Економија
Италијанскиот сенат ги одобри мерките за штедење
Италијанскиот сенат ги одобри мерките за намалување на државниот долг, во обид да ја поврати довербата на инвеститорите и да го отвори патот за новата технократска влада, предводена од поранешниот еврокомесар за конкуренција, Марио Монти.
Италијанскиот сенат ги одобри мерките за намалување на државниот долг, во обид да ја поврати довербата на инвеститорите и да го отвори патот за новата технократска влада, предводена од поранешниот еврокомесар за конкуренција, Марио Монти.
Сенатот во Рим гласаше со 156 гласа „за“ и 12 „против“ за пакетот мерки кои Италија и ги вети на ЕУ, во обидот да се поттикне растот и да се намали долгот од 1,9 трилиони евра, четврти по големина во светот. Опозицијата се воздржа од гласањето, со што овозможи законот да биде изгласан.
Утре конечната согласнот треба да ја даде и Пратеничкиот дом, со што ќе биде заокружен процесот на усвојување на мерките и ќе се создадат услови досегашниот премиер Силвио Берлускони да го исполни ветувањето и да даде оставка „по една минута“, како што рече претседателот на Пратеничкиот дом, Џанфранко Фини.
Ветувањето на берлускони дека ќе даде оставка и брзата постапка за донесување на мерките за штедење предизвикаа пад на заработката од италијанските 10-годишни државни обврзници втор ден по ред, на сегашните 6,67 проценти. Пред три дена заработката ги достигна психолошките седум проценти, праг над кој инвеститорите сметаат дека долгот е неодржлив и престануваат да купуваат. Таквата ситуација веќе ги присили Грција, Португалија и Ирска да побараат помош за спас од банкрот од ЕУ и од ММФ.
По речиси извесната оставка на Берлускони утре по гласањето во Претставничкиот сом, италијанскиот претседател Џорџо Наполитано треба да започне консултации со сите релевантни политички партии за да обезбеди поддршка за новата технократска влада, предводена од Марио Монти. Ако не успее, наполитано ќе мора да закаже предвремени избори.
Опозициските партии веќе навестија дека би поддржале технократска влада, со што претседателот може до 13 ноември да ги заврши преговорите и да му го понуди мандатот на Монти. Ваквата влада нема да може да функционира подолго од законскиот рок за мандатот на сегашната влада, кој истекува во април 2013 година.
Италија има долга традиција во времиња на криза да се повикува на лидери кои не се дел од партиите застапени во парламентот, или таканаречена техничка (технократска) влада. Монти, кој има 68 години, мина речиси цела деценија во Брисел како еврокомесар, а и претходно уживаше широка поддршка дома во Италија. Тој првпат беше назначен во еврокомисијата од страна на Берлускони во 1994 година, а неговиот мандат го потврди и опозицијата која дојде на власт по падот на првата влада на Берлускони.
Италија е во многу подобра состојба од повеќето членки на еврозоната. Нејзиниот буџетски дефицит минатата година изнесуваше 4,6 проценти, само малку повеќе од германскиот, кој беше 4,3 проценти и многу помалку од буџетските дефицити на Британија и на Франција. Италија, исто така, има вишок во примарниот буџет, со што се исклучува плаќање на камати на долгот.
Сепак, долгот од речиси 120 проценти од БДП-то на земјата и економскиот раст од просечни 0,75 проценти изминатава деценија ги прав инвеститорите нервозни, што доведе до растот на цената за задолжување на земјата. Италијанското стопанство оствари мал раст и во првите три квартали на оваа година, а експертите очекуваат натамошен пад во последниот квартал. /крај/Bloomberg/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.
Економија
Нова потенцијална инвестиција на компанијата „Интекар глобал“
Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски оствари средба со генералниот менаџер на компанијата Интекар Глобал, Махмутхан Келеш. Средбата, која претставува продолжение на разговорите започнати минатиот месец, беше посветена на разгледување на конкретни можности за потенцијално инвестирање од минимум 20 милиони евра.
Директорот Димовски ги претстави активностите и приоритетите на Владата, при што ја истакна подготвеноста за поддршка на компании кои планираат проширување на своето присуство и реализација на развојни проекти кои носат висока додадена вредност.
Од страна на Махмутхан Келеш, генерален менаџер на компанијата Интекар Глобал беа презентирани досегашните резултати, како и визијата за натамошен развој, при што беше нагласен интересот за продлабочување на соработката и разгледување на можности за потенцијална инвестиција од минимум 20 милиони евра. Во тој контекст, беше потенцирана важноста на стабилната деловна средина и институционалната поддршка за успешно реализирање на долгорочни деловни планови.
Компанијата Интекар Глобал која веќе подолг период работи во Индустриската зона Дуброво, Неготино е водечки производител во индустријата за кабли со широк спектар на производи, од нисконапонски до средно напонски кабли, соларни кабли и специјални кабли. Компанијата е препознаена по високите стандарди за квалитет, флексибилноста во прилагодување на барањата на клиентите и силниот акцент на технолошки развој и енергетска ефикасност.
Оваа средба – продолжение на разговорите започнати ноември годинава, претставува дел од концептот посветен на активна комуникација и соработка со сите инвеститори. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, останува и понатаму посветена на создавање стабилна и предвидлива деловна средина, преку партнерски однос со инвеститорите и институционална поддршка за реализација на инвестиции што придонесуваат кон економски раст и отворање нови работни места.

