Контакт

Економија

Шалтерите на УЈП отворени до 20.00 часот

Објавено пред

Шалтерите во подрачните единици на Управата за јавни приходи (УЈП) деновиве ќе работа со продолжено работно време, до 20.00 часот, поради очекуваната масовност во поднесувањето на Годишните даночни пријави.

Шалтерите во подрачните единици на Управата за јавни приходи (УЈП) деновиве ќе работа со продолжено работно време, до 20.00 часот, поради очекуваната масовност во поднесувањето на Годишните даночни пријави.Продолженото работно време, од 08.30 до 20.00 часот, се воведува од понеделник до четврток, кога истекува последниот рок за поднесување на даночните пријави.УЈП на овој начин сака да им излезе во пресрет на околу 120.000 граѓани, кои според проценките на оваа институција, се уште не поднеле даночна пријава.Според информациите на УЈП, поднесени се над 75.000 даночни пријави, а се очекува таа бројка до 15 март да достигне 200.000. Од УЈП потсетуваат дека Годишна даночна пријава поднесува секој граѓанин, кој во 2011 година, покрај плата или пензија остварило и дополнителен приход од кирија, авторски права, дивиденди, продажба на хартии од вредност, работно е ангажиранo во амбасада, игри на среќа, лични примања од странство  и слично. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

НБРМ: Поставеноста на монетарната политика соодветна на макроекономските услови

Објавено пред

На вчера одржната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика, информираат од НБРМ.

Појаснуваат дека на седницата било одлучено основната каматна стапка да остане непроменета, на нивото од 1,25 %, со што монетарната политика и натаму има релаксиран карактер.

„Со оглед на веќе извршеното олабавување во март 2021 година, додека сѐ уште постојат неизвесноста и ризиците поврзани со пандемијата, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, кое беше оценето како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Досегашното намалување на основната каматна стапка, како и позначителното намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата“, стои во писменото известување. На седницата било потврдено дека вкупната ликвидност ослободена преку основниот инструмент на Народната банка од почетокот на пандемијата е соодветна, при што било одлучено на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.

„Според последните расположливи макроекономски показатели за економската активност, домашниот бруто-производ во првиот квартал од 2021 година забележа реален пад од 1,9 % на годишна основа во услови на трет бран на Ковид-19, што негативно влијаеше врз динамиката на економското закрепнување. Ваквата динамика на економската активност во првото тримесечје беше очекувана во рамките на априлскиот циклус проекции. Тековно расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од 2021 година се ограничени за поцелосно согледување на состојбите, но упатуваат на позитивни сигнали во согласност со стабилизирањето на третиот бран од пандемијата и почнатата имунизација во земјата. Воедно, податоците за април покажуваат значително забрзување на реалниот годишен раст на прометот во вкупната трговија и индустриското производство, во поголем дел поради ниската споредбена основа, што е поврзано со строгите мерки воведени за спречување ширење на Ковид-19 во овој период од минатата година“, велат од Народната банка.

Во однос на инфлациските движења, според информации од оваа институција, годишниот раст на цените во периодот април – мај 2021 година изнесувал 2,9 % и е во согласност со очекувањата според априлските проекции на Народната банка. Во однос на очекуваните движења на увозните цени, последните ревизии се во нагорна насока. Неизвесноста во однос на движењето на светските цени на примарните производи во следниот период е особено нагласена во согласност со неизвесните економски ефекти поврзани со пандемијата и изгледите за справување со неа.

Девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво и во сигурната зона, а на крајот на мај 2021 година бележат зголемување во однос на состојбата на крајот на првиот квартал. Во однос на расположливите податоци од надворешниот сектор за второто тримесечје од 2021 година, податоците за април покажуваат проширување на трговскиот дефицит, кој е нешто повисок од очекуваниот за вториот квартал од годината, но периодот на оцена е премногу кус за донесување посигурни заклучоци. Воедно, во согласност со последните податоци за менувачкото работење, остварените нето-приливи се малку повисоки од очекуваните за вториот квартал од 2021 година. Остварувањата кај билансот на плаќања за првиот квартал од 2021 година се во согласност со очекувањата според априлската проекција.

Во рамките на монетарниот сектор, во согласност со првичните податоци за мај, продолжува годишниот раст на депозитите и кредитите, со нешто побрза динамика во однос на априлската проекција.

