Економија
Владата со 100.000 евра ќе субвенционира соларни колекторски системи
Програмата за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинствата за 2012 година, беше презентирана денеска од страна на Министерството за економија.
Програмата за надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на соларни колекторски системи во домаќинствата за 2012 година, беше презентирана денеска од страна на Министерството за економија.Македонската влада годинава ќе ги субвенционира трошоците за оваа намена до 30 отсто од вкупната инвестиција, но не повеќе од 300 евра во денарска противредност по домаќинство. Ресорниот министер Сараќини истакна дека годишно едно домаќинство со воведување на соларен термален колектор во својот дом заштедува околу 2.400 kWh, за користење од околу 8 месеци, односно заштеда од 8.400 денари на годишно ниво. „За илустрација, доколку сите домаќинства во државата, а ги има околу 600.000, инсталираат соларен термален колектор во свoјот дом, годишно ќе се заштедат 144.000 MWh, односно 5,4 милијарди денари (околу 88 милиони евра)“, рече Сараќини. Според него, Секое семејство, пак, кое има инсталирано сончев колектор, во просек би заштедело околу 10.000 денари на годишно ниво.“ Министерството за економија во буџетот има издвоено шест милиони денари (околу 100.000 евра) предвидени за оваа намена, а добитниците на субвенции ќе бидат извлечени по пат на јавно наддавање во јуни.Доколку со првото извлекување не се ангажираат сите обезбедени средства, ќе се организира ново извлекување во рок од 30 дена од денот на првото извлекување, се’ до целосно ангажирање на средствата.“Упатувам апел до сите домаќинства да се пријават на повикот, да ја искористат оваа можност за поставување на сончевите колектори, бидејќи оваа мала инвестиција многу брзо ќе им се исплати, а сите оние кои ќе аплицираат за мерката, ќе бидат извлечени на транспарентен начин, при што ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра“, рече Сараќини.Тој напомена дека Зголемување на цените на енергенсите, климатските карактеристики , влажноста на воздухот како и континенталната клима ја прават Македонија, земја со висок потенцијал за искористување на сончевата енергија. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

