Економија
Застапникот на Ивеко отвара сервисно-продажен центар крај Скопје

Свеченото отворање на новиот сервисно-продажен центар на „Каргомакс“, официјален застапник за Iveco возилата, најавено е за денеска во околината на Скопје.
Свеченото отворање на новиот сервисно-продажен центар на „Каргомакс“, официјален застапник за Iveco возилата, најавено е за денеска во околината на Скопје.
Новиот сервисно-продажен центар во Скопје ќе биде отворен во Миладиновци општина Илинден.
Каргомакс ја започна својата дејност како официјален застапник за Iveco возилатаво 2007 година и во моментов има две филијали: новоотворениот сервисно -продаженцентар во Скопје и сервисно-продажен центар во изградба во Струмица.
Предвидено е на настанот да се обратат италијанскиот амбасадор во Македонија, Фабио Кристијани и сопственикот на Каргомакс Коста Кипровски. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.
Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.
„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.
Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.
„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.
Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.
„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.
Економија
Орбан се договорил со Трамп? Унгарија може ќе се спаси од американските царини

Унгарија и САД се во процес на договарање на економски пакет што треба да ѝ помогне на унгарската економија и да ги ублажи последиците од евентуалните американски царини за производите од Европската Унија. Ова го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, нагласувајќи дека договорот ќе ја зајакне економската стабилност на земјата.
Орбан, кој важи за долгогодишен сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, посочи дека ваквата соработка ќе придонесе за дополнително продлабочување на политичкото партнерство меѓу двете земји. Според него, договорот ќе ѝ овозможи на Унгарија да ги минимизира штетите од евентуален трговски судир меѓу Вашингтон и Брисел.
„Секое членство во Европската Унија подразбира одредени економски последици, а во случај на американски царини, Унгарија ќе биде погодена како и сите останати земји. Засега не можеме со сигурност да кажеме колкави ќе бидат загубите, но е јасно дека нема да можеме да ги избегнеме“, изјави Орбан на годишната конференција на унгарската трговска и индустриска комора.
Според унгарскиот премиер, Владата веќе работи на постигнување на билатерален договор со САД кој би ја заштитил економијата. Во тек се и преговори за обновување на даночниот договор, кој беше укинат за време на претходната американска администрација.
„Одредени елементи од новиот договор ќе ни овозможат да ги ублажиме економските загуби и да осигуриме финансиска стабилност преку конкретни мерки“, додаде Орбан.
Иако трговската размена меѓу Централна и Источна Европа и САД е релативно мала, Будимпешта сака да осигура дека Унгарија ќе биде во најдобра можна позиција во случај на економски потреси.
Економија
Штрајк во Германија, утре аеродромите затворени, а летовите откажани

Аеродромот во Хамбург денеска е затворен поради штрајк организиран од синдикатот Верди, а утре се очекуваат слични мерки и на другите големи германски аеродроми, вклучувајќи ги Франкфурт, Минхен и Берлин.
Вработените на аеродромите, како и персоналот за земјени услуги, ракувачите со багаж и обезбедувањето, ќе стапат во еднодневен штрајк, што ќе предизвика големи нарушувања во авионскиот сообраќај.
Очекувањата се дека ќе има сериозни ограничувања за полетување и слетување на авиони, со што се прогнозира откажување на значителен број летови. Со оглед на состојбата, патниците се советуваат да ги проверат своите летови и да се подготват за значителни забавувања или откажувања.