Економија
Истругвани околу 80 милиони евра со акциите на скопска Пивара
Исклучително висок промет во износ од 4.887.229.524,72 денари (79,4 милиони евра) реализиран е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, што се должи на две блок трансакции со акциите на Пивара Скопје.
Исклучително висок промет во износ од 4.887.229.524,72 денари (79,4 милиони евра) реализиран е денеска на Македонска берза за хартии од вредност, што се должи на две блок трансакции со акциите на Пивара Скопје.Од вкупниот промет 19.330.230,62 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 4.867.899.294,10 денари.Индексот МБИ10 се намали за 0,78 % и изнесуваше 2.017,61 поени. МБИД се намали за 0,16 % и изнесуваше 2.111,34 поени, а ОМБ се зголеми за 0,50 % и изнесуваше од 120,46 поени.Најтргувана на Редовниот пазар беше акцијата на Скопска Пивара АД Скопје со која беше остварен промет во износ од 4.867.790.104,10 денари (79,1 милиони евра), по просечна цена од 65.696,00 денари. Поголемиот промет од оваа тргување беше остварен преку две администраторски блок трансакции.Станува збор за реализација на најавеното зголемување на мнозинскиот пакет акции на Хајнекен и Кока Кола Хеленик, кои претходно објавија дека се договориле со инвестициската група М6 и останатите акционери на „Пивара“ од Скопје да докупат уште 41,2 отсто од акциите на компанијата во вредност од 79,1 милиони евра, со што ќе станат сопственици на 96,5 отсто од акциите на „Пивара“.„ На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 17.283.411,00 денари по просечна цена од 2.711,12 денари. Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Макпетрол АД Скопје со која беше остварен 380.428,00 денари промет по просечна цена од 19.021,40 денари.Трета беше акцијата на Алкалоид АД Скопје со остварени 265.320,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 3.960,00 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 91,00 % и беа остварени 608.799,04 денари. Пет најтргувани хартии од вредност1. Скопска Пивара АД Скопје2. Комерцијална банка АД Скопје3. Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија4. Обврзницата за денационализација на Р.М деветта емисија5. Макпетрол АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Стопанска банка АД Битола 2,96 %2. Обврзницата за денационализација на Р.М деветта емисија 1,11 %3. Обврзницата за денационализација на Р.М десетта емисија 0,55 %Хартии од вредност со најголем пад1. Гранит АД Скопје 2,78 %2. Макпетрол АД Скопје 2,45 %3. Стопанска банка АД Скопје 1,48 %4. Комерцијална банка АД Скопје 1,22 %5. РЖ Услуги АД Скопје 0,56 %
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Сали на министерски состанок на ЕК за спроведување на CBAM: Земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем
Министерот за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на министерскиот состанок посветен на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), каде ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон европските цели за декарбонизација и усогласување со климатското и енергетското законодавство на ЕУ.
Состанокот беше организиран од Европската комисија со цел да се информираат земјите од Западен Балкан за најновите случувања поврзани со спроведувањето на Механизмот за прилагодување на јаглерод на граница (CBAM), кој стапи во сила на 1 јануари 2026 година и има директни импликации врз процесот на проширување и енергетските сектори во регионот.
Тој нагласи дека Владата во јануари 2026 година го усвои нацрт-Законот за климатска акција, со кој се поставува правната основа за системот за мониторинг, известување, верификација и акредитација на емисиите, како клучен чекор кон воведување на јаглеродно ценообразување.
Сали посочи дека земјата активно работи и на интеграцијата на електроенергетскиот пазар со европскиот систем, што е важен дел од постепеното вклучување во заедничкиот европски пазар на електрична енергија.
Во однос на CBAM, министерот истакна дека Северна Македонија ги поддржува целите на механизмот, но дека е неопходно да се земат предвид специфичните карактеристики на земјите кандидати и договорните страни на Енергетската заедница, особено поради нивната изложеност на ценовни разлики и техничките предизвици во прекуграничната трговија со електрична енергија.
Тој повика на внимателна и постепена имплементација, вклучително и продолжување на транзицискиот период, со цел да се избегнат несакани ефекти врз регионалните пазари и да се поддржи интеграцијата на обновливите извори на енергија.
Министерот Сали подвлече дека Северна Македонија останува силно посветена на европската зелена агенда и на постепено воведување на инструменти за јаглеродно ценообразување, со крајна цел целосно интегриран, безбеден и декарбонизиран европски енергетски пазар.
Економија
Предпремиера на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje
Во ексклузивна атмосфера и во присуство на клиенти, партнери и медиуми, Porsche Macedonia ја одржа предпремиерата на новиот Cayenne Electric во Porsche Center Skopje. Настанот означи почеток на ново поглавје за еден од најуспешните модели на брендот, кој повеќе од две децении поставува стандарди во SUV сегментот.


Генералниот директор на Porsche Macedonia, г-дин Златко Муцунски, во своето обраќање истакна:
„Cayenne отсекогаш бил модел со стратешко значење за Porsche. Тој ја трансформираше компанијата и го редефинираше сегментот. Денес, со новата генерација, го продолжуваме тој дух на храброст и визија – со технологија која го засилува она што отсекогаш било суштината на Porsche: перформанс без компромис.“

Тој додаде дека новиот Cayenne Electric претставува „логична еволуција на еден лидер – комбинација од инстантна моќност, врвна динамика и иновативна електрична архитектура, поставена во препознатливиот Cayenne дизајн.“

Маркетинг Менаџерот на брендот Porsche, г-дин Стефан Јовановски, нагласи дека интересот на македонскиот пазар е значителен:
„Публиката во Македонија е сè поотворена кон електрична мобилност во премиум сегментот. Cayenne Electric носи ново ниво на спортска динамика и дигитална софистицираност. Тоа не е само електричен SUV – тоа е Porsche во својата најнапредна форма.“

Јовановски потенцираше дека предпремиерата во Porsche Center Skopje им овозможи на присутните да бидат помеѓу првите во светот кои одблизу ќе се запознаат со новата технологија, дизајнерскиот правец и иновативните решенија кои го дефинираат моделот.


Настанот беше организиран како ексклузивно претставување со техничка презентација, детално запознавање со електричната платформа и интеракција со експертскиот тим на Porsche Center Skopje.

Со оваа предпремиера, Porsche Macedonia уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон иновации, одржлива мобилност и понуда на најсовремени решенија во премиум сегментот на македонскиот пазар.



За повеќе информации, посетете го Porsche Center Skopje или контактирајте го тимот на Porsche Mac-edonia.
ПР
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.

