Економија
Италијанска криза: сенатот гласа за мерките за штедење
Италијанскиот сенат денеска одржува расправа – проследена со гласање – во врска со мерките за штедење дизајнирани да се избегне ситуацијата во која третата економија во еврозоната би морала да биде спасувана од ЕУ или други институции.
Италијанскиот сенат денеска одржува расправа – проследена со гласање – во врска со мерките за штедење дизајнирани да се избегне ситуацијата во која третата економија во еврозоната би морала да биде спасувана од ЕУ или други институции.
Се очекува мерките да бидат прифатени, по што Долниот дом треба утре да ги потврди и да го отвори патот за оставка на премиерот Силвио Берлускони.
Берлускони, кој го изгуби парламентарното мнозинство на гласањето во вторникот, вети дека ќе даде оставка веднаш штом мерките за штедење бидат усвоени и во двата дома на парламентот.
Италијанските законодавци сега ја разгледуваат и можноста за формирање на технократска влада, предводена од поранешниот еврокомесар Марио Монти. Како ценет економист, Монти, сметаат Италијаните, е вистинскиот човек кого финансиските пазари би сакале да го видат на чело на владата во време на криза.
Италијанскиот претседател Џорџио Наполитано го прогласи Монти за доживотен сенатор, што значи дека и тој ќе може да учествува во денешното гласање. Ако гласањето во двата дома навистина заврши до утре, тогаш оставката од берлускони може да се очекува веќе утревечер и претседателот ќе може да го понуди мандатот за формирање на технократската влада.
Италијанските политичари се веќе очајни да ги убедат финансиските пазари дека можат да ги држат финансиите на земјата под контрола. Вчера заработката од италијанските државни обврзници благо падна, на 6, 087 проценти за едногодишни задолжувања, но таа на обврзниците со рок на доспевање од 10 години и натаму е во близина на критичните седум проценти. Над овој процент, инвеститорите сметаат дека долгот е неодржлив и престануваат да ги купуваат обврзниците.
Заработка на обврзниците од седум проценти доведе до тоа Ирска, Португалија и Грција да прогласат неможност за плаќање на обврските и да мора да бидат спасувани од останатите членки на еврозоната. Ако тоа се случи со третата по големина економија во еврозоната, никој не може со сигурност да ја гарантира дури и иднината на еврото.
Пакетот мерки за штедење за кои се дискутира денеска предвидува заштеда од 59,8 милијарди евра преку комбинација од штедење и зголемување на даноци, се со цел буџетот да се избалансира до 2014 година.
Меѓу другото, мерките предвидуваат зголемување на ДДВ-то од 20 на 21 процент, замрзнување на платите во јавниот сектор до 2014 година. Исто така, возраста за пензионирање на жените во приватниот сектор постепено ќе расте, од 60 во 2014 до 65 во 2026 година,, што е иста возраст како и за мажите.
Ќе бидат засилени мерките за борба против даночната евазија, со тоа што ќе се воведе лимит на трансакциите во готово на 2.500 евра.
Вчера во Рим започна со работа и тим на ЕУ, кој ќе ја надгледува процедурата за спроведување на мерките за штедење и намалување на должничкиот товар, кој сега изнесува 120 проценти од БДП-то на земјата. Италијанската економија во изминативе 15 години имаше просечен раст од само 0,75 проценти. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

