Контакт

Економија

„S&P“ по грешка објави одлука за намалување на францускиот рејтинг

Објавено пред

Агенцијата за рејтинзи „Standard & Poor’s“ по грешка на одредени корисници во четвртокот им испратила порака во која стои информацијата оти го намалила францускиот кредитен рејтинг.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата за рејтинзи „Standard & Poor’s“ по грешка на одредени корисници во четвртокот им испратила порака во која стои информацијата оти го намалила францускиот кредитен рејтинг.„Поради техничка грешка пораката денеска автоматски испратена на некои претплатници на порталот на S&P – ’Global Credit’, укажувајќи на намалување на францускиот кредитен рејтинг“, се наведува во соопштението што агенцијата го препратила доцна попладнето во четвртокот. „Тоа не се случи, рејтингот на Република Франција и натаму е ’ААА/А-1+’, со стабилна прогноза и инцидентот нема никаква врска со активностите на надзорот на рејтингот. Ја истражуваме причинат аза грешката“, се наведува во писмената изјава од „S&P“ што ја цитира AFP.Регулаторот за пазарот во Франција, агенцијата AМF, исто така, соопшти дека истражува како можело да дојде до ваква грешка. Пораката беше испратена на денот кого разликите во приносите на француските и германските државни обврзници достигнаа рекордно ниво. На крајот од тргувањето во четвртокот, приносите на француските 10-годишните обврзници изнесуваа 3,456 отсто а на германските 1.776 отсто. Мината седмица рејтинг агенцијата „Moody’s“ предупреди дека финансиската сила на Франција ослабела и дека земјата спаѓа меѓу земјите коишто се најслаби во групата на оние со највисок кредитен рејтинг ’ААА’. Во „Moody’s“ најавија дека во рок од три месеца ќе донесат одлука дали ќе ја изменат сегашната стабилна прогноза за Франција, со што сигнализираа дека размислуваат за намалување на нејзиниот рејтинг./крај/афп/сн

Економија

Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.

dobivaj vesti na viber

„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.

Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.

„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.

На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.

„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.

Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.

„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.

Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.

„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.

Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.

Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.

„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Нова потенцијална инвестиција на компанијата „Интекар глобал“

Објавено пред

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со генералниот менаџер на компанијата Интекар Глобал, Махмутхан Келеш. Средбата, која претставува продолжение на разговорите започнати минатиот месец, беше посветена на разгледување на конкретни можности за потенцијално инвестирање од минимум 20 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

Директорот Димовски ги претстави активностите и приоритетите на Владата, при што ја истакна подготвеноста за поддршка на компании кои планираат проширување на своето присуство и реализација на развојни проекти кои носат висока додадена вредност.

Од страна на Махмутхан Келеш, генерален менаџер на компанијата Интекар Глобал беа презентирани досегашните резултати, како и визијата за натамошен развој, при што беше нагласен интересот за продлабочување на соработката и разгледување на можности за потенцијална инвестиција од минимум 20 милиони евра. Во тој контекст, беше потенцирана важноста на стабилната деловна средина и институционалната поддршка за успешно реализирање на долгорочни деловни планови.

Компанијата Интекар Глобал која веќе подолг период работи во Индустриската зона Дуброво, Неготино е водечки производител во индустријата за кабли со широк спектар на производи, од нисконапонски до средно напонски кабли, соларни кабли и специјални кабли. Компанијата е препознаена по високите стандарди за квалитет, флексибилноста во прилагодување на барањата на клиентите и силниот акцент на технолошки развој и енергетска ефикасност.

Оваа средба – продолжение на разговорите започнати ноември годинава, претставува дел од концептот посветен на активна комуникација и соработка со сите инвеститори. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, останува и понатаму посветена на создавање стабилна и предвидлива деловна средина, преку партнерски однос со инвеститорите и институционална поддршка за реализација на инвестиции што придонесуваат кон економски раст и отворање нови работни места.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Дислокација на Цементарница не е проблем, но не може како на шведска маса да бираме што да анализираме, а што не, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека решение за воздухот во Скопје е системско решение кое ќе понуди алтернативен начин за загревање...

Македонија1 час

Беким Сали ја презеде функцијата министер за европски прашања

Денеска, во Министерството за европски прашања беше извршено примопредавање на функцијата министер за европски прашања по вчерашната одлука на Собранието,...

Македонија2 часа

Пановски предупредува: Се шират лажни видеа со мојот лик, не купувајте такви производи

Микробиологот, професор и доктор Никола Пановски преку објава на Фејсбук предупреди дека повторно се шират лажни видеа и реклами со...

Македонија3 часа

Советот на Град Скопје изгласа иницијатива за дислокација на цементарницата „Усје“

Советот на Град Скопје едногласно ја прифати иницијативата за дислокација на цементарницата „Усје“, поднесена од Зелен хуман град, по 13-часовна...

Топ3 часа

Уапсен кумановец на Табановце, шверцувал стари монети

Полицијата уапси кумановец на Граничниот премин Табановце, во неговото возило биле пронајдени стари монети. Вчера во 20:18 часот на Граничен...

Македонија4 часа

Филипче да одговори дали има удел во бизнисот на Заев за изградба на 42-катницата во Дубаи, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДС продолжува на дневна основа да штанца долги, бесмислени и конфузни соопштенија без никаква суштина, но ги нема збор да...

Свет5 часа

Полска пресретна руски авион над Балтикот, воздушниот простор е нарушен од Белорусија

Полска испрати борбени авиони да пресретнат руски извидувачки авион што леташе близу до нејзиниот воздушен простор над Балтичкото Море и...

Свет6 часа

Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори

Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со...

Македонија7 часа

Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во...

Македонија20 часа

Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни

„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил,...

Македонија20 часа

„Чичко, прскај нè оти така полесно дишеме“: Николов со потресно сведочење за трагедијата во„Пулс“

На денешното судско рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“, сведокот Дејан Николов, сопственик на автосервис во близина на дискотеката, во...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче до Мицкоски: Граѓаните ли се талог затоа што ја критикуваат власта?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната седницата за пратенички прашања во Собранието го праша премиерот Христијан Мицкоски дали кога...

Топ1 ден

Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар...

Македонија1 ден

Мицкоски: Груби побара да се избрише балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување на граѓаните Албанци

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека...

Македонија1 ден

(Видео) Дали Венко, кој има златна виза за Дубаи, е партнер на Заев во градењето на 40-катницата во Дубаи, прашува Манасиевски

„Денес откриваме нови факти за бизнисите на Зоран Заев и Венко Филипче во Дубаи. По сведоштвото од страна на Томе...

Македонија1 ден

Нацев кажа дека не бил во земјата кога се случи пожарот во „Пулс“ и се пожали на медиумски и јавен линч од безбедносни аналфабети

Судот ги слушна воведните зборови на сите 35 физички и три правни лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“,...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски за состојбата во која е затекнат Градот: Наследивме катастрофални 40, а сега имаме 400 милиони денари на сметка

На денешната седница на Советот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на град Скопје, се обрати со јасна и отворена...

Топ1 ден

(Фото) Спречен нелегален транспорт на оружје од Турција во Македонија

Вчера, со брза размена на информации преку центарот SELEC со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската...

Македонија1 ден

Денес завршуваат воведните зборови на одбраната и почнува сослушувањето сведоци за пожарот во „Пулс“

Со воведни зборови на бранителите на агенцијата за обезбедување „Рубикон“, на компанијата „ММММ кафе“ и на Александар Нацев како неформален...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно...