Економија
И покрај намалените рејтинзи Франција и Шпанија успешно ги продадоа обврзниците
Шпанија во четвртокот со продажбата на државните обврзници собра значително повеќе пари, отколку што првично планираше, благодарејќи на големата побарувачка, а сличен одѕив имаше и аукцијата на француските обврзници, на која Париз се задолжи по највисокиот износ што го планираше.
Шпанија во четвртокот со продажбата на државните обврзници собра значително повеќе пари, отколку што првично планираше, благодарејќи на големата побарувачка, а сличен одѕив имаше и аукцијата на француските обврзници, на која Париз се задолжи по највисокиот износ што го планираше.Двете аукции претставува успешна проверка на довербата на инвеститорите во државните обврзници на Франција и на Шпанија, откако пред една седмица бонитетската агенција Standard & Poor’s. ги намали нивните кредитни рејтинзи. На Франција и’ беше намален кредитниот рејтинг од максималните „ААА“ на едно ниво помалку „АА+“, со „негативна перспектива“, што значи на среден рок може да се соочи со уште едно намалување. На Шпанија кредитниот рејтинг и’ беше намален за две нивоа од „АА“ на „БББ+“, со негативна перспектива и 33 отсто изгледи рејтингот на среднорочен период да и’ биде повторно намален.Шпанското министерство за финансии соопшти дека собрало 6,6 милијарди евра со продажба на државните обврзници со рок на отплата во 2016, 2019 и во 2022 година, значително натфрлајќи го првичниот план за задолжување за 3,5 до најмногу 4,5 милијарди евра. Притоа, каматната стапка на 10-годишните обврзници е намалена на 5,4 отсто од 6.97 отсто на аукцијата на истите обврзници со истиот рок на исплата во ноември минатата година. Од овие обврзници се продадени во вредност од три милијарди евра, со 2,2 пати поголема побарувачка во однос на понудените за запис. Продадени се и 1,3 милијарди евра обврзници со рок на доспевање во 2016-та и 2,3 милијарди евра со рок на враќање во 2019 година.Успешна беше и аукцијата на државните обврзници на Франција, прва по нејзиното губење на највисокиот кредитен рејтинг од тројното А. Со продажбата на среднорочните државни обврзници Париз лесно се задолжи за 7,97 милијарди евра, колку што и најмалку планираше пред продажбата. Обврзниците со рок на доспевање во јули 2014 година се продадени со просечен принос од 1,05 отсто, додека оние со рок на исплата во кули 2016 година со принос од 1,89 отсто, со тоа што и на двете аукции побарувачката беше 2,12 пати поголема во однос на понудените за запис. Обврзниците со рок на исплата во јули 2-15 година добија принос од 1,5 отсто, со побарувачка којашто е за 3,41 пати поголема. Во сите три случаи, Франција се задолжи за пониска каматна стапка во споредба со сличните аукции од минатата година./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

