Економија
Оглас за распределба на 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен оглас за распределба на приближно 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска објави јавен оглас за распределба на приближно 44 хектари државно земјоделско земјиште во Битолско. Заинтересираните субјекти, увид во податоците за огласеното земјиште може да извршат на огласна табла во подрачната единица во Министерството за земјоделство во Битола.За подигање на маслинарници, времетраењето на закупот е за период до 50 години, за подигање на долгогодишни насад (лозја, овоштарници и хмељ) како и за оранжерии закупот е до 30 години, колку што изнесува и времетраењето на закупот за издавање на државното земјоделско земјиште за вршење на спортско-рекреативни активности и рурален туризам. До 20 години под закуп ќе се издава земјиштето за рибници, а за одгледување на други земјоделски култури и за ливади, закупот е до 15 години.Големината на површината на земјоделско земјиште која ќе ја добие еден понудувач ќе се утврди врз основа на неколку дефинирани критериуми во огласот, а кои се утврдени со Законот за земјоделско земјиште како што се минимално материјално – техничка опременост на понудувачот,бројот на планирани вработувања според бизнис планот. Почетната цена по хектар ќе се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето. Таа за земјоделско земјиште од 1 до 4 катастарска класа изнесува 25 евра во денарска противредност и 15 евра за земјиште од 5 до 8 катастарска класа.Почетната цена на земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја за земјиштето од 1 до 4 катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од 5 до 8 класа изнесува 5 евра во денарска противвредност.Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во подрачните единици на Министерството.Право на учество на овој јавен оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност, да се запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или да се регистрирани како трговец поединец. На заинтересираните субјекти, земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи треба да им е претежна дејност, или да им е потребно за вршење на научно-истражувачка дејност.Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавниот оглас доколку имаат регистрирано подружници во Република Македонија.Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврските по основ на закупнина за користење на земјоделско земјиште во државна сопственост, правните лица за кои е отворена стечајна постапка како и непрофитните организации.Понудите за овој оглас, заинтересираните субјекти можат да ја поднесат во рок од 20 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со грантовите во вкупен износ од 25 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе се обезбедат грантови за адаптирање на компаниите кон зелена трансформација и заштита на животната средина, изјави:
„Да работиме, практично Инова агенцијата, околу овозможување и обезбедување грантови за компаниите, посебно во делот на енергетската трансформација. Имав и таму едно многу интересно обраќање. Да, за енергетската трансформација, но треба да сме многу внимателни. Затоа што не сум сигурен, а тоа се сложија и голем број од учесниците на тие панели, дека со таа енергетска трансформација, ние можеме на долг рок да генерираме базна енергија којашто е потребна на индустријата за потребите на самата индустрија. Тоа треба да се одвива чекор по чекор, затоа што секоја избрзана постапка може да направи штета по индустријата и по државата. Но, колку за информација за компаниите, некаде околу 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра и наскоро ќе има и за тоа објава во јавноста и јавен повик.“
Економија
Комисија за заштита на конкуренцијата: Лани се изречени казни во вредност од над 53 милиони денари
Комисијата за заштита на конкуренцијата информира дека во текот на 2025 година се изречени казни за повреди на одредбите од Законот за заштита на конкуренцијата и за повреди на одредбите од Законот за забрана на нефер трговски практики, во вкупна вредност од 53.044.555,00 денари.
„Со овие санкции, Комисијата испраќа јасна и недвосмислена порака дека картелските договори, забранетите договори, злоупотребата на доминантна позиција, непријавените концентрации и нефер трговските практики нема да се толерираат. Казните имаат изразена превентивна улога и претставуваат ефикасен механизам за одвраќање од идни повреди на пазарните правила“, велат од Комисијата.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат со активен надзор и доследна примена на законските овластувања, со цел обезбедување фер и транспарентни пазарни услови, еднаков третман на економските оператори и ефективна заштита на конкуренцијата и интересите на потрошувачите.
Економија
Македонија2025 објави повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници
Македонија2025 објавува повик за апликации од македонски компании за Битов – Програмата за претприемачи.
Битов – Програмата за претприемачи е основана во соработка со Catalyste+ (поранешна CESO – Canadian Executive Service Organization). Catalyste+ е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор односно бизниси кои ќе просперираат на национално и меѓународно ниво.
Македонија2025 има заедничка мисија со Catalyste+ да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании и ја спроведува оваа програма во Македонија од 2018 година. Досега, преку оваа програма се поддржани над 30 македонски компании. Советниците на Catalyste+, кои се професионалци со богати професионални кариери, ќе ја донесат својата експертиза директно во Македонија, и ќе работат на конкретни предизвици со кои се соочуваат македонските компании, согласно нивните барања и потреби.
Македонија2025 целосно ја покрива тарифата за советникот, како и доаѓањето до Македонија. Компаниите имаат обврска да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот (доколку е потребно).
Кој може да се пријави?
Програмата е наменета за микро, мали и средни компании* кои ги исполнуваат следните услови:
· Минимум една година од постоење на компанијата;
· Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител;
· Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на консултантот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик;
· Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата;
· Во добра финансиска состојба (има можност за спроведување на промените и препораките од консултантот);
· Ги исполнуваат критериумите за микро, мали и средни компании.
По можност да работат во следните дејности: туризам и угостителство, финансии, агро-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, прехранбена индустрија итн.
*Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и нудат иновативни решенија.
Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација ќе ги најдете ТУКА.
За искуствата, и придобивките на компаниите кои учествувале во програмата погледнете ТУКА.
Краен рок за пријавување: 15.03.2026 год.

