Економија
Природните катастрофи го чинеа светот 310 милијарди долари

Природните катастрофи кои во 2011 година ја погодија нашата планета, светот го чинеа 380 милијарди долари, изјави специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за намалување на ризикот од катастрофи, Маргарета Валстром.
Природните катастрофи кои во 2011 година ја погодија нашата планета, светот го чинеа 380 милијарди долари, изјави специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за намалување на ризикот од катастрофи, Маргарета Валстром. Најголемата катастрофа која се случи во 2011 година беше разорниот земјотрес кој ја погоди Јапонија. „Земјотресите се најскапи и воедно природни катастрофи со најголем број на жртви“, рече Волстрон на прес конференцијата, по повод одбележувањето на годишнината од земјотресот во Јапонија кој се случи на 11. март минатата година. Според податоците на ОН, земјотресот, цунамито и експлозијата во нуклеарната централа во Фукушима направиле штета од преку 210 милијарди долари. Трошоците од поплавите во Тајланд изнесувале повеќе од 40 милијарди долари, додека Централната банка на Нов Зеланд процени дека само обнова на куќите, кои беа срушени во земјотресот на 22. февруари 2011, чинела 25 милијарди долари. Волстром изјави дека 50 отсто од светската популација е изложена на ризикот од природни катастрофи, поради тоа што живеат во чувствителни области. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Николоски потпиша договор за грант средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.
Економија
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,35 п.п., при што во мај таа изнесува 2,21%, извести Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен пад од 0,43 п.п. и изнесува 5,06%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска.
Економија
Објавен јавен повик за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство

Денеска е објавен Јавниот повик 08/2025 за доставување на барање за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на рурален развој за 2025 година.
Поддршката е наменета за надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство, со цел зачувување на руралните подрачја и промовирање на одржливо земјоделство.
Право на поддршка имаат земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Висина на поддршката:
• 100% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина еднаква или повисока од 700 метри;
• 60% од исплатената просечна нето-плата во период од 1 јануари 2024 година до 31 декември 2024 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасишта и ливади, односно регистрирани одгледувалишта кои се наоѓаат во населени места со надморска висина пониска од 700 метри.
Услови за доделување:
• 1 вработено лице на 150 овци;
• 1 вработено лице на 100 кози;
• 1 вработено лице на 50 говеда, но не повеќе од 620.000 денари по вработено лице.
Задржување на истиот број вработени најмалку една година по исплатата.
Барањата со потребната документација потребно е да се поднесат најдоцна до 30.07.2025 година.