Економија
Метрухем најавува студија за влијание врз животната средина
Компанијата Метрудхем најави дека наскоро пред јавноста ќе презентира студија за проектот рестартирање на велешката топилница и примена на европски стандарди за заштита на животната средина.
Компанијата Метрудхем најави дека наскоро пред јавноста ќе презентира студија за проектот рестартирање на велешката топилница и примена на европски стандарди за заштита на животната средина.Соопштението уследи откако дел од јавноста и медиумите пренесоа свое видување во врска со текот на проектот на Метрудхем за инсталација за производство на олово и цинк.Од компанијата уверуваат дека токму јавноста ќе биде таа која во решавачката фаза на процедурата има активно учество и ќе придонесе кон конечната верзија на студијата за оцена влијание врз животната средина за проектот на Метрухдем.Притоа се укажува дека Метрухем се уште не добил службен одговор на писмото со намери за изведување проект од надлежното Министерство за животна средина и просторно планирање, без што, како што се истакнва, беспредметно е да се започне дискусија и коментирање за иднината на нашиот проект во Велес.„Во одговорот очекуваме Министерството да не извести дека е потребно да сеподготви студија за оцена влијание врз животната средина за проектот и водено да го одреди обемот на студијата. Оваа студија, всушност, ќе ги содржи и за прв пат ќе ги претстави сите детали на проектот и влијанието на животната средина по македонските и европските стандарди за заштита на животната средина“, стои во соопштението. Новиот сопственик на топилницата истакува дека студијата откако ќе биде изготвена во рамките и обем одредени од Министерството, истата ќе биде предадена и ставена на увид за јавноста. „Законот предвидува јавна расправа за студијата каде пред се активно учество ќе имаат граѓаните, еколошките друштва и невладините организации и, конечно, стручната јавност кои аргументирано ќе можат да придонесат кон овој проект. Тоа е моментот и местото за јавна полемика каде со аргументи базирани на информациите од студијата за оцена на влијание врз животната средина, широката и експертската јавност ќе го дадат својот придонес на проектот за производство на олово и цинк во Велес“, стои во соопштението. Според Метрухем, кој најавува соработка и отвореност кон јавноста, овој проект има голем потенцијал да влијае позитивно на одржливиот развој на Велес и Македонија. Голем дел од жителите на Велес, како и бројни невладини организации во неколку наврати истакнаа дека нема да дозволат рестартирање на топилницита поради еколошки причини. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

