Контакт

Економија

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ секој граѓанин го задолжи за нови 1.250 евра

Објавено пред

Владата на ВМРО-ДПМНЕ секој граѓанин на Македонија го задолжи за нови 1.250 евра, обвини опозицијата на денешното продолжение на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

dobivaj vesti na viber

Владата на ВМРО-ДПМНЕ секој граѓанин на Македонија го задолжи за нови 1.250 евра, обвини опозицијата на денешното продолжение на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.„ВМРО-ДПМНЕ доби доверба од граѓаните за да ја подобри економијата, да ја намали невработеноста и да ги зголеми инвестициите, а не да се расфрла со парите од граѓаните за споменици, тендери и владини згради. Меѓутоа, ни со Буџетот за 2012 година нема да исполните ништо од предизборните ветувања. Наместо капитални инвестиции,најголемиот дел од парите на граѓаните ќе ги трошите за партиски вработувања, договорни услуги и тендери“, рече Миле Андонов од СДСМ.Тоа, според СДСМ, ќе значи повторно намалување на вработените во приватните фирми, поголема сиромаштија на граѓаните, а дупките во Буџетот ќе се покриваат со задолжувања кои ќе ги отплаќаат сегашните и идните генерации.Опозицијата предлага буџетските пари да се инвестираат во масовна изградба на автопати, хидроелектрани и железничка инфраструктура. Тие бараат од власта наместо за владин луксуз, парите на граѓаните да се инвестираат за гасификација, изградба и реконструкција на клинички центри, градинки и училишта, реални субвенции за секој земјоделец, како и за достоен живот за стечајните работници и социјалните случаи.Пратениците на СДСМ му реплицираа на министерот за финансии, Зоран Ставревски дека користењето на реторика од минатото нема да ги промени работите, ниту ќе придонесе граѓаните да живеат подобро и побогато„На крај памет не му паѓаше на СДСМ кога ја изгради хидроелектраната Козјак да направи ТВ реклама со пари од граѓаните. Тоа се дела што остануваат и сами говорат за себе. Ова е само еден пример за проект изграден во време на СДСМ кој дава ефект за сите граѓани на Македонија за навек“, посочија пратениците од СДСМ. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Бојкот на американски производи во Европа поради политиките на Трамп

Објавено пред

Движења за бојкот на американските производи добиваат поддршка во Европа како реакција на промените во американската политика, особено во однос на воведените царини за европските производи и политиката кон руската агресија во Украина.

dobivaj vesti na viber

Во Шведска, оваа иницијатива доби посебен замав преку социјалните мрежи. На Фејсбук се формирани групите „Boykot varer fra USA“ со 67.000 членови и „Bojkotta varor från USA“, која брои над 70.000 корисници. Членовите на овие групи повикуваат на бојкот на американските брендови како „Мекдоналдс“, „Кока-Кола“, „Најк“, „Левис“, „Нетфликс“, „Гугл“ и „Ербнб“.

Јаник Кохинур, основачка на групата „Бојкотирам американска стока“, изјави дека овој чекор го презела бидејќи не можела директно да влијае на американските политики, но смета дека со економски притисок може да се испрати силна порака.

„Тешко е, бидејќи речиси сè е под влијание на Америка. Би требало да се бојкотира огромен број производи“, коментира еден од членовите на групата. Друг корисник нагласува дека луѓето при купување ретко размислуваат за потеклото на производите, што го прави бојкотот сложен.

Кохинур, сепак, беше критикувана бидејќи групата ја основала на платформата Фејсбук, која е во сопственост на американскиот технолошки гигант „Мета“. Таа одговори дека во моментов нема подобра алтернатива, но изрази надеж дека ќе се појават нови платформи што ќе им овозможат на активистите поголема независност.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Нема да дозволам фантом земјоделци да профитираат

Објавено пред

Земјишната политика е основен фактор за враќањето на производството во земјоделскиот сектор и враќање на производствените капацитети на нивото каде што некогаш биле, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостување во емисијата „Аграр“.

dobivaj vesti na viber

Трипуновски истакна дека неговата прва задача во функцијата е да направи ревизија на земјоделското земјиште кое било поделено во претходните години. Целта е да се провери дали земјиштето во државна сопственост се користи согласно со договореното.

