Економија
Европските берзи со остар раст по веста за намалување на стапката на ЕЦБ
Водечките европски берзански индекси реагираа со остар пораст по одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја намали основната каматна стапка.
Водечките европски берзански индекси реагираа со остар пораст по одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја намали основната каматна стапка.Во 13.55 часот по македонско време францускиот индекс на париската берза CAC 40 забележа пораст за 3,08 отсто на 3.206,7 поени. Германскиот индекс од франкфуртската берза DAX си додаде 2,20 отсто на 6.096,70 поени. Британскиот FTSE 100 индекс на лондонската берза скокна за 0,.56 проценти на 5.515,06 поени.Европската централна банка во четвртокот неочекувано одлучи да ја намали референтната каматна стапка од 0,25 процентни поени – за 1,25 отсто годишно.Каматната стапка на банкарските депозити на ЕЦБ, исто така, ќе се намали од 0,25 процентни поени – 0,5 отсто. Одлуката на регулаторите ќе стапи на сила на 9-ти ноември.ЕЦБ двапати оваа година ја зголеми клучната каматна стапка – во април до 1,25 отсто со исклучително ниско ниво на 1,00 процент, на коешто се наоѓаше во мај 2009 година, и подоцна во јули од 0,25 процентни поени – до 1,5 отсто.Во четвртокот финансиските пазари го очекуваа првиот јавен настап откако е на чело на Европската централна банка на Италијанецот Марио Драги, кој ја презеде функцијата на 1-ви ноември од дотогаш главниот европски финансиски регулатор Французинот Жан-Клод Трише. Новиот шеф на ЕЦБ треба да ја појасни моменталната ситуација во европската економија, изгледите за нејзиниот развој, како и мерките за негово поддржување а се однесува на прашањето за борба против забрзување на инфлацијата и должничкиот проблем.Клучната каматна стапка е еден од регулаторните инструменти на инфлацијата. Аналитичарите, повикувајќи се на податоци од Европската централна банка, забележуваат дека влијанието на зголемувањето на стапката врз реалната економија обично се јавува со задоцнување од 18 месеци а врз цените по уште подолг временски период.На претходниот состанок, ЕЦБ го продолжи дејствувањето на безлимитните аукции до средината на 2012 година – за девет месечен период. Регулаторот, исто така, го продолжи купувањето обврзници од земјите од еврозоната на пазарот за да се намалат нивните приходи и да се „оладат“ европските берзи. Во ноември, треба да почне да се спроведува програмата за откуп на обврзниците обезбедени од европските банки, за што основните детали беа објавени еден месец порано (во обем од 40 милијарди евра, купувања на официјалниот и редовниот пазар), за што се очекува детали да соопшти Драги на прес-конференцијата во текот на четвртокот./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.
Економија
Нова потенцијална инвестиција на компанијата „Интекар глобал“
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со генералниот менаџер на компанијата Интекар Глобал, Махмутхан Келеш. Средбата, која претставува продолжение на разговорите започнати минатиот месец, беше посветена на разгледување на конкретни можности за потенцијално инвестирање од минимум 20 милиони евра.
Директорот Димовски ги претстави активностите и приоритетите на Владата, при што ја истакна подготвеноста за поддршка на компании кои планираат проширување на своето присуство и реализација на развојни проекти кои носат висока додадена вредност.
Од страна на Махмутхан Келеш, генерален менаџер на компанијата Интекар Глобал беа презентирани досегашните резултати, како и визијата за натамошен развој, при што беше нагласен интересот за продлабочување на соработката и разгледување на можности за потенцијална инвестиција од минимум 20 милиони евра. Во тој контекст, беше потенцирана важноста на стабилната деловна средина и институционалната поддршка за успешно реализирање на долгорочни деловни планови.
Компанијата Интекар Глобал која веќе подолг период работи во Индустриската зона Дуброво, Неготино е водечки производител во индустријата за кабли со широк спектар на производи, од нисконапонски до средно напонски кабли, соларни кабли и специјални кабли. Компанијата е препознаена по високите стандарди за квалитет, флексибилноста во прилагодување на барањата на клиентите и силниот акцент на технолошки развој и енергетска ефикасност.
Оваа средба – продолжение на разговорите започнати ноември годинава, претставува дел од концептот посветен на активна комуникација и соработка со сите инвеститори. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, останува и понатаму посветена на создавање стабилна и предвидлива деловна средина, преку партнерски однос со инвеститорите и институционална поддршка за реализација на инвестиции што придонесуваат кон економски раст и отворање нови работни места.

