Економија
Лидерите на АПЕК со трговија ќе се борат против падот на глобалната економија
Лидерите на 21-та држава – членки на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка (АПЕК) се обврзаа дека ќе ги намалат трговските пречки и ќе ја поддржат чистата енергија, за да им се спротивстават на ризиците кои можат да доведат до пад на глобалната економија.
Лидерите на 21-та држава – членки на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка (АПЕК) се обврзаа дека ќе ги намалат трговските пречки и ќе ја поддржат чистата енергија, за да им се спротивстават на ризиците кои можат да доведат до пад на глобалната економија.
Во декларација од самитот во Хонолулу, на американскиот остров Хаваи, лидерите на АПЕК нагласуваат дека растот и создавањето на работни места се ослабени во многу економии и дека финансиските предизвици во Европа придонесуваат кон глобалната несигурност.
„Тие предизвици само ја зајакнаа нашата обврска за соработка при прогресот“, наведуваат лидерите во декларацијата и се обврзуваат на борба против протекционизмот и на побрза транзиција кон економија со ниски емисии на јаглерод.
„Го препознаваме фактот дека натамошната либерализација на трговијата е витална за постигнување на одржливо глобално заздравување по рецесијата во 2008 и 2009 година“, се вели во завршната декларација.
Во декларацијата се истакнува и дека решителната „поддршка за силен, одржлив и урамнотежен раст на регионалната и глобалната економија“, што е веднаш протолкувано како очигледна референца на американската загриженост заради огромниот трговски дефицит со Кина.
Настојувањата на американскиот претседател Барак Обама за создавање на азиско-пацифичка зона за слободна трговија доби силен поттик кога Мексико и Канада објавија дека се заинтересирани да им се приклучат на преговорите.
Во преговорите за воспоставување на зона на слободна трговија, односно Транспацифички партнерски пакт (ТПП), засега учествуваат девет држави: САД, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Малезија, Брунеи, Чиле и Перу. Во петок заинтересираност за приклучување кој преговорите изнесе јапонија, а истото во недела го сторија и Мексико и Канада.
Приклучувањето на овие три држави кон преговорите мора да боде одобрено од сите девет постоечки учеснички, кои се надеваат дека рамковниот договор ќе биде постигнат веќе наредната година. Само со приклучувањето на Јапонија, на пример, ТПП би бил за околу 40 проценти поголем од Европската унија.
Канада и Мексико веќе имаат договор за слободна трговија со САД преку договорот НАФТА (North American Free Trade Association – Северноамериканска асоцијација за слободна трговија), поради што исполнувањето на критериумите нема да им претставува проблем.
Во отворањето на самитот на АПЕК, американскиот претседател рече дека азиско-пацифичкиот регион е многу битен за американскиот развој, но дека стопанскиот раст треба да биде урамнотежен и оддржлив.
„Време е да се фатиме за работа. Речиси трите милијарди жители на земјите од АПЕК од нас очекуваат да ги приближиме нашите стопанства, да го зголемиме извозот, да ја прошириме трговијата и создавањето на работни места, со што се креира и економски напредок“, им порача Обама на лидерите на земјите-членки на АПЕК на самитот во неговиот роден град Хонолулу. /крај/хина/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

