Економија
ИМФЦ прогнозира умерен раст на светската економија

Меѓународниот монетарен и финансиски комитет (International Monetary and Financial Committee – IMFC), управното тело на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува умерен раст во глобалната економија и бара од развиените земји намалување на домашните дефицити и поодговорна фискална политика.
„Светската економија се опоравува скромно. Од нашиот последен состанок (пред околу шест месеци) беа преземени важни чекори во еврозоната, како на регионално, така и на национално ниво. Економските показатели во САД се подобрија. Пазарите во развој и земјите како целина останаа извор на ресурси за растот на глобалната економија. Но останува уште многу да се направи. Прогнозата за раст останува умерена, и ризикот висок“, се наведува во завршниот документ на раководното тело на Меѓународниот монетарен фонд, донесена по завршувањето на консултациите во рамките на годинешните „пролетни средби“ на ММФ и Светската банка во Вашингтон.
Комитетот забележува дека со цел да се зајакне глобалната економија, се бара преземање конкретни дејствија од страна на сите земји.
„На мноу земји им претстои да ја вратат довербата во нивните финансиски политики, намалување на внатрешните дефицити, како и избегнување на премногу рестриктивната фискална политика. Во сите земји мора да се рализира на среден рок консолидациона стратегија… Критично е важно да се спроведат структурни реформи за зголемување на производството и намалување на невработеноста“, се вели во заклучоците објавени во саботата по состанокот.
Сепак, Комитетот очекува продолжување на силниот економски раст на пазарите во развој, и покрај негативното влијание коешто доаѓа од страна на развиените економии, коишто преживуваат тешкотии.
„Актуелната криза во Европа, променливите цени на нафтата и ресурсите, како и значителните приливи на движењето на капиталот ќе продолжат да претставуваат сериозна закана за пазарите во развој … Клучна одлука за идниот економски раст и стабилност е заедничката соработка, дејствијата што ќе следат (за да се спречи криза) треба да бидат насочени кон отстранување на глобалната економска нерамнотежа“, се дова во документот.
Комитетот, исто така, ја поддржа одлуката на Г-20 за распределба на ММФ 430 милијарди долари како дополнителни средства, за да може поефикаснко да помогне во надминувањето на европската должничка криза.
Следниот состанок на Комитетот ќе се одржи на ткн „есенски средби“ меѓу челниците на Светската банка и на Меѓунардониот моентарен фонд, коишто ќе се одржат во Токио на 12-ти и 13-ти октомври 2012 година./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Премиерот Мицкоски го посети логистичкиот центар на Лидл – инвестиција од 115 милиони евра

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Регионалниот дистрибутивен центар на Лидл Северна Македонија во Речица, Куманово, кој е во завршна фаза на изградба и се очекува да отпочне со работа во пролет 2026 година.
Инвестицијата е вредна 115 милиони евра, ќе овозможи отворање на 230 нови работни места, а во изградбата Лидл соработува со над 75 македонски компании.
Покрај премиерот Мицкоски на настанот присуствуваа и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и заменик министерот Марјан Ристески, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Милена Драгијска, извршна претставничка на Лидл, изрази благодарност за соработката со Владата, во кои, како што рече гледаат големи партнери.
„Овој логистички центар подразбира свежи производи за македонските потрошувачи во секоја продавница, секој ден. Ова е можност и за македонските производители да ги намалат трошоците, односно да ги складираат своите производи овде како централна локација, а дополнително ние располагаме со механизми за контрола на квалитет, бидејќи гарантираме за свежината и за квалитетот на производите“, изјави Драгијска.
Со површина од 170 000 м2 и оперативна површина од 63 000 м2, ова е најголемиот логистички центар во Северна Македонија. Преку иновативната технологија, стандардите на градба, енергетската ефикасност и начин на работа, со логистичкиот центар се поставуваат нови стандарди за логистичка инфраструктура во Северна Македонија.
Лидл е дел од групацијата „Шварц“, со седиште во Некарзулм, Германија, и е еден од водечките трговци на мало со храна во Германија и Европа. Лидл моментално управува со околу 12.600 продавници и повеќе од 230 дистрибутивни и логистички центри во 31 земја и вработува над 382.400 луѓе.
ПР
Економија
Мицкоски: Трговијата во индустријата е зголемена за 13-14 отсто во јули, споредено со истиот месец лани

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека економијата се опоравува и какви се макроекономските показатели во индустријата, изјави:
„Државниот завод за статистика објави параметар вчера, во којшто вели дека трговијата во индустријата е зголемена за 13-14% во јули, споредено со истиот месец претходната година. И тоа е тренд кој што нѐ следи цела година, но она кое што за мене е забележливо, е фактот што таа трговија во индустријата, во делот на размена со странство е дури и повеќе зголемена, отколку трговијата во индустријата дома.
Кога зборувам повеќе надвор, зборувам за повеќе од 15% и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силна, зголемена трговија во индустријата. И тоа е добар показател, бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал. Во првиот квартал имавме 3,2% раст на БДП, во вториот квартал 3,4 иако номиналниот е 7,8. Очекувам во третиот и четвртиот квартал тој раст да продолжи до крајот на годината. Така што ова се сѐ индикатори коишто ние со години наназад, не сме биле ни блиску да ги постигнеме, а камо ли пак да ги коментираме.“
Економија
Дурмиши на „Бизнис Лидер“: Владата и стопанството се партнери во градење на модерна и одржлива економија

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска се обрати како почесен гостин на најголемата бизнис конференција во земјава – „Бизнис Лидер“, која ги обединува најуспешните претприемачи, визионери и компании што ја движат македонската економија напред.
Во своето обраќање, министерот истакна дека оваа конференција претставува симбол на волјата, капацитетот и одговорноста за зајакнување на темелите на економијата и за создавање подобра иднина за граѓаните.
„Нашата визија е јасна – Македонија да стане зелена, дигитална и иновативна економија, со силно претприемништво и со култура на иновации во секоја компанија. Само преку партнерство помеѓу јавниот и приватниот сектор можеме да обезбедиме стабилен раст, нови работни места и подобар животен стандард за сите граѓани“, рече Дурмиши.