цена од 39.001,36 денари.Трета беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварени 746.042,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 3.968,31 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М трета емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 93,50% и беа остварени 230.021,59 денари. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонски телеком АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 296.940,00 денари, по просечна цена од 505,00 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Реплек АД Скопје3. Алкалоид АД Скопје4. Стопанска банка АД Битола 5. Макпетрол АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Тутунска банка АД Скопје 1,98%2. ЗК Пелагонија АД Битола 0,47%3. Комерцијална банка АД Скопје 0,16%4. Алкалоид АД Скопје 0,11%5. Македонски телаком АД Скопје 0,07%Хартии од вредност со најголем пад1. Стопанска банка АД Скопје 5,26%2. Стопанска банка АД Битола 4,33%3. Гранит АД Скопје 2,58%4. Фершпед АД Скопје 2,33%5. РЖ Ладна валавница (ЦРМ) АД Скопје 1,96%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Македонија стана членка на СЕПА

Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи кон платежната област СЕПА, исполнувајќи една од најважните цели на патот кон членство во ЕУ.
„Од членството во СЕПА очекуваме бројни придобивки за нашите граѓани, компании, но и за економијата во целина. Пред сè очекуваме побрзи, побезбедни и поевтини прекугранични плаќања во евра. Ова е особено важно за македонската економија којашто се карактеризира со висок степен на трговска отвореност (еден од највисоките во ЦЈЕ) и голем обем на прекугранични плаќања. Оттаму, и потенцијалот за заштеда во трошоците, за подобрување на ликвидноста и за зголемување на конкурентноста на компаниите е голем. Секако, ова може да одигра значајна улога во процесот на натамошна трговска интеграција, забрзан економски раст и намалување на доходовниот јаз со ЕУ“, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во изјавата по повод одлуката на Европскиот совет за плаќања со што нашата земја стана членка на СЕПА.
Гувернерката истакна дека членството во СЕПА е потврда и за високите регулативни стандарди коишто се применуваат од страна на финансиските институции, што е важно за натамошно поттикнување на конкуренцијата, иновациите, но и за задржување на финансиската стабилност, како предуслов и за макроекономската стабилност којашто е јавно добро.
„Нашата економија се карактеризира и со релативно високи приливи на дознаки од странство, коишто достигнуваат и до 15% од БДП. Со оглед на тоа дека дознаките претставуваат значителен дел од расположливиот доход на населението, нема да изостанат придобивките и врз оваа основа“, истакна Ангеловска-Бежоска додавајќи дека за да станат сите овие можности реалност, од особена важност се добрата подготовка и брзото и ефективно приклучување на нашите давателите на платежни услуги кон европските платни системи.
„Овој успех е резултат на посветените напори на тимот на Народната банка, но и на Министерството за финансии и останатите регулаторни тела коишто работеа на усогласувањето на правната рамка и стандардите за работа на платните системи со европските, за што изразувам голема благодарност. Со овој значаен чекор, ја потврдуваме нашата заложба за финансиски напредок и за обезбедување на придобивките од оваа интеграција за секој граѓанин и бизнис во земјава“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.
Економија
Министерката по големиот интерес за угарските пари: Јас би застанала тука, да ги искористиме, па да видиме за дополнителни средства

Министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска за дополнителни средства за компаниите заинтересирани за кредити ќе зборува откога ќе се искористат сегашните 250 милиони евра обезбедени од унгарскиот кредит. Премиерот Христијан Мицкоски вчера извести дека компаниите веќе покажале интерес за вкупно 380 милиони, па добил инспирација да бара дополнителни евтини пари оти, како што рече, бизнисот е гладен.
„Добивме информација од сите банки дека побарувачката е многу поголема од она што го нудиме. Јас би застанала тука. Да ги искористиме средствата, а понатаму ќе видиме во втора фаза за одобрување дополнителни средства и можности за изнаоѓање од каде ќе ги изнајдеме дополнителните средства доколку се договориме за таква втора фаза“, рече министерката Димитриевска-Кочоска.
Таа смета дека сега целиот фокус треба да е на предвидените 250 милиони евра, но драго ѝ е што има интерес за многу повеќе оти додека преговарале, од коморите добила забелешки дека компаниите нема да покажат доволен интерес за кредити.
Домашните компании со проекти може да аплицираат во комерцијалните банки за кредит со каматна стапка од 1,95 процент и рок на отплата до 15 години, максималниот износ за кој може да аплицираат е 10 милиони евра.
Економија
(Видео) Митева: Порастот на БДП и странските директни инвестиции ги одразуваат стабилните економски перформанси

Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8 отсто, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра, објави владината портпаролка, Марија Митева.
„Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 отсто во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 проценти. Овие бројки ги одразуваат стабилните економски перформанси, поттикнати од стратешките политики, подобрените деловни услови и континуираните инвестиции во клучните сектори“, рече Митева.
Како што рече, во граадежништвото е забележан значителен раст од 13,2 отсто, а тоа ги потврдува зголемените инвестиции и активност во инфраструктурни проекти. Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП.
Зголемен е порастот и во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6 отсто.
Подеднакво значајна вест, рече Митева, е што 2024 година веќе постави историска пресвртница во странските директни инвестиции кои достигнаа 1милијарди и 255 милиони евра, највисока сума во историјата на Македонија. Овој извонреден прилив на инвестиции, додаде таа, е јасен доказ за довербата што ја имаат меѓународните инвеститори во нашата економија и нејзиниот иден потенцијал.