Економија
Еврото во блага позитива
Еврото во петокот на меѓународните пазари на валутите успеа да остане во позитива во однос на американскиот долар, но во остварувањето на најголемата седмична добивка во последните повеќе од три месеца беше спречен од колебањето на инвеститорите
Еврото во петокот на меѓународните пазари на валутите успеа да остане во позитива во однос на американскиот долар, но во остварувањето на најголемата седмична добивка во последните повеќе од три месеца беше спречен од колебањето на инвеститорите за купување на единствената европска валута во услови на можни намалувања на кредитните рејтинзи на државите во еврозоната. Еврото во текот на петокот во однос на доларот зајакна за 0.15 отсто и со него се тргуваше по 1.3034 долари. Така успеа да се задржи над клучното ниво од 1,3 долари и во близина од највисокото дневно ниво од 1,3045 долари, колку досегна поради поголемите купувања по успешната аукција на шпанските државни обврзници и објавувањето на солидните показатели за американското стопанство. Еврото остана речиси со непроменета вредност спрема швајцарскиот франк и со него се тргуваше по 1,2240 франка. По големите продажби во четвртокот, поради задржаната долна граница на курсот од 1,2 франка за евро, по одлуката на швајцарската централна банка. Еврото на седмично ниво забележа загуба од околу 2,6 отсто, што е негов најголем седмичен минус од септември, откако самитот на ЕУ не донесе поголеми олеснувања за турбулентните пазари со обврзници во еврозоната банките на коишто им недостигаат средства. „Дојде до блага консолидација на еврото по брановите продажби во неколкуте изминати седмици“, вели за Reuters валутниот стратег од швајцарската @UBS“, Крис Вокер. Аналитичарите сметаат дека заканата за намалување на рејтингот на што предупреди бонитетската агенција „Standard & Poor’s“’, ставајќи ги кредитните рејтинзи на повеќето држави членки на еврозоната на разгледување пред одржувањето на минатонеделниот самит, и натаму е факторот што ги обременува владите, вклучувајќи ги и на Германија и на Франција, двете најголеми стопанства во Унијата. Еврото во средината на седмицата падна на најниското ниво во последните 11 месеци од околу 1.2945 долари, а падот под ова ниво ќе претставуваше вистински тест за најниското ниво од 1,2871 на коешто се спушти во јануари годинава. Според економските стручњаци, инвеститорите ги загрижува дека некои држави би можеле да го загубат ентузијазмот во врска со предлогот за построг фискален режим што беше главна тема на последниот самит на ЕУ. Неизвесноста во врска со исходот од преговорите за замената на грчкиот долг и знаците дека централните банки на некои земји, вклучувајќи ја и германската, не се склони кон зголемувањето на кредитите преку Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ги поткрепуваат ставовите оти кризата би можела да се интензивира во идната година. „Првиот квартал изгледа многу загрижувачки, Грција изгледа полошо што се очекуваш а Ирска веројатно ќе мора да оди на референдум за промените на договорот за ЕУ“, вели за агенцијата, Дерек Халпени, прв човек на одделот за глобална валутна анализа во „Bank of Tokyo-Mitsubishi“/крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа, објави Николоски
Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави мапа со воспоставени 22 нови авио дестинации кон Европа од двата домашни аеродроми.
Продолжуваме со повеќе активности за зајакнување на авиосообраќајот, напиша Николоски.
„Силно се развива авиосообраќајот во Македонија.
Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа.
Аеродромите во државата со се поголем број на патници стануваат лидери во регионот.
Продолжуваме во период кој следи со уште повеќе активности со цел зајакнување на авиосообраќајот” напиша Николоски.
Економија
Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот
„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа .
Тој посочи дека, и покрај законскиот механизам за усогласување на минималната плата со растот на просечната плата и трошоците за живот, реалноста покажува дека динамиката на поскапувањето ја надминува динамиката на законското усогласување.
„Најзасегнати од ова се граѓаните кај кои минималната плата е единствен извор на приход. Со овој закон предлагаме утврдената минимална плата од 36.960 денари со цел да се зачува реалниот животен стандард и да се обезбеди достоинствен надомест за трудот на сите работници“, додаде Спасовски.
Тој посчи дека дека средствата за спроведување на законот, предвидени во износ од 7,5 милијарди денари, ќе се обезбедат преку пренамена во рамките на постојниот буџет, без зголемување на дефицитот и без ново задолжување.
„Станува збор за одговорна и внимателно планирана пренамена која обезбедува високи примања на работниците, а при тоа ја зачувува и финансиската стабилност на државата. Минималната плата е показател на тоа колку едно општество го вреднува трудот на работниците. Таа е прашање на социјална правда, економска стабилност и човечко достоинство. Ако трошоците за живот растат, платите мора да го следат тој раст“, рече Спасовски.
Тој повика на единство во носењето на законот: Барам од сите колеги, без разлика на политичката припадност, да застанеме заедно во носењето на ова законско решение. Со тоа испраќаме порака дека го слушаме гласот на работниците и синдикатите и дека обезбедуваме егзистенција за граѓаните.
Економија
(Видео) Битиќи: Минималната плата од 600 евра не е привилегија, туку право на работниците
Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната комисиска расправа во Собранието за предлог-законот за зголемување на минималната плата.
Битиќи остро ја критикуваше Владата за продлабочувањето на сиромаштијата, слабата контрола врз цените и отсуството на вистински социјален дијалог околу минималната плата од 600 евра. Тој предупреди дека растот на трошоците директно ја нагризува куповната моќ на граѓаните.
„Оваа динамика ни кажува едноставно дека куповната моќ се јаде одвнатре, односно постои изразена тенденција сиромаштијата системски да е толерирана. Во овие услови, Владата нема право да зборува за одржливост кога се отвора темата за плати, а да молчи за сопствените институционални потфрлања што директно ја гушат економијата“, појасни Битиќи.
Тој посочи дека наместо да преземе одговорност, Владата го префрла товарот врз работниците и синдикатите.
„Се соочуваме со последователно множество на институционални слабости што го креваат стопанството на колена, а потоа Владата им држи лекција на работниците и фирмите да се договорат, праќајќи порака дека од нејзината страна нема простор за достоинствени плати.“, рече пратеникот на СДСМ.
Во однос на социјалниот дијалог, Битиќи беше дециден:
„Трошоците на живот растат, синдикатите бараат решение, а одговорот што го добиваат е одложување, игнорирање и политичка острина кон барањата на работниците. Во таква клима, социјалниот дијалог не се одржува, туку се задушува. 600 евра минимална плата е линија под која државата не смее да се повлече. Цените и трошоците веќе покажаа дека сегашните политики на Владата произведуваат работничка сиромаштија. Да не го оставаме работникот сам да се бори со инфлацијата и слабата контрола на државата. Достоинството не се одложува, туку мора да се гарантира.“, заклучи Фатмир Битиќи.

