Економија
ЕБОР и позајми на Македонија 65 млн евра за „Бошков мост“
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска објави дека и одобрува заем од 65 милиони евра на Република Македонија за изградба на хидроцентралата Бошков мост.
Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска објави дека и одобрува заем од 65 милиони евра на Република Македонија за изградба на хидроцентралата Бошков мост.Средствата ќе му бидат одобрени на друштвото за производство на електрична енергија во државна сопственост АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), се вели во соопштението на ЕБОР.Новата хидроцентрала Бошков мост, која ќе биде изградена во близина на градот Дебар во западниот дел од земјата, ќе биде со производствен капацитет од 70 MW.Изградбата на хидроцентралата ќе и овозможи на Репубика Македонија да го намали увозот на електрична енергија и ќе го намали интензитет на јаглерод диоксид во земјата, проценет на 95.000 тони јаглерод диоксид годишно. „Изградбата на новата хидроцентрала е значаен проект за Македонија, со кој ќе се зголеми нивото на безбедност и стабилноста на енергетскиот систем на земјата. ЕБОР со задоволство го поддржува овој важен проект, кој ќе биде развиен и изграден во согласност со најдобрите еколошки практики и ќе придонесе кон натамошните реформи во енергетски сектор,“ изјави Нандита Паршад, Директор за енергија и енергетика во ЕБОР. „Бошков мост е најголемата инвестиција од ваков тип во македонскиот енергетски сектор во последнава деценија. Владата и во иднина ќе продолжи со реализација на капитални проекти кои ќе придонесат кон подобрување на стопанската структура, зголемување на конкурентноста на националната економија, повисок економски раст и порамномерен економски развој“, истакна Зоран Ставрески, Вицепремиер и Министер за финансии.„Проектот Бошков мост е вклучен во Националната стратегија за енергетски развој, како и во Националната стратегија за развој на обновливите енергетски ресурси, како хидро-енергетски проект планиран да го подобри количеството и структурата на произведената електрична енергија во Република Македонија. Реализацијата на овој проект ќе придонесе за остварување на критериумите зацртани од ЕУ според кои 20% од вкупното производство на електрична енергија во земјата треба да биде од обновливи енергетски извори до 2020 година“, истакна Влатко ×ингоски, Генерален директор на АД ЕЛЕМ.Заемот на ЕБОР е надополнет со 340.000 евра, грант од Специјалниот фонд на акционерите на Банката, за обезбедување техничка и еколошка длабинска анализа. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Министерката за енергетика во посета на лабораторијата за проверка на броила на Електродистрибуција Скопје
Телото за инспекција на броила за електрична енергија на Електродистрибуција кое е акредитирано по меѓународни стандарди и служи за метролошко испитување на броилата, денес беше посетено од Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Ова тело врши проверка на исправноста на броилата по барање на корисниците. Неговата работа опфаќа редовна и вонредна проверка на броилата, метролошка контрола на нивниот квалитет, како и вонредна инспекција на исправноста на броилата (А-тест) со цел да се обезбеди точност, сигурност и доверливост при мерењето на потрошената електрична енергија.
Посетата произлезе по реализација на 13-тата редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кои повторно годинава потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020.
Министерката Божиновска, во придружба на директорот на Бирото за метрологија, Седад Рушани, ја разгледаа опремата што се користи во лабораторијата, вклучувајќи ги и седумте современи испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ.
Тие се запознаa со професионалниот тим кој секојдневно обезбедува прецизни, сигурни и транспарентни метролошко испитувања на броилата.
„Нашата земја располага со висококвалификувани лаборатории кои работат според највисоките меѓународни стандарди. Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на Електродистрибуција е пример за професионализам и транспарентност. Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес.“ порача Божиновска.
Менаџерскиот тим на Електродистрибуција, нагласи дека компанијата ќе продолжи да вложува во развој на технологијата и обуката на стручниот тим со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во процесот на испитување на броилата со највиски стандарди на квалитет. Од 2012 година кога Телото за инспекција на броила прв пат било акредитирано, компанијата успешно ја обновува акредитацијата пред највисоките државни тела, секогаш со позитивна оценка.
„Во Електродистрибуција вложуваме во знаење, технологија и системи кои обезбедуваат точност и објективност во процесот на испитување на броила. Во овој процес секој детал е важен, од најсовремената опрема до стручноста на тимот кој стои зад секоја проверка.“ истакна менаџерскиот тим на Електродистрибуција. Тимот на Електродистрибуција пред присутните детално ја презентираа технологијата, процесите и постапките кои се практикуваат во насока на спроведување на активностите поврзани со проверка и метролошко тестирање на броилата.
