Економија
БМВ и Фолксваген повлекуваат повеќе од 500 илјади возила
Германските гиганти во светската автомобилска индустрија „Volkswagen AG“ и „BMW AG“ објавија дека од светските пазари на возила ќе повлечат повеќе од 500 илјади автомобили поради технички проблеми, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на претставници на компаниите.
Германските гиганти во светската автомобилска индустрија „Volkswagen AG“ и „BMW AG“ објавија дека од светските пазари на возила ќе повлечат повеќе од 500 илјади автомобили поради технички проблеми, пишува Wall Street Journal повикувајќи се на претставници на компаниите.Најголемиот производител на автомобили во Европа, германскииот концерн „Volkswagen AG“, почнал со повлекувањето на своите автомобили уште од октомври минатата година, а се претпоставува дека вкупно ќе бидат повлечени 299 илјади возила со дизел мотори, пишува весникот. Само од пазарот во САД треба да бидат повлечени 168 илјади автомобили.Причината за ваквата одлука на компанијата наводно е констатираната неисправност на системот за вбризгување на горивото. Како резултат на неправилното фунционирање на системот за снабдување со гориво се јавува дополнителен проблем, кој може да доведе до пукање и, следствено, истекување на гориво од системот. Во овој случај, постои опасност од избувнување пожар на возилото.Компанијата ги информирала сопствениците, но не е објавено колку автомобили веќе се повлечени. Грешката е забележана на моделите „фолцваген голф“, „џета“, пасат“, „тигуан“ и други произведени од 2009 година, пишува весникот.Тоа се однесува и на автомобилите произведени од страна на подружници на „Volkswagen AG’, „Audi“, „Skoda“ и „Seat“.Другиот германски концер кој е најголемиот светски производител на автомобили од луксузната класа, „Bayerische Motoren Werke AG (BMW)“, исто така најавил повлекување на 235 илјади автомобили од брендот „Mini“ низ целиот свет поради технички дефект. Според Wall Street Journal, грешката најверојатно се однесува на електричната пумпа која го лади турбо компресорот, што може да резултира со прегревање на турбина што може да доведе до запалување во делот каде е сместен моторот на возилото.Според компанијата, досега не е регистриран ниеден инцидент поврзан со наводниот проблем.Као што забележува весникот, за овој недостаток на „BMW“ се дознало откако компанијата ја информирала американската служба за безбедност на патиштата (NHTSA), за повлекување на речиси 89 илјади возила од типот „мини“ од САД поради опасност од појава на пожар./крај/всџ/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

