Економија
ЕК ја одобри траншата за Ирска од 5,8 млд евра

Европската комисија по препорака на „тројката“ меѓународни кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) го одобри издавањето на следната транша од финансиската помош за Ирска, во износ на 5,8 милијарди евра, се наведува во соопштението на регулаторот.
Европската комисија по препорака на „тројката“ меѓународни кредитори (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) го одобри издавањето на следната транша од финансиската помош за Ирска, во износ на 5,8 милијарди евра, се наведува во соопштението на регулаторот.Така, вкупниот износ на средствата обезбедени од страна на Европската унија за Ирска, вклучувајќи ја и новата рата, изнесува 32,2 милијарди евра.„Ревизија на програмата за финансиска помош од страна на ЕК, ЕЦБ и ММФ беше направена меѓу 10-ти и 19-ти јануари 2012 година, при што беше заклучено дека Ирска продолжува успешно да ги исполнуваат условите од програмата на финансиска помош, иако некои проблеми остануваат и натаму“, се наведува во писмената изјава на ЕК.Според процените на ЕК, ирското БДП во 2011 година го повратило растот, кој изнесуваше 0,9 отсто, додека буџетскиот дефицит за минатата година ќе изнесува околу 10 отсто од БДП-то, што е далеку под границата утврдена со условите за програмата за финансиската помош од 10,6 отсто од БДП -то.Европската комисија, исто така, забележала напредок во зајакнувањето на банкарскиот сектор во Ирска, како што забележува – и покрај тешките пазарни услови.„И покрај значајниот напредок, останува уште многу да се направи. Новите ризици и комплексноста ќе зависат од влијанието на финансиските турбуленции во еврозоната. Новиот пад на побарувачката за ирските извозни стоки може да изврши притисок врз показателите за земјата, што, пак, од своја страна, може негативно да влијае врз севкупниот економски раст на Ирска“, се додава во соопштението на Европската комисија.Ирска е една од земјите од еврозоната, кои се силно погодени од финансиската криза. Кон крајот на ноември 2010 година, Екофин (во чиј состав влегуваат министрите за економија и финансии од 27-те земји членки на Европската унија) и Еврогрупата (во чиј состав влегуваат 17-те министри за финансии на земјите од еврозоната) го одобри планот за финансиска помош на Ирска од ЕУ и ММФ во износ од 85 милијарди евра.ММФ претходно оваа година ја намали прогнозата за раст на ирската економија во 2012 година од 1,9 на 1,5 отсто. Во исто време, ирскиот БДП во 2012 година, според прогнозите на Европската комисија, може да порасне за само 1,1 отсто, додека во претходниот извештај предвиде пораст од 1,9 проценти.Во почетокот на октомври 2011 година, премиерот Енда Кени изјави дека Ирска е првата од трите земјите кои добиваат кредити од ЕУ и ММФ, којашто ќе се откаже од помошта на меѓународните кредитори. Тој рече дека владата планира да се врати на кредитните пазари што е можно побрзо. Притоа Кени изрази уверување дека меѓународните рејтинг агенции имаат во следниот период ќе го зголемат кредитниот рејтинг на земјата/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Франција го казни „Шеин“ со 40 милиони евра за лажни попусти

Франција го казни кинескиот онлајн-продавач на облека „Шеин“ со 40 милиони евра за заведување на клиентите со тврдења за попусти.
Од 1 октомври 2022 година до 31 август DGCCRF анализира наводно намалени цени за илјадници производи на француската веб-страница на „Шеин“.
Истрагата откри дека некои цени на платформата биле зголемени непосредно пред попустите или не ги вклучувале претходните попусти, објави регулаторот. Цените на повеќе од половина од анализираните производи, 57 проценти, воопшто не биле намалени, откри DGCCRF, а речиси една петтина од попустите биле помали од рекламираните.
Во 11 проценти од случаите цената била уште повисока, објави DGCCRF. „Шеин“ исто така не успеа да достави докази на својата веб-страница за да ги поткрепи своите тврдења за еколошки свесно работење, како што е намалувањето на емисиите на стакленички гасови за 25 проценти.
(Фото: ЕПА)
Економија
(Видео) Николовски: Власта удри по земјоделците, крати 478 милиони денари во ребалансот

Власта предлага антинароден и расипнички ребаланс на буџетот, со кој се кратат 478 милиони денари од поддршката за земјоделците. Во најголемиот буџет власта нема пари за земјоделците, нема пари за поголеми субвенции, но затоа има повеќе пари, 30 милиони евра за владиниот луксуз, обвини пратеникот од СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој додаде дека во време кога земјоделците се соочуваат со драстично зголемени трошоци за нафта, ѓубрива, механизација и работна рака, власта им го завртува грбот. Наместо поддршка, рече Николовски, добиваат игнорирање.
„Спротивно на оваа антинародна политика, СДСМ останува цврсто на страната на земјоделците. Пратеничката група на СДСМ поднесува амандмани со кој бара да се врати предвидената сума за субвенции и дополнително бара конкретни мерки за реална поддршка на земјоделското производство“, рече тој.
Николовски додаде дека СДСМ предлага враќање на поддршката од 12.000 денари по грло говедо за сточарите; зголемување на поддршката за оризова арпа за реколта 2024; интервентна субвенција од 8 денари по килограм сончоглед; поддршка од 5 денари по килограм за предадена пченица; мерка од 3 денари за продадена пченка во откупни капацитети; враќање на мерката од 1.000 денари за предадено јагне и итна распределба на картичките за зелена нафта за 50.000 земјоделци.
Николовски кажа дека СДСМ и во време на ковид пандемија и војна во Украина не кратела од земјоделците туку напротив, интервенирала со дополнителни субвенции, закони и програми.
„Апелираме до Владата: наместо да уриваат што е создадено, продолжете ги добрите практики кои функционираа. Не ги оставате земјоделците сами, не им кратете од она што им припаѓа! Земјоделството не смее да биде жртва на вашата расипничка политика“, рече Николовски.
Економија
Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и на финансиската стабилност

Гувернерот Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург.
Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.
За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.
Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.
Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.
Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.