Општо земено, на седницата на Комитетот било заклучено дека движењата кај основните макроекономски параметри се во рамките на очекувањата. Неизвесноста и ризиците од пандемијата предизвикана од Ковид-19 и понатаму постојат. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици заради соодветна реакција, доколку е потребно, известуваат од НБРМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Објавено пред

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање потврда-ваучер за користење средства за организиран одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари.

Јавниот повик беше објавен на 8 јуни и со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавувањето на јавниот повик, во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации, информираат од оваа институција.

Појаснуваат дека оваа мерка е во рамките на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за тие да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Република Северна Македонија, кои претходно се пријавени во Министерство за економија.

Според јавниот повик, оваа година за реализација на оваа мерка се предвидени 15 милиони денари за вкупно 1.250 ваучери.

Прикажи повеќе...

Економија

„Икеа“ во Франција казнета со милион евра за шпионирање на вработените

Објавено пред

Француски суд ѝ наложи на „Икеа“ да плати еден милион евра за шпионирање на своите вработени во таа земја, откако водечкиот светски ланец за мебел беше прогласен за виновен за нелегално собирање и чување на податоци за вработените.

Француска подружница на шведскиот производител на мебел е обвинета за „демнење“ на работниците и нарушување на нивната приватност во текот на повеќе години што вклучувало прегледување на состојбата на нивните банкарски сметки и понекогаш ангажирање лажни работници за да ги шпионираат вработените.

Обвинителството побара казна од два милиони евра.

„’Икеа ритејл’ – Франција остро ја осудува оваа пракса, се извинува и спроведува сериозен план за акција за да спречи вакво нешто да се повтори“, се вели во соопштението на компанијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет2 часа

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион2 часа

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија3 часа

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет4 часа

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Економија4 часа

Денеска се затвора јавниот повик за ваучери за одмор на работници со ниски приходи

Министерството за економија ги известува граѓаните дека заклучно со денешниот ден, 16 јуни (среда), се затвора јавниот повик за издавање...

Свет4 часа

(Видео) Израел бомбардира позиции на Хамас, прекршено примирјето во Појасот Газа

Израел синоќа ги бомбардира позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции. Израелската страна...

Топ19 часа

Пронајдени 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Полицијата пронајде 1.243 стебла марихуана во близина на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите на МВР, приведени се две...

Македонија21 час

28 новозаразени од коронавирус, нема починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на...

Македонија23 часа

Актерката Силвија Стојановска доби три и пол години затвор поради учество во шверц на кокаин

Затворска казна од 3,6 години доби актерката Силвија Стојановска за транспортот на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Нејзиниот...

Македонија1 ден

Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“...

Свет1 ден

„Политико“: Има пет работи поради кои Бајден ја сака Европа, една од нив е Балканот

Малкумина американски претседатели стапиле на таа функција со толку многу поминати километри во меѓународни патувања како што е Бајден, пишува...

Македонија1 ден

Вчера се аплицирани 4.840 вакцини, прва доза примиле 3.222 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 259.935 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.222 граѓани,...

Македонија1 ден

Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми влијае за некој предмет

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, тврди дека врз неа не може да влијае ниту еден политичар ниту, пак, да...

Свет1 ден

Израел ги укина маските во затворено

Министерството за здравство на Израел објави дека од денеска веќе не важи обврската за носење заштитни маски во затворен простор....

Македонија1 ден

Владата ќе одлучува за укинување на полицискиот час

На седница што ќе почне денеска во 13 часот, според соопштение од владините служби, на дневен ред пред министрите за...

Свет1 ден

СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени од коронавирус во последните седум недели

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, рече дека има пад на новозаразени од коронавирус во последните...

Свет1 ден

Бајден вети дека ќе му ја каже црвената линија на Путин

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, вчера во Брисел вети дека ќе му каже на својот руски колега Владимир Путин каде е...

Свет1 ден

Кина возврати на обвинувањата на НАТО: Кажувате невистини, ние сме мирољубиви

Кинеската мисија во Европската Унија денеска ја осуди процената на НАТО од вчерашниот самит дека Кина претставува „системски предизвик“. Водачите...

Македонија2 дена

Заев од НАТО Самитот 2021: Трансатлантското семејство е силно како никогаш порано

Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерите на земјите членки на НАТО, учествуваше во централниот работен дел на годинешниот Самит на...

Досие