Економија
„Комерцбанк“ во загуба поради грчката криза

Грчката должничка ја бутна Commerzbank во загуба од 687 милиони евра во третото тримесечје, соопшти во петокот вториот по големина германски кредитор.
Грчката должничка ја бутна Commerzbank во загуба од 687 милиони евра во третото тримесечје, соопшти во петокот вториот по големина германски кредитор.Загубата покажува дека должничката криза во еврозоната може да ги потресе финансиските банки, што е еден од главните извори на стравувањата за политичките лидери од Европската унија. Во минатогодишнот квартал за истиот период, банката оствари нето добивка од 113 милиони евра.Во Commerzbank наведуваат дека во периодот од јуни до крајот на септември отпишале 798 милиони евра грчки долг, со што неговата вредност е намалена за 52 отсто. Банката ја намалила изложеноста на Грција, Ирска, Италија, Португалија и Шпанија за вкупно 20 отсто на 13 милијарди евра. Од банката најавуваат дека ќе го зајакнат билансот со намалувањето на ризичните вложувања и стопирањето на пласманот на кредити надвор од Германија и од Полска.Исто така, банката додава дека се откажала од определената оперативна добивка во идната година во износ од четири милијарди евра. /крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.
Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.
„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.
Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.
„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.
Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.
„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.
Економија
Орбан се договорил со Трамп? Унгарија може ќе се спаси од американските царини

Унгарија и САД се во процес на договарање на економски пакет што треба да ѝ помогне на унгарската економија и да ги ублажи последиците од евентуалните американски царини за производите од Европската Унија. Ова го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, нагласувајќи дека договорот ќе ја зајакне економската стабилност на земјата.
Орбан, кој важи за долгогодишен сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, посочи дека ваквата соработка ќе придонесе за дополнително продлабочување на политичкото партнерство меѓу двете земји. Според него, договорот ќе ѝ овозможи на Унгарија да ги минимизира штетите од евентуален трговски судир меѓу Вашингтон и Брисел.
„Секое членство во Европската Унија подразбира одредени економски последици, а во случај на американски царини, Унгарија ќе биде погодена како и сите останати земји. Засега не можеме со сигурност да кажеме колкави ќе бидат загубите, но е јасно дека нема да можеме да ги избегнеме“, изјави Орбан на годишната конференција на унгарската трговска и индустриска комора.
Според унгарскиот премиер, Владата веќе работи на постигнување на билатерален договор со САД кој би ја заштитил економијата. Во тек се и преговори за обновување на даночниот договор, кој беше укинат за време на претходната американска администрација.
„Одредени елементи од новиот договор ќе ни овозможат да ги ублажиме економските загуби и да осигуриме финансиска стабилност преку конкретни мерки“, додаде Орбан.
Иако трговската размена меѓу Централна и Источна Европа и САД е релативно мала, Будимпешта сака да осигура дека Унгарија ќе биде во најдобра можна позиција во случај на економски потреси.
Економија
Штрајк во Германија, утре аеродромите затворени, а летовите откажани

Аеродромот во Хамбург денеска е затворен поради штрајк организиран од синдикатот Верди, а утре се очекуваат слични мерки и на другите големи германски аеродроми, вклучувајќи ги Франкфурт, Минхен и Берлин.
Вработените на аеродромите, како и персоналот за земјени услуги, ракувачите со багаж и обезбедувањето, ќе стапат во еднодневен штрајк, што ќе предизвика големи нарушувања во авионскиот сообраќај.
Очекувањата се дека ќе има сериозни ограничувања за полетување и слетување на авиони, со што се прогнозира откажување на значителен број летови. Со оглед на состојбата, патниците се советуваат да ги проверат своите летови и да се подготват за значителни забавувања или откажувања.