Економија
Европската автомобилска индустрија мора да ги намали капацитетите
Европската автомобилска индустрија мора да ги намали капацитетите за 10 до 20 отсто имајќи го предвид намалувањето на побарувачката која најверојатно ќе продолжи до 2014 година, предупреди челникот на италијански „Фиат“, Серџо Маркионе.
Европската автомобилска индустрија мора да ги намали капацитетите за 10 до 20 отсто имајќи го предвид намалувањето на побарувачката која најверојатно ќе продолжи до 2014 година, предупреди челникот на италијански „Фиат“, Серџо Маркионе.„Ако обемот на продажбата во Европа остане на исто ниво, сметам дека намалувањето на капацитетите во Европа за 10 до 15, а можеби и до 20 отсто, би ја свело продажбата на одржливо ниво“, изјави според AFP, Маркионе за новинарите во средата навечер на саемот на автомобили во Детроит. На прашањето за прогнозата за европската побарувачка на возила, тој одговора дека очекува дека таа „ќе остане на исто ниво до 2014 година“.Ваквото драматично намалување на капацитетите што би барало и масовни откази во периодот кога Европа е под притисокот на економските превирања и уште не најде начин д аги намали долговите на членките од еврозоанта, ќе биде многу тешко изводливо, нагласува Маркионе.„Тоа е тешка расправа,. Ви гарантирам дека реакциите на европските индустриски земји на мојот предлог ќе бидат многу негативни“, вели челникот на „Фиат“ на маргините на саемот Automotive News World Congress.Во моментов погоните на „Фиат“ работат со помалку од 60 отсто од капацитетите, што Маркионе го смета недоржливо а слична е ситуацијата и кај другите европски производители на возила. „Европа се наоѓа на пресвртницата и мора да реши дали ќе ја сочува одржливата индустрија или не“, заклучи Маркионе./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

