Економија
Јапонија подготвена да го зголеми капацитетот на ММФ, Г-20 разговара за тоа
Јапонија во четвртокот објави дека е подготвена да одговори на повикот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за дополнителни средства за ублажување на последиците од европската должничка криза, а можен облик на помош се разгледува и во групата на 20-те најразвиени и економии во развој – Г-20.
Јапонија во четвртокот објави дека е подготвена да одговори на повикот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за дополнителни средства за ублажување на последиците од европската должничка криза, а можен облик на помош се разгледува и во групата на 20-те најразвиени и економии во развој – Г-20.„Јапонија е подготвена да ги поддржи европските настојувања да се стабилизираат пазарите, вклучително и преку кредити на ММФ, темелени врз солните напори на европските земји. Јапонија ќе размисли за придонесот доколку биде потребно“, изјавил за агенцијата Dow Jones Newswires неименуван јапонски функционер, пренесува Reuters.Според најавата Токио тоа ќе го стори во соработка со другите членки на групата Г-20 на најразвиените економии во светот и стопанствата во создавање. САД, пак, како најголем акционер во ММФ, засега го одбиваат предлогот за дополнителни уплати во фондот. Јапонскиот функционер додал дека Токио посакува поголем ангажман на еврозоната „имајќи предвид дека кризата започна во Европа а европските земји имаат и капацитети да се фатат со неа во костец“.ММФ во средата објави дека планира да собере дополнителни 500 милијарди долари за ублажување на опасноста по светското стопанство којашто доаѓа од растечката европска должничка криза. Дополнителни 100 милијарди долари би биле собрани како !заштитен тампон“, изјавиле за Reuters извори во ММФ, коишто учествувале на состанокот на бордто директори на Фондот во вторникот. Од ММФ предупредија дека имајќи предвид дека неколку европски држави се приближуваат до рецесија а Грција е на работ од банкротот, тие немаат доволно финансиски капацитети да ја извршуваат функцијата на глобален кредитор во крајна нужда. Група пониски финансиски функционери на членките земји од Г-20 во четвртокот и петокот во Мексико сити треба да разговара за зголемување на ресурсите на ММФ, пред состанокот на министрите за финансии на Г-20 во втората половина на февруари. Замениците на министрите за финансии и претставниците на централите банки предупредија дека пред состанокот во Мексико оти се уште постои отпор кон зголемувањето на финансирањето/ „Многу земји сакаат Европејците да излезат со посилни и појасни перки, што во моментов значи повеќе пари за нивниот стабилизациски фонд“, изјавил висок извор од бразилската влада кој учествува на состанокот./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која беше потврден силниот заеднички фокус кон унапредување на енергетската инфраструктура и забрзување на реформските процеси во земјата.
На средбите се разговараше за неколку стратешки проекти што ќе започнат во следната година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем со капацитет од 300 MWh.
„ЕБОР останува еден од нашите најважни партнери во енергетскиот сектор. На средбата се усогласивме околу финализацијата на неколку стратешки проекти важни за 2026 година, меѓу кои и проектот за батериски енергетски систем на ЕСМ со вкупен капацитет од 300 MWh. Овој проект е клучен за стабилноста и флексибилноста на електроенергетскиот систем,“ истакна Божиновска.
На средбата се разговараше и за следните чекори во подготовката за воведување на ESCO-моделот во земјата. Двете страни ги разгледаа можните области за пилот-проекти и моделот на институционална соработка што ќе обезбеди несметана имплементација.
„ESCO-моделот е нова можност за граѓаните, институциите и целиот систем – модел кој дава реални резултати. Нашата цел е да создадеме јасна рамка, предвидливи процедури и подготвеност за негово постепено воведување,“ додаде министерката.
Министерството за енергетика и ЕБОР договорија во наредниот период да продолжат со заедничка техничка подготовка, со јасен фокус кон обезбедување услови за брза и успешна реализација на проектите што директно ќе ја зајакнат енергетската сигурност на земјата.
Економија
Со цена повисока од претходната до „ЕВН Хоме“ стасала само понудата на ЕСМ за набавка на струја
ЕВН Хоме соопшти дека на тендерот за набавка на струја за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 добиле само една понуда и тоа од АД ЕСМ, со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.
„Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јуни-декември 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.
Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“.
Економија
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година.
Од 28.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,865 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,370%, кај дизелот за 6,738%, кај екстра лесното масло за 6,741% и кај мазутот намалувањето за 3,944%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4085%

