Економија
Најголем профит остварија акциите на Гранит АД Скопје

На Македонска берза за хартии од вредност во среда беше остварен промет во износ од 54.025.936,62 денари.
На Македонска берза за хартии од вредност во среда беше остварен промет во износ од 54.025.936,62 денари. Од овој промет 22.973.881,62 денари беа реализирани на Официјалниот пазар за хартии од вредност, додека на Редовниот пазар прометот изнесуваше 31.052.055,00 денари.Индексот МБИ10 денес се зголеми за 0,07 % и изнесуваше 2.149,86 поени. МБИД се зголеми за 0,84 % и изнесуваше 2.018,38 поени, а ОМБ се зголеми за 0,48 % и изнесуваше 122,68 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Гранит АД Скопје во износ од 3.110.180,00 денари по просечна цена 500,59 денари. Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Топлификација АД Скопје со која беше остварен 976.870,00 денари промет по просечна цена од 2.382,61 денари.Трета беше акцијата на Макпетрол АД Скопје со остварени 620.000,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 20.000,00 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М втора емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 98,50 % и беа остварени 11.877.051,83 денари. На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше акцијата на Македонија АД Гостивар со која беше остварен промет во износ од 29.252.475,00 денари, по просечна цена од 3.075,00 денари.. Пет најтргувани хартии од вредност1.Македонија АД Гостивар2.Обврзница за денационализација на РМ втора емисија 3.Гранит АД Скопје 4.Обврзница за денационализација на РМ трета емисија5.Обврзница за денационализација на РМ девета емисија Хартии од вредност со најголем раст1.Македонија АД Гостивар 92,07 %2.Макстил АД Скопје 3,94 %3.Арцелормитал Скопје (ХРМ) АД Скопје 3,17 %4.ОКТА АД Скопје 2,87 %5.Стопанска банка АД Скопје (приоритетни акции) 2,78 %Хартии од вредност со најголем пад1.РЖ Услуги АД Скопје 1,24 %2.Алкалоид АД Скопје 1,14 %3.Топлификација АД Скопје 0,71 %4.Обврзница за денационализација на РМ девета емисија 0,10 %
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски потпиша договор за грант средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Економија
Објавен јавен повик за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство

Денеска е објавен Јавниот повик 08/2025 за доставување на барање за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2025 година.
Поддршката е наменета за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство, со цел зачувување на руралните подрачја и промовирање на одржливо земјоделство.
Право на поддршка имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Висина на поддршката:
• 100% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри;
• 60% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри.
Услови за доделување:
• 1 вработено лице на 150 овци;
• 1 вработено лице на 100 кози;
• 1 вработено лице на 50 говеда, но не повеќе од 620.000 денари по вработено лице.
Задржување на истиот број вработени најмалку една година по исплатата.
Барањата со потребната документација потребно е да се поднесат најдоцна до 30.07.2025 година.