Економија
Годината 2011 – најуспешна за германската автомобилска индустрија
За германската автомобилска индустрија 2011 година ќе биде најуспешна година во историјата.
За германската автомобилска индустрија 2011 година ќе биде најуспешна година во историјата.Како што за дневниот весник „Билд“ изјави шефот на Здружението на автомобилската индустрија Матијас Висман, оваа година вкупниот број на произведени автомобили ќе изнесува 5,9 милиони, од кои 4,5 милиони се извезени.Во Германија оваа година ќе бидат купени преку 3,1 милиони нови возила, од германско и странско производство и странско производство.Бројот на автомобили што германските фирми ги произведуваат надвор од Германија скоро е двојно поголем од бројот на возилата кои излегуваат од фабриките во земјата.Истовремено, како што најави Висман, во оваа година видно ќе биде надминат обемот на минатогодишниот промет на автомобилската индустрија од 317 милијарди евра.Автомобилската индустрија веќе со децении е еден од најсилните столбови на германската економија, а секое седмо работно место во Германија посредно или непосредно зависи од производството на автомобили.Околу 390.000 луѓе работат директно во производството на возила, а уште 360.000 се вработени во фирмите кои произведуваат делови и опрема за авто-индустријата.Но веќе сега Здружението на автомобилската индустрија оценува дека следната година нема да биде успешна како 2011 година, бидејќи само во земјите на Европската унија(ЕУ), Норвешка, Швајцарија и на Исланд во октомври бројот на првпат регистрираните возила опаднал за 1,4 отсто.Истовремено, се очекува продажбата на автомобили, посебно во земјите зафатени со должничката криза, и натаму да опаѓа. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Се намалува мазутот, цените на дизелот и бензините остануваат непроменети
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 % во однос на одлуката од 7.5.2024 година.
Од 10.5.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 88,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,609 (денари/килограм)
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 1,223 денар/кг и сега ќе изнесува 44,609 денари/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98, како и на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,939 %, кај дизелот 1,523 %, кај екстра-лесното масло 1,341 % и кај „мазутот“ намалувањето е 3,608 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,015 %.
Економија
Одлуката за осигурување автомобили е еднострана и штетна за бизнис-секторот и економијата во државата, реагира Комората на северозападна Македонија
Стопанската комора на северозападна Македонија ја квалификува одлуката на Комисијата за осигурување автоодговорност како неодржлива за благосостојбата на бизнисот и стопанството.
„Многу бизниси мора да се потпрат на употребата на возила за извршување на своите активности, како што се транспорт на стоки, услуги или вработени. Повисоките цени на полисата за осигурување автомобили може да имаат пошироки макроекономски ефекти со намалување на довербата и трошењето на потрошувачите, кои се клучни двигатели на економскиот раст“, се истакнува во реакцијата на Комората.
Деловното опкружување, како што оценуваат, станува обесхрабрувачки за домашните компании, но и за странските инвестиции, оставајќи долгорочни последици, но и спротивно на законодавниот систем на ЕУ, кој сè уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување автомобили, што е спротивно на acquis на ЕУ.
„Со оваа одлука на Комисијата за самоодговорност се ограничуваат одговорностите на другите релевантни фактори, како што се компаниите, со кои цените на самоодговорноста се целосно контролирани од државата“, потенцираат од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,70 % во однос на одлуката од 29.4.2024 година.
Од 8.5.2024 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 86,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 88,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 74,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 45,832 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕВРОСУПЕР БС-95 и ЕВРОСУПЕР БС-98 и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) се намалува 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,829 денари/кг и сега ќе изнесува 45,832 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 2,438 %, кај дизелот 2,100 %, кај екстра-лесното масло 2,605 % и кај мазутот намалувањето е 1,907 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,407 %.