Економија
На Волстрит претпазливост пред седницата на Фед
Во понеделникот на Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа во претпазливото тргување пред седницата на челниците на американската централна банак Fed.
Во понеделникот на Волстрит, индексите Dow Jones и S&P 500 благо пораснаа во претпазливото тргување пред седницата на челниците на американската централна банак Fed.Индексот Dow Jones зајакна за 0,29 отсто на 12.592 поени, индексот S&P 500 за само 0,02 проценти на 1.371 поени, додека индексот Nasdaq, пак, ослаби за 0,16 отсто на 2.983 отсто. Цените на акциите со седмици нананзад полек но сигурно растат, поддржани од засилената американска економија. Меѓутоа забавува растот на другите најголеми економии во светот.Во понеделникот инвеститорите беа расколебани од податоците за послабиот од очекуваниот раст на кинескиот извоз и увоз, што е меѓудругото последица од рецесијата во еврозоната.Имајќи ги предвид отежнатите деловни услови во светот, најважното прашање на пазарите е дали има основа за натамошен раст на цените на акциите.Од другa страна, пак, поевтинија акциите во рударскиот и во енергетскиот сектор, поради намалувањето на цените на суровините и на нафтата.Под притисок беше и банакрскиот сектор, па така индексот KBW од овој сектор ослаби за 0,7 отсто.Инвеститорите се претпазливи во очекување на седницата на раководството на американската централна банка Fed, којашто треба да се одржи подоцна во вторникот. Тие се надеваат на сигнализирање за натамошно олабавување на монетарната политика. Меѓутоа, се поставува прашањето дали централната банка на САД ќе се реши на таков потег, имајќи го предвид стабилниот раст на американското стопанство. Дека инвеститорите се многу претпазливи покажува и слабиот обем на тргување. Така, на Волстрит, Американ сток ексџејнџ и Насдак берзите, сопствениците ги замениле само 5,15 милијарди акции, додека просечниот дневен обем годинава изнесува околу 6,9 милијарди акции./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

