Економија
Европските акции зајакнаа по шпанската и француската аукција
Цените на европските акции во четвртокот пораснаа по силната побарувачка и падот на приносот на аукциите на шпанските и француските државни обврзници што ја ублажи загриженоста во врска со должничката криза во еврозоната.
Цените на европските акции во четвртокот пораснаа по силната побарувачка и падот на приносот на аукциите на шпанските и француските државни обврзници што ја ублажи загриженоста во врска со должничката криза во еврозоната. Индексот на лондонската берза FTSE зајакна за 0,5 отсто на 5.732 поени, индексот на франкфуртската берза DAX за 0,8 отсто на 6.402 поени, додека индексот на берзата во Париз CAC порасна за 1,7 отсто на 3.321 индексен поени. Најголем добитник во четвртокот беше банкарскиот сектор кој во просек зајакна за речиси пет отсто, откако се дозна за успешноста на аукциите на шпанските и француските државни обврзници кои го поттикнаа апетитот на инвеститорите за ризик. Приносите паднаа а побарувачката беше неколкукратно поголема од понудата на аукцијата на француските обврзници. Тоа беше првата аукција откако Standard & Poor’s го намали за едно ниво досега највисокиот кредитен рејтинг на Париз – тројното А. Шпанија, пак, продаде многу повеќе долгорочни обврзници отколку што очекуваш, со приноси коишто паднаа за повеќе од 1,5-процентен поен во однос на претходната слична аукција во ноември минатата година. Во тој контекст, аналитичарите на движењата на европските берзи го потенцираат и моментот кон крајот на месецов кога Италија планира на аукција да ги понуди своите пет и десетгодишни државни обврзници.Во ваквата атмосфера италијанската банка „UniCredit“ зајакна за 10,5, француската „Societe Generale“ за 8 отсто, германската банка „Commerzbank“, којашто во четвртокот го претстави својот детален план за докапитализација за 12 отсто. Европските банки, инаку, се најголемите доверители на членките од еврозоната којашто тоне во должничката криза. „Негативната корелација меѓу акциите на компаниите од еврозоаната и приносите на обврзниците на државите во регионот, никогаш не била толку силна. Тоа е речиси како огледало. Насоката по којашто ќе се движат приносите во неколкуте наредни месеци, ќе биде клучната насока за акциит во регионот“, вели за Reuters Емануел Бурдје од компанијата „Natixis Asset Management“.Меѓу губитниците се издвојуваа дефанзивните сектори, вклучувајќи ги енергетскиот, фармацевтскиот и телекомуникацискиот. Така, „E.ON“ падна за 2,8, „AstraZeneca“ за 1,5 а „Belgacom“ за 1,3 отсто./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