Економија
Голема промена на летовите на „Рајанер“, грешката ќе ве чини скапо
Нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ целосно ги елиминира своите шалтери за пријавување, преминувајќи на исклучиво дигитално работење. Патниците сега мора да се пријават онлајн и да имаат дигитална или испечатена карта за влез во авионот со себе.
Според новите правила, сите патници мора да се пријават преку апликацијата на „Рајанер“ или официјалната веб-страница пред да пристигнат на аеродромот. По пријавувањето онлајн, тие мора да ја преземат картата за влез во авионот на својот мобилен телефон или да ја испечатат. Без една од овие две опции, влезот во авионот нема да биде можен.
Иако шалтерите за пријавување се елиминираат, патниците што патуваат со багаж сè уште ќе можат да ги користат шалтерите за самопослужување за оставање багаж. Со други зборови, промената се однесува само на процесот на пријавување, додека системот за оставање багаж останува ист.
„Рајанер“ е познат по своите строги правила и високи такси, а новата дигитална политика не е исклучок. Патниците кои нема да се пријават за својот лет преку интернет пред да пристигнат на аеродромот ќе мора да платат 55 евра по лице за да се пријават на лице место.
Компанијата соопшти дека новата политика моментално се применува на аеродромот во Даблин, како дел од тест фазата. Целта, велат тие, е да се „подобри искуството на клиентите и да се зголеми оперативната ефикасност“ со намалување на редиците и забрзување на процесот на поминување низ аеродромот со охрабрување на патниците да прават сè дигитално пред да пристигнат на аеродромот.
Економија
„Контролата на броилата предуслов за доверба во енергетскиот систем“ – Божиновска во посета на лабораторијата на „Електродистрибуција“
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети акредитираната лабораторија за проверка на броила на електрична енергија при Електродистрибуција, која повеќе од една деценија служи за контролата на мерењето и исправноста на броилата.
Посетата следи по реализираната 13-та редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, кои годинава повторно потврдија дека Телото за инспекција на броила целосно ги исполнува барањата на меѓународниот стандард МКС ЕN ISO/IEC 17020.
Тимот на Електродистрибуција пред министерката детално ја презентираше технологијата, постапките и безбедносните протоколи што се применуваат во процесот на метролошко тестирање на броилата. Министерката Божиновска ја разгледа современата опрема, меѓу која и седум испитни станици произведени од германската компанија ЕМХ, и се запозна со инженерите и стручниот кадар кој секојдневно обезбедува прецизно, сигурно и транспарентно тестирање на броилата што ги користат потрошувачите низ целата држава.
„Прецизното испитување на броилата е клучен сегмент во создавање доверба кај потрошувачите, бидејќи секој граѓанин треба да биде сигурен дека плаќа за реално потрошена енергија. Резултатите од последната надзорна оценка потврдуваат дека Телото за инспекција на броила на електродистрибуција целосно ги исполнува барањата,“ изјави министерката Божиновска.
Министерката додаде дека Министерството за енергетика ќе продолжи со редовни обиколки и контроли на ваквите институции, со цел лично да се увери во точноста, транспарентноста и квалитетот на процесите што се од најголемо значење за граѓаните.
„Ваквите лаборатории мора да бидат модерни, сертифицирани и кредибилни, за граѓаните да знаат дека постои место каде можат да ја проверат исправноста и точноста на своето броило. Тоа е прашање на фер однос, доверба и јавен интерес,“ порача Божиновска.
Во посетата на лабораторијата заедно со министерката Божиновска присуствуваше и директорот на Бирото за метрологија, Седат Рушани. Од Министерството информираат дека и во Бирото за метрологија ќе биде ставена во функција современата опрема за државна контрола и верификација на броилата, која повеќе години бил неискористена. Со ова, граѓаните ќе добијат можност за независна државна проверка на исправноста на своите броила, директно во институција под надлежност на државата, што ќе придонесе за зголемена транспарентност, доверба и правичност во мерењето и наплатата на потрошената енергија.
Од страна на менаџерскиот тим на Електродистрибуција пак беше нагласено дека компанијата континуирано инвестира во развој на технологијата и во обука на стручниот кадар, со цел да ја задржи високата прецизност и објективност во испитувањето на броилата.

