Контакт

Економија

Најскапата монета во светот изложена во Националниот музеј во Прага

Објавено пред

Најскапата монета во светот е изложена два дена во Националниот музеј во Прага, јавува Чешкото радио.

Најскапата монета во светот е изложена два дена во Националниот музеј во Прага, јавува Чешкото радио.Изложувањето на овој нумизматички раритет, американската златна монета во апоен од 20 долари позната како Double Eagle издадена во 1933 година, се спроведува во главниот град на Чешка под исклучителни мерки на безбедност. Уникатната монета се чува во посебна витрина-сеф, изработена од непробојно стакло.Најскапата монета на светот Double Eagle, одвреме-навреме се изложува за публиката и понекогаш е продава на аукции. Сегашната вредност на монетата е проценета на осум милиони долари.Раководителот на нумизматичка збирка на Националниот музеј во Прага, Лубош Поланскиј, овој настан го нарече „исклучителен, бидејќи од оваа момета во светот постојат само 13 примероци“.„Прашката колекција на монети, исто така, содржи многу уникатни експонати: древни грчки, римски, келтски и стари чешка монети. Сепак, тие никогаш не биле ставени на аукција, па оттаму невозможно е да се утврди нивната сегашна цена. Историската вредност на овие монети не може да се процени“, вели Поланскиј.Во понеделникот уникатна американска паричка ја виделе 1.800 луѓе. Посетителите на Националниот музеј во Прага ќе можат да го видат Double Eagle само уште во вторникот од 10 до 20 часот, кога можат да ја посетат изложбата бесплатно./крај/рн/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Ковачевски: Историски најниска невработеност, раст на извозот и индустриското производство

Објавено пред

Стапката на невработеност на крајот на првиот квартал од 2021 година падна на историско најниско ниво од 16 отсто, истакна на прес-конференција, Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Како што соопшти, истовремено, стапката на вработеност, втор квартал по ред се зголемува. Од 46,8 отсто на крајот на 2020 година, сега имаме стапка на вработеност од 47,1 отсто.

„Ова значи дека во текот на првите три месеци од 2021 година кога целата светска економија сè уште беше под удар од коронакризата, кај нас се отворија околу 3.500 нови работни места. Платите континуирано растат и во услови на пандемија. Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8 отсто е повисока од истиот месец во 2020 година“, рече Ковачевски.

Тој посочи и дека е регистриран пораст на индустриското производство, кое во април оваа година бележи раст од 46,1 отсто, како и раст на извозот, кој, пак, е зголемен за 40,7 осто.

Ковачевски најавува период на забрзан економски раст кој ќе го стимулира власта преку Интервентниот план за инвестиции со вкупна вредност од околу 8,1 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими-Кундурос: Има голем потенцијал за продлабочување на економската соработка со Грција

Објавено пред

Економската соработка со Грција има голем потенцијал за проширување, што може да биде поддржано и преку потпишување на меѓудржавни договори за заштита на инвестициите и избегнување на двојното оданочување. Ова беше дискутирано на денешната протоколарна средба помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими, и амбасадорот на Грција во земјава, Русос Кундурос.

Од Министерството за финансии соопштуваат дека Македонија и Грција немаат склучено Договор за одбегнување на двојно одданочување, но дека годинава двете земји разменија текстови на модел на договорот и во тек е разгледување на содржината на одредбите на грчкиот договор.

Исто така, велат од МФ, двете земји немаат Договор за поттикнување на заемна заштита на инвестиции. Потпишување на ваков документ, за што има интерес од нашата страна, може да даде поддршка за раст на инвестициите помеѓу двете земји.

Приливот на странски директни инвестиции од Грција во последните 10 години изнесува 130,3 милиони евра (или 4,4% од вкупните СДИ во земјата). Грција е еден од нашите најголеми трговски партнери, но има потенцијал за продлабочување на соработката. Од почетокот на година, односно периодот јануари-април, извозот во Грција изнесува 55,2 милиони евра, што е раст за 7,3% во однос на истиот период лани. Кај увозот е забележан раст од 20,5% од почеток на годината, односно од јануари до април увезена е стока во вредност од 188 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Економија

Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје

Објавено пред

Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Очекувам за 3-4 месеци овде, веќе да се гради. За важноста на овој проект за нашата земја, за граѓаните, за стопанството, за бизнисот е зборувано многупати. Тој е дел од Коридорот 8 и железничкото поврзување на нашите две земји е взаемен влог во европската агенда за поврзување на целиот регион, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија.

Папукчиски искажа благодарност за брзата реакција и изразената подготвеност за продолжување на редовни работни состаноци за изградба на железничката линија Софија-Скопје.

„ Овој проект ќе обезбеди оперативна компатибилност на инфраструктурата, опремата, системите за управување, експлоатација и безбедност, како и поврзување со европските железнички мрежи преку примена на унифицирани стандарди и во согласност со барањата на Трансевропската транспортна мрежа. Во моментов, железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево има вкупна должина од 139 километри. Брзината во делот варира од 70 до 100 километри на час, со одредени ограничувања од 40 до 75 километри на час. По спроведувањето на проектот очекуваме брзината да достигне 130/160 километри на час. Да си посакаме плодна работа и да се потсетиме дека при изградбата на железничките пруги нашите предци знаеја дека градат историја“, рече Папукчиски.

Локвенец и Папукчиски искажаа силни заложби за вложување на професионалните компетенции, желба и одговорност за реализација на железничката линија којашто ја преминува границата меѓу Бугарија и Северна Македонија – тунелот Деве Баир.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт5 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија12 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа12 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ13 часа

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија13 часа

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт13 часа

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија16 часа

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија1 ден

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија1 ден

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт1 ден

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија1 ден

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија1 ден

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија1 ден

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија2 дена

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија2 дена

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт2 дена

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт2 дена

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион2 дена

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија2 дена

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Досие