„Нашиот фокус е да ги контролираме големите корисници, особено оние правни субјекти кои добиле големи површини земја, а кои можеби не ги исполнуваат обврските. До сега имаше два такви случаи каде земјиштето се користело бесправно, а истовремено биле искористени и државни субвенции“, објасни Трипуновски.

Контролите, како што најави, ќе продолжат и во иднина, а целта е да се ослободи земјиштето и да се додели на вистинските земјоделци кои ќе ја користат земјата со цел да ја подобрат производството.

„Не ќе дозволиме фантоми земјоделци да профитираат на сметка на државата“, нагласи министерот.

Во однос на јавните повици, Трипуновски информираше дека лани завршија јавни повици за распределба на земјиште кои беа објавени за време на техничката Влада. Со овие повици се потпишани 967 договори. Во текот на новогодишните празници беа објавени и нови повици кои беа барање на земјоделците, а тие завршија со пристигнување на над 2.000 апликации.

„Нашата следна фаза ќе биде оглас за распределба на земјиште, со точно дефинирани парцели. Планираме да се поделат парцели не помали од 10 хектари, бидејќи сакаме да ги охрабриме земјоделците да размислуваат за окрупнување на земјиштето“, изјави Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Орбан се договорил со Трамп? Унгарија може ќе се спаси од американските царини

Објавено пред

Унгарија и САД се во процес на договарање на економски пакет што треба да ѝ помогне на унгарската економија и да ги ублажи последиците од евентуалните американски царини за производите од Европската Унија. Ова го изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, нагласувајќи дека договорот ќе ја зајакне економската стабилност на земјата.

dobivaj vesti na viber

Орбан, кој важи за долгогодишен сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, посочи дека ваквата соработка ќе придонесе за дополнително продлабочување на политичкото партнерство меѓу двете земји. Според него, договорот ќе ѝ овозможи на Унгарија да ги минимизира штетите од евентуален трговски судир меѓу Вашингтон и Брисел.

„Секое членство во Европската Унија подразбира одредени економски последици, а во случај на американски царини, Унгарија ќе биде погодена како и сите останати земји. Засега не можеме со сигурност да кажеме колкави ќе бидат загубите, но е јасно дека нема да можеме да ги избегнеме“, изјави Орбан на годишната конференција на унгарската трговска и индустриска комора.

Според унгарскиот премиер, Владата веќе работи на постигнување на билатерален договор со САД кој би ја заштитил економијата. Во тек се и преговори за обновување на даночниот договор, кој беше укинат за време на претходната американска администрација.

„Одредени елементи од новиот договор ќе ни овозможат да ги ублажиме економските загуби и да осигуриме финансиска стабилност преку конкретни мерки“, додаде Орбан.

Иако трговската размена меѓу Централна и Источна Европа и САД е релативно мала, Будимпешта сака да осигура дека Унгарија ќе биде во најдобра можна позиција во случај на економски потреси.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Андоновски најави нови правила за онлајн медиумите

Со измените на Законот за медиуми, кои се во владина процедура и наскоро ќе влезат во собраниска расправа, ќе се...

Топ4 часа

Еден загинат на патот Битола-Ресен

Попладнево на регионалниот пат А3, Битола-Ресен кај местото викано Макази се случи сообраќајна несреќа во која загина 46 – годишен...

Топ6 часа

Нарко-босот Валмир Етеми беше екстрадиран, а сега е пуштен од притвор со гаранција од 600.000 евра

Обвинетиот Валмир Етеми кој е организатор на криминална група за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион, кој беше...

Македонија8 часа

Јанев: Секој возач е потенцијална „жртва“ доколку не ги почитува сообраќајните правила

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави дека се размислува за комбинирање на повеќе мерки за подобрување на...

Македонија10 часа

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ12 часа

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион13 часа

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет14 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија15 часа

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија16 часа

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет1 ден

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје1 ден

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет1 ден

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ1 ден

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија1 ден

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет1 ден

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...

Свет1 ден

(Видео) Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за...

Топ2 дена

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот...

Македонија2 дена

СДСМ: „Грозје не сум пробал“ но „донеси папаја и манго“, Мицкоски се однесува како султан

Опозициската СДСМ и денеска остро ги критикуваше одлуките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека се работи за „најлажаната“ влада...

Топ2 дена

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